Не знам дали е тролање, оти е нов член, не е ни битно. Битно ми беше да го искористам напишаното и да потенцирам дека огромен број гласачи гласаа оти имаа вакви идентични ставови. Не е смешно, туку е наивно и трагично, оти се работи за неинформираност. Во информациско доба ние веројатно сме најнеинформираниот народ во светот. Тоа не е резултат на непристапноста кон алатките за информирање, туку е повеќе резултат на нискиот степен на образование. Необразовани и прости маси се лесно подложни на манипулации од ваков вид.
Погорниот пост е грубо напишана програмата на Сдс во кратки црти, суштината. Тоа е нивниот план за живот. Звучи смешно и трагично? Епа таква иднина не чека, блескава! Што вели мајсторот за епитети, Г-нот З. Заев од Муртино.
Сега да му речеш на некој ваков, опиен од изборната победа, дека истата е извојувана преку изборен инженеринг, притисоци, закани и уцени, дека се работи за пирова победа која што дојде по висока цена, платена со правата на обичниот македонец...ќе следи одговор од типот:
- Па во времето на Грујо да не беше поарно?
Оди троши време и здив со вакви особи. А само такви останаа, создадоа општество по нивни терк и ја уништија државата.