Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
да не сакаш ја да барам за да ти докажам дека се мајтапат со тебе?
Плати па ќе барам, капитализам е ова нема ништо за џабе!
Како што вели Бугарката комунистите ја измислија љубовта за да ве *б*ат без да платат!
Ајде доста тропаш глупости за дамнешно време у кое си имал пет годинки.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.302
Поени од реакции
7.434
да не сакаш ја да барам за да ти докажам дека се мајтапат со тебе?
Плати па ќе барам, капитализам е ова нема ништо за џабе!
Како што вели Бугарката комунистите ја измислија љубовта за да ве *б*ат без да платат!

П.С.
тоа со дискетите од Златко-алигатор, беше мое искуство, пренесно овде со најдобри намери, со која цел се мајтапиш со моето искуство, не е точно или што, која цел ја имаш дисквалификација, зошто, што ќе ти е???
Ама Русите понудија федерација со нив и Киро Глигоров предавникот одби, кој не верува нека истражи сам, ова е вистината... Пишуваше во Развигорче и Теа Модерна, кој не верува нека побара :popce:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913

Ех будала, ќе ти плаќам за да докажам неке твое тврдење, кое прашање е дали воопшто се сеќаваш дека е така, при видео во кое има тројца сведоци кои присуствувале на настанот за кој што се зборува.

И после историјата била полна со факти, абе при сведоци кои тврдат едно ти ми кажуваш за некој новинарски текстови прераскажани од трета рака и на крај интерпретирани од твоја страна :pos:
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
Ама Русите понудија федерација со нив и Киро Глигоров предавникот одби, кој не верува нека истражи сам, ова е вистината... Пишуваше во Развигорче и Теа Модерна, кој не верува нека побара :popce:
Така е!
Ама затоа на човек кој рече дека провизорното име под кое е примена Македонија во ОН ќе остане 2-3 месеца ќе му веруваме, затоа што нема во што друго да веруваме, а и немаме со што да размислуваме.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
П.С.
тоа со дискетите од Златко-алигатор, беше мое искуство, пренесно овде со најдобри намери, со која цел се мајтапиш со моето искуство, не е точно или што, која цел ја имаш дисквалификација, зошто, што ќе ти е???
Затоа што тоа твое искуство го пренесуваше од позиција на супериорност, се додека не се појави @jamajka

Така и со текстовите од НИН.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
ќе одговорам само на овој пасус затоа што останатото е само гледање на работите од твој агол и би рекол темелени на медиумска пропаганда, ако има интерес може и за тие работи ама една по една. Се работи за вешто креиран спин од тогашните политички елити и е само уште еден обид за манипулација,
...понудата од европската тројка во 1990 за политички прием на цела Југославија...
е НОТОРНА ЛАГА!
ова го тврди и Кучан во посебно интервју, конфедерална единка во ЕУ (тогаш ЕЕЗ), што за Македонија ќе беше најдобра опција. Меѓутоа според него оваа идеја на Унијата е дојдена предоцна кога веќе немало назад од аспект на национализам зачинет со голем економски криминал од тројцата претседатели.
Но ако е ноторна лага, која е вистината? Зошто и заради што Југославија се распадна во крв од стотици илјади и милиони раселени?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
ова го тврди и Кучан во посебно интервју, конфедерална единка во ЕУ (тогаш ЕЕЗ), што за Македонија ќе беше најдобра опција. Меѓутоа според него оваа идеја на Унијата е дојдена предоцна кога веќе немало назад од аспект на национализам зачинет со голем економски криминал од тројцата претседатели.
Но ако е ноторна лага, која е вистината? Зошто и заради што Југославија се распадна во крв од стотици илјади и милиони раселени?
Роштиљ е крив, знае @Таксист ќе ти објасни убаво ако му купиш ловечка во сендвич ...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
ќе одговорам само на овој пасус затоа што останатото е само гледање на работите од твој агол и би рекол темелени на медиумска пропаганда, ако има интерес може и за тие работи ама една по една.
и уште една работа што ми е чудна во вакви дискусии, по вторпат потенцираш дека сме/сум подложен на медиумски пропаганди. Зарем ти не си? твоите извори на информации не се медиумски пропаганди, зарем сите други живееме во заблуда ради медиумите? Малце чудно.
Ајде да ги видиме архивите на Нин и Данас, можи подобро со факти да збориме.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.007
Од друга страна тие што имаат харизма обично имаат и некоја патологија, во форма на социопатија, нарцисоидност или психопатија.

Искрено мене арни ми се видоја, јас еве и не го поддржував бојкотирам, ама ги поддржувам во идејата за политичка инволвираност со цел да се разбие политичка монотонија со две партии на власт.

Мора да се смени структурата на власта со нови луѓе.
Види, џабе ти се најдобрите намери, ако кога ќе излезеш со некој Васко Ефтов од алиекспрес, ќе се препотуеш на секое прашање.

Харизмата и те како е потребна. Иначе Петар го знам од браншата. Беше главен девелопер на far cry во crytech, беше славен во својата бранша, можеше да оди кај сака одтаму, но тој одлучи да се врати во Битола и да прави бизнис во Македонија. Иначе е внук на Ѓорѓи Котевски... Единтвениот од ДПМНЕ кој тогаш можеше да ја урне подршката на партијата на рамковниот договор и кој мистериозно загина во сообраќајка на Плетвар, непосредно после вториот експлицитен говор во Собраниетона РМ, во кој горе доле ја предвиде денешната ситуација.

Со ставовивите е многу блиску до тебе. Само некои нијанси ве делат.

И што дека е патриот? Мислиш дека има капацитет да понесе маса луѓе? Колку и да неќеме мора да сватиме дека политиката е манипулација, маркетинг.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
И што дека е патриот? Мислиш дека има капацитет да понесе маса луѓе? Колку и да неќеме мора да сватиме дека политиката е манипулација, маркетинг.
Абе зошто ни е интелегенција ако треба да се помириме со тоа.

Во моментов има барем 25% на гласачи, и тоа и кај Македонците и кај Албанците кои мислат со своја глава, плус постоечкиве политичари се со најнизок рејтинг и најмала доверба кај неопределените, така да има можност да пенетрира некоја поздрава линија во нашава политика.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
ова го тврди и Кучан во посебно интервју, конфедерална единка во ЕУ (тогаш ЕЕЗ), што за Македонија ќе беше најдобра опција. Меѓутоа според него оваа идеја на Унијата е дојдена предоцна кога веќе немало назад од аспект на национализам зачинет со голем економски криминал од тројцата претседатели.
Но ако е ноторна лага, која е вистината? Зошто и заради што Југославија се распадна во крв од стотици илјади и милиони раселени?
да повторам
официјален предлог(пишан документ) за прием во од ЕЕЗ до ЕхЈУ немаше!
сите овие говорат дека се разговарало на ваков состанок на таков но официјален предлог (пишан документ) немаше...
Се говори дека на разговори кои биле водени кон крајот на мај 1991г. имало такво нешто (каде се запизниците? или исто како и изборот на Талат!) а претходно Словенија во 1990г имаше референдум за незавсинсот а Хрватска во март 1991г ми се чини...
На разговори може да е речено се, јас велам дека не постои официелен предлог (пишан документ) и дека од разговорите кои се водени со ЕЕЗ единствено официелно е тоа што е објавено во тогашните спомнати неделници.

за болдот
Според ... до нејзино растурање дојде заради нејзината улога во движењето на невразаните (овде се исклучуваат внатрешните фактори, ... групите кои сакаа да приграбат општествен имот што подоцна се покажа единствена нивна цел), пред се мислам и говорам од геополитички аспекти зошто центрите на моќ донесоа одлука за нејзино растурање. Движењето подоцна ја изгуби својата моќ, а земјите станаа плен на западот!

Затоа што тоа твое искуство го пренесуваше од позиција на супериорност, се додека не се појави @jamajka
Што тоа твојата @jamajka оспори, може да посочиш?
Освен што напиша дека „лажам“ по што прекинав да полемизирам со него, со што и кој аргумент покажа дека лажам, со истите техники се служиш и ти.
И ти не побара доказ туку со адхоминем и навредување само провоцираш и потикнуваш тензија, зошто не побара доказ како @Lurtz ? (на ваков пристап како неговиот е греота да не побарам, затоа ќе одвојам време)
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.007
Абе зошто ни е интелегенција ако треба да се помириме со тоа.

Во моментов има барем 25% на гласачи, и тоа и кај Македонците и кај Албанците кои мислат со своја глава, плус постоечкиве политичари се со најнизок рејтинг и најмала доверба кај неопределените, така да има можност да пенетрира некоја поздрава линија во нашава политика.
Тоа е нормална ситуација во период во кој нема избори.

Во моментот кога ќе дојдат изборите, работи маркетингот. Ќе му најдат слики на Петар со Грујо, ќе му најдат некои грантови.. и толку од неговиот ангажман. Мислиш дека ќе има моќ да се бори против тоа? Јас и ти можеби знаеме, но некој рандом човек кој кубури со 300 евра 4 члено семејство, нема да му е баш мило дека петар има 6 цифрен месечен приход. Не поимуваат нашите што е поштена заработка.

И башка линија на отпор за нова политичка структура ќе има и во ДПМНЕ, они ќе пробаат прво да ја асимилираат, ако не успеат ќе ја дезинтегрираат со делби, па на крај еден дел ќе криминализираат. Како што уствари се случи со сите трети опции, кои не беа спин. А на крајот на краиштата, дури и да успее да издоминира, ќе и се случи дпмне-изација .. Слично како Ципрас со левицата во Грција или Брегзит со конзервативците во Британија...

Ти може ме зезаш, но единствен начин Македонија да се тргне од двоецот на власта, кој уствари е иста политичка структура, е да се направи ресет на системот. Тоа е можно на два начина, првиот е да се накитат канделабрите, а вториот е да создаде македонска хагана која делува конспиративно и полулегално. Моја претпоставка е дека првиот начин нема да се случи, а дека обиди за вториот начин ќе има тек откако ќе престане да постои оваа држава, а со тоа и илузиите дека Македонците имаат држава.
 
Со првиот дел што не го квотирам се согласувам и нема што да кажам така е, се надевам дека постојнава ситуација може да изроди нешто ново.

За овај дел со ресет на системот, тоа е многу ризична работа и многу луѓе ќе страдаат, и тоа не мислам на овие со кој што сакаш да ги китиш канделабрите, туку обичниот човек кој кубури со 300 евра плата.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Недосуден офсајд предизвика инцидент на фудбалски натпревар во третата лига во Дебарца

Вчера неколку лица биле приведени за време на фудбалски натпревар во третата лига во село Волино, општина Дебарца. Полицијата интервенирала откако група навивачи на домашниот тим влегле во теренот незадоволни од една судиска одлука, па неколку лица биле приведени.
Жителите од селото поставиле блокади во обид да не дозволат навивачите да бидат приведени во полициската станица во Охрид. Полицијата успеала да ги извади приведените шест лица од селото, а незадоволни соселани се упатиле кон СВР Охрид.

Охридската полиција информира дека не станува збор за сериозен инцидент.

Дуелот меѓу Волино и Црно Буки бил одигран во Дебарца во рамките на третата македонска фудбалска лига, а мечот завршил со победа на Волино од 1-0.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.007
Што тоа твојата @jamajka оспори, може да посочиш?
Освен што напиша дека „лажам“ по што прекинав да полемизирам со него, со што и кој аргумент покажа дека лажам, со истите техники се служиш и ти.
Ангажманот на Златко во МВР, после смртта на Мијалков, од моментот на селењето на ЈНА (почеток на 1992) до неговото пензионирање е на Солунска Глава. Јас таму служев војска(на Солунска глава има еден објект за војска еден за полиција) и поминав со него 4.5 месеци, а пошто се зближивме останав во контакт со него. Овие информации се општо познати во МВР и секој повозрасен човек кој работел во МВР го знае ова. Човекот беше ВМРО-овец и тоа јавно го кажуваше, и нема никаква шанса да му бил телохранител на Глигоров, тој кој го познава лично Алигаторот, тоа би требало да го знае.

Исто така тој кој го познава Алигаторот, би треабало да знае дека никогаш не му бил телохранител на Арафат. И дека ја обучувал личната гарда на Гадафи во седумдесетите години. Кажуваше дека има докази за атентат... Но мислеше на атентатот на Мијалков во Србија. Можеби и имал некакви докази за атентатот на Глигоров, не викам не. Но фикцијата што ја направи околу него, прави да се посомневам дека воопшто го знаеш Алигатрот.

А ти што престана да дебатираш со мене одкако беше фатен во лага е твој проблем. Има многу полесен начин да си го кажеш мислењето, па дури и сомнежите... А тоа е да ја збориш вистината. Можеби твоите намери се најдобри, но исто ко да си ги фрлил на буниште, заедно со напорите на еден куп луѓе. Со оглед на тоа кога си зачленет тука, интензитетот на твојот ангажман и како 2 пати те фативме како измислуваш приказни(може си ги слушнал, не си ги измислил), еднаш за Бранко, и еднаш за Алигаторот. Можам да заклучам дека твојата улога е попут онаа на Бачев, свесно или несвесно да го дискредитира отпорот кон оваа власт со лаги и глупости.

Затоа ако имаш добри, чесни и искрени намери, престани да тропаш зелени и да измислуваш приказни. На форумов нема само деца, а Македонија е многу мала.
Автоматски споено мислење:

Со првиот дел што не го квотирам се согласувам и нема што да кажам така е, се надевам дека постојнава ситуација може да изроди нешто ново.

За овај дел со ресет на системот, тоа е многу ризична работа и многу луѓе ќе страдаат, и тоа не мислам на овие со кој што сакаш да ги китиш канделабрите, туку обичниот човек кој кубури со 300 евра плата.
Мене јасно ми е тоа. Јас не кажувам што посакувам. Туку што треба да се случи за ресет. А искрено не мислам дека ќе се случи...Најголемата манипулација што се деси е 27 Април. ДПМНЕ со тој настан го легализира све ова што се случи во наредниот период.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom