Џемовци на чело со Аљи веројатно спремаат терен за добра изнуда да направат на власта со вака полуиспорачани гласачки континегенти, потполно се свесни дека освен на картите за национализам и клиентелизам друго и неможат да понудат на своите поддржувачи, кои искрено и не знам дали и воопшто се заинтересирани за нешто друго
Во меѓувреме Река превенираше гласовите од Сеља и Касами сега да одат на контото на манџурискиот кандидат и со тоа да ги намалат шансите за победа во прв круг(иако може тие шанси беа занемарливи), не знам реално колку добра аналитика имаат партииве покрај толку лажни анкети пласирање.
Во прв круг очигледно е дека во предоминантно македонски средини Пендаровски губи или е реми, шо покрај централна и локална власт во рацете на партијата која го поддржува е еднакво на пораз за една наша шерифска демократија.
Мислам дека сите победи на оваа власт се пирови, тоа посебно ќе дојде до израз сега на вториот круг со пазарењето за поддршката од џемовци, кога повторно под мотото: ideme napret, nisto strasno i vmro ke dadese isto ќе има нешто интересно макс 6 месеци по изборот на уште едно цвеќе во саксија. Овојпат веројатно сардела.
Во секој случај кај нас е емпириски докажано дека ако некоја партија има централна и локална власт мајче ќе расплачи, така да ако добијат и прецедник може да биде само полошо во една ваква шерифската демократија, е сеа алтернативата на сево ова е истото тоа ЖМРО шо го слушавме во bonbite, и тоа нема ни естетски промени, особено на локален план, така да вришти понудата
Згора на сево ова е фактот шо после 11г во опозиција, овие сеа шо се на власт, настрана колаборационистичката надворешна политика, на внатрешен план било централна или локална власт се понашаат како благо речено недоветни...