Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
МАКЕДОНИЈА ПОД ЗАКАНА ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ИСИС

„ЈСП Скопје од вчера е во координација со МВР ги презеде сите неопходни мерки за претпазливост и зголемена безбедност во одвивањето на јавниот превоз. Возачите и контролорите постапуваат соодветно, согласно мерките за зголемена безбедност во вакви ситуации, истото се однесува и на ноќните служби ангажирани на ноќните линии, соопшти ЈСП.

Зголемена безбедност е подигната и во двете бази, односно гаражи на ЈСП (Автокоманда и Ѓорче Петров). Полицијата извршила претреси на неколку локации низ државата при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можен напад на терористичката организација ИСИС.




Мета биле автобуси ???
Онака чисто параноично прашање, дали сообраќајката во Ласкарци е терористички акт ?
На севе е заговор за да принудно не вакцинираат за морбили. А у вакцините за морбилите има чипови за да следат и да станеме геј.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.595
Ѓорчев имаше многу повеќе шанси реално.. Има некоја харизма, а и доста се експонира последниве години, активен е на политичката сцена.
Тотален промашај, очекував Влатко да биде.
Ако треба и ѓаволот или апстиненција, СДС никогаш у живот, како и досега.
Никогаш не сум рачунал дека работат во корист на народот и државата.
 
Член од
30 јануари 2019
Мислења
82
Поени од реакции
107
Нема здрав човек во државата ( од политичкиот свет ).
Не ми се верува само како ВМРО им го чисти теренот на СДСМ за нова победа ....
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Тоа е тоа што јас го дробам овде на форумов со години дека и двете најголеми политички партии кои нè владеат 3 декади и СДС и ДПМНЕ имаат и користат потполно исти средства за замајување и лажење на народот, секако кога тоа е најпотребно ... деновиве и официјално Преспанскиот договор стапи на сила и почна да се спроведува, почна промена на табли на некои институции и на некои гранични премини кои нели треба да се заменат со табли на кои ќе стои новото име на државава плус напишано и на Албански јазик како втор официјален јазик на целата територија и одма почнаа медиумиве да јадат гоВна за некакви си нови УЧКи, ИСИЛовци, џихадисти, муџахедини, вахабисти, салафисти, талибанци, исламисти, спремање терористички напади низ Скопјево блаблаблабла и си викам добро бре маме му је*ем зарем е можно и овие новиве властодрсци од СДС да бидат толку многу слични/исти кретени како онаа сектана ДПМНЕ која претходно нè владееше 11 години ... барем овие сегашниве да беа троа 1 посто поарни, но не исто лајно биле само во поинаков целофан завиткани !
Пред некоја година кога почнаа бомбите на Заев да ја тресат тогашната власт одма почнаа народот да го плашат со некакво си спремање терористички напади, сега таман почнаа да се вадат таблите на граничните премини и институциите и официјално се започна со спроведувањето на договорите со Грција, Бугарија, како и имплементација на двојазичноста и пак терористите затропаа на врата ... какви се тие фантомски имагинарни терористи кои по потреба нè напаѓаат и потоа магично исчезнуваат се до некое повторно нивно имагинарно активирање од било која и да е власт ... :tapp::facepalm:
Работава е што од потпишувањето на Рамковниот договор па до сега ние живееме под константна закана од терористички напад. Смилковско езеро беше класичен таков пример, само што тогаш терминот тероризам беше заменет со "поприкладни" термини, затоа што овие термини после потпишувањето на рамковниот се замени со термините "борци за човекови права". Затоа и толку ретко се користат, затоа што се поврзуваат со една заедница со која што моментално "градиме соживот" и форсираме "ено ошество за сите"

