Кога се отвораше уставот за уставни промени (за промена на името), тоа се направи со гласање ЗА на 80 пратеници. Се водеа полемики дали 2/3 мнозинство се 80 или 81 пратеник. Дури сезнајната Најчевска ја нарекуваше Каракамишева со погрдни зборови дека тврдела дека треба 81. Еве што пишува во учебник за прва година средно образование, „Основи на правото“:
Еве доказ дали 80 или 81 е двотретинско мнозинство!?
Според учебникот, 81 е.
Се сеќавам, Претседателот на Собранието (незаконски избран и вршител на оваа функција) Талат Џафери, објаснуваше на ТВ дебата дека 81 глас бил потребен за 2/3-мнозинство кога Собранието броело 123 пратеници (120+3 од дијаспората), а сега, со 120 пратеници, требало 80 гласа ЗА.
Ајде математика:
2/3 од 123 пратеници се 82 (123 / 3 = 41, 41 * 2 = 82). Значи, при 123 пратеници, 2/3 се 82, не 81. Ух...
Ех Таљат математичару златен. Кој се е политичар на висока функција. Без мозок.
Има сериозни индиции дека при гласањето за отпочнување на уставните промени, тоа е сторено со недоволен број на гласови ЗА. Односно, пак незаконски.