Сега терминот "тероризам" е употребен во друга конотација, му се дава глобален белег, како девијација присутна во целиот свет. Значи не се поврзува по етничка или религиска линија, туку се претставува како појава која е чисто идеолошка и не е водена од етничката омраза во државава. Оти е глупо ИСИЛ да организира терористички напади во вукојебина како нашава, за која ама баш никој во светот не се потресува, во регион за кој што мнозинството од светот смета дека е нормална појава да се случуваат такви работи. Балканот се уште се поврзува со војни и поделби во перцепцијата на оние кои што воопшто слушнале за ова подрачје. Што значи, ИСИЛ организира напади во подрачја каде што е несвојствено да се случат, каде што ќе го свртат вниманието на светот. Затоа такви напади се случија во држави како Франција. Нив да му беше до држави како нашата, до сега можеа сто пати да направат терористички напади, кога ќе се земе во обзир колку нашата внатрешна одбрана и разузнавање се неефикасни.

Вакви акции полицијата може да организира во секое време. Јас верувам дека во Арачиново и тенк ќе пронајдат во нечиј подрум. Јас не ја ставам под знак прашалник опасноста од тероризам во државава, туку спорам околу причината за таквиот тероризам. Медиумите кај нас ја изедначуваат моменталната вест со она што се случува во развиениот свет и тероризмот како проблем во нивите општества. Кај нас проблемот е од друга димензија за која што сите знаеме а медиумите ја пренесуваат поинаку, и даваат друга нота и избегнуваат терминот тероризам да го поврзат со етничката заедница за која што е општо познато дека произведува такви проблеми и го користи методот на терористичко делување за цели различни од оние за кои што медиумите во моментов создаваат слика во јавноста.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.444
Реално и немаа некој асален кандидат. Оваа Силјановска, Филип Петровски? Све е тоа ситна боранија. Можеби ќе пројдеа подобро со Ѓорчев затоа што позната фаца, ама со оваа женава тешко.
Уште кога си замина Груевски од Вмро мислев дека Никола Поповски ќе ја превземе партијата, а и сега мислев дека барем ќе се кандидира за претседател ама изгледа чоекот кренал раце од оваа држава не сака да се замара.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Реално и немаа некој асален кандидат. Оваа Силјановска, Филип Петровски? Све е тоа ситна боранија. Можеби ќе пројдеа подобро со Ѓорчев затоа што позната фаца, ама со оваа женава тешко.
Уште кога си замина Груевски од Вмро мислев дека Никола Поповски ќе ја превземе партијата, а и сега мислев дека барем ќе се кандидира за претседател ама изгледа чоекот кренал раце од оваа држава не сака да се замара.
Tочно дека крена раце, живее у Брисел и е еден од најспособнитена политичката сцена што се имаат појавено
 
Член од
30 јануари 2019
Мислења
82
Поени од реакции
107
Tочно дека крена раце, живее у Брисел и е еден од најспособнитена политичката сцена што се имаат појавено
Голема фаца нема што. Потполна политичка фигура. Мислам дека намерно го тргнаа на страна.....
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Се поделиле на две крила. Едното со Савевски на чело и останатите марксисти му замерале на Апасиев дека внел национализам и сталинизам во партијата и сега биле среќни ќе се очистела партијата од (македонски) национализам пошто имало многу Албанци членови и сакале да се вратат на изворни анационални левичарски принципи. Колозова е нормално од страна на колегата Савевски.

Апасиев тврди контра, дека другото крило ја узурпирало партијата и сега ќе се прочистеле од елементи што ја кочеле партијата да напредува.

Двете страни тврдат дека се вистинска Левица а другите узурпатори, со тоа што Апасиев го имал печатот а другиве ФБ страната и веб страната, каша попара станало.

Од мој аспект најнеперспективните членови останаа кај Савевски ама тоа е само моја проценка, не ги познавам лично ама од изјави на ФБ профили поим немаат од политика или правење партија.

Мислам дека анационалното левичарство во Македонија нема никаква иднина ама они си знаат.
@Botko :D
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.525
Поени од реакции
1.963
Од сите,најреален и најсериозен говор и преставување покажа Филип Петровски,пред сите овци од делегатите,им кажа реално во очи .....Знам дека не е идеален,но ни требаше таков агресивен кандидат за претседател .......Овааа Силјаноска е пацифична и од Јапонците ....И да стане претседател,нема сила за кинење на сите договори на СДС .....
Мометално со ситуацијава,дечки,потребен беше агресивен кандидат и националист како Филип Петровски .....Од сите,тој беше најсоодветен со ситуацијата во државата ..... Го следам последниве години,знан дека со партии и он шантра,ама држи националистички принцип спрема Албанците,Грците,Бугарите,држи исти мисли постојано,одеше и лично дома кај 8те ех/куртони пратеници на Вмро ....за да сменат став,важно да кажам,директен е и агресивен е во ставовите ....Не ни треба ебан пацифист како Гордана сега,ќе биде бетер .....
Хипотетички, Филип ако победи ќе сруши светски рекорд во најкратко владеење. Импичмент не му бега за недела дена од инагуриацијата. Се тоа што го зборува e ок, но со оглед на ситуацијата е далеку од real politik.[DOUBLEPOST=1550375225][/DOUBLEPOST]Неколку дена по нетот го барав ултиматумот наречен „грчки црвени линии“. И конечно налетав на редок линк, каде што потполно се прикажани во 8 точки. Потврдени во почеток на владеење на владата на Папандреу 2009 г. во екот на финансиската криза, а поткрепени од сите тогашни пет парламентарни партии, со исклучок на неколку пратеници на Сириза кои не нарекуваа јавно под уставното име Република Македонија, и евентуално на тогашната партија ЛАОС (не се сеќавам на нивниот став). На чело на тогашната коалција Сириза беше Алекос Алаванос.

Максималистички ставови на Грција во однос на разликите за спорот околу името на Македонија. За разлика од имиџот на новата влада и премиер, кој остава впечаток на попрагматичен политичар, ставовите на официјална Атина се видливо поригидни.

На последните одвоени средби на преговара- чите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски со медијаторот Метју Нимиц, кои се одржаа пред неколку дена грчкиот преговарач, по налог на заменикот министер за надворешни работи Друцас, а со одобрение на премиерот Јоргос Папандреу, ги изнесол следниве грчки ставови по однос на билатералниот спор околу името:

1. Во поглед на името на земјата Грција не прифаќа ништо друго освен име со географска одредница, која мора да стои пред самиот збор Македонија. Целта е истиот да биде модифициран. Одреденицата не може да стои пред Република, ниту позади зборот Македонија, ниту спакуван во заграда. Предпочита таа одредница да е “Северна” иако би можела да биде и “Горна” или да се размисли за “Нова”.

2. Обемот на употреба на новото официјално име на државата треба да биде за целокупна употреба – ерга омнес – и меѓународна, и билатерлна, и внатрешна во Република Македонија. На сите лични документи: пасоши, лични карти, изводи од матичната книга на родените, венчаници, здравствени книшки, свидетелства, студентски индекси, но и на сите документи кои се дел од внатрешниот правен или трговски промет писма или документи од минстерствата, документите од општините, сообраќајни дозволи, царински формулари, извозни декларации, катастарски дозволи, да биде применето новото име на државата.

3. Во знак на добра волја, Грција би можела да се согласи на употреба на сегашното уставно име само во неформалната комуникација во земјата (на пр.: во медиумите, во уметничкото изразување, во политичките говори, и сл.)

4. За придавката “macedonian” која за Грција е спорна и несоодветна, се бара одвојување на прашањето во три сегменти: придавка што ќе ја определи нацијата, придавка што ќе го определи идентитетот на етникумот и придавка што ќе го определи јазикот. (Северно, горно или ново македонци, и северно, горно или ново македонски јазик, нација етникум).

5. За меѓународната и домашната комерцијална употреба на името или неговиот код, Грција ќе инсистира на конечната Спогодба да се вклучат и прашањето за промена на интернет кодот “МК”, за валутниот код “МКД”, како и за употреба на кодот “МКД”, во трговскиот, спортскиот, сообраќајниот и други видови меѓународен промет. Согласно новото официјално име, Грција ќе бара измена на комерцијалната уптореба на “Made in Macedonia” или “Macedonian product”.

6. За градовите и областите во Грција, бара целосна замена на употребата на македонските топоними со грчки – Едеса наместо Воден, Тесалоники наместо Солун, Флорина наместо Лерин, и нивна целосна примена во учебниците, мапите, официјалните документи, метеролошката прогноза…

7. Грција посакува промена на Уставот на Република Македонија, но нема да инсистира на тоа ако сите наведени позиции можат да бидат опфатени и применети во правниот систем на земјата преку посебни закони и подзаконски акти.

8. Ако Република Македонија сака преку референдум да го прифати конечното решение, Грција нема да се противи на тоа.


Доколу Македонија се сложи со поставените услови, тогаш официјална Атина предлага редоследно да се започне рализацијата на процесот:

1. Нимиц, пред декември, да даде официјална изајва дека двете страни се согласиле ново име за севкупна употреба да биде Република Северна Македонија или Република Горна Македонија.

2. Грција на Европскиот совет нема да ја блокира одлуката за отпочнување на пристапните преговори за членство на земјите во ЕУ.

3. Во јануараи и февруари 2010 г. би се договориле сите посочени прашања во форма на пи- шан договор, а потоа и ќе се донесе резолуцијата на Советот за Безбдност на ОН.

4. Пристапните преговори Грција ќе дозволи да започнат откако ќе се договорат сите елементи кои се предмет на интерес на официјална Атина, а во контекст на спорот.

5. Имплементацијата на целиот пакет од страна на Република Македонија ќе мора да заврши пред почетокот на преговорите со ЕУ.

Видувањето на Нимиц е дека досега не бил во потешка ситуација сите години откако е посредник во спорот и дека не гледа можност за напредок во процесот. Со последните ставови на Грција, позициите на двете страни се оддалечуваат наместо да се приближуваат. Дипломатските кругови, а особено оние кои одблиску го следат процесот, ова го третираат како обид на Грција да избегне конкретни преговори пред Самитот на ЕУ, со цел да си ги подобри позициите за понатаму откако ќе го попречи доделувањето на датумот за почетокот на преговори за Македонија.

http://novvecer.piksel.mk/makedonija/miruvanje-na-pregovorite-do-konechna-sudska-odluka/
10 години подоцна, заклучете сами кој е апсолутен победник, со едногласна судиска одлука во боксерски жаргон кажано. Бојкотот на референдумот, т.е. 8 точка од црвените линии, колку толку не дозволи да бидеме поразени со класичен нокаут!

Се сеќавам како да беше вчера... тогашниот Министер за надворешни Милошоски, неколку пати ја ја повикуваше опозициската СДСМ, заедно да исцртаат македонски црвени линии, на што Бранкова СДС нешто ко демек прифати, но никогаш не седна на маса јасно и гласно и заедно на ТВ пред цела македонска јавност да ги потврди тие црвени линии. Тогаш се раѓаше нова фракција во СДС, на чело со Рада, која се фалеше дека има план како да ја внеси земјата во НАТО за 6 месеци, и црпнатото момче кое изјави „Мора да ја свиткаме кичмата за името“. (25.08.2008)

Вистинскиот референдум за да се спречи ова, беа изборите 2016 г. За жал многу граѓани, им дадоа ветер во грб на овие политики, а самите тие граѓани се сметаа за нешто високо интелегентни. Не се вадете за џабе дека Заев лажел и не се насетувало ништо. Заев ве гледал во очи и ве лажел оти ве гледал како стока која треба да ја пренеси жедна преку океан. Таму најмногу каде што требаше не лажеше, на пример во Берн и во студиото на ТВ21.


За жал и две години подоцна, некои ликови на форумот, кои тогаш Заев го гледаа како месија и спасител од стегите на Груевизмот, денес не паметат како го воспевале. Но паметат која била Силјановска во 90тите, кој бил Мицковски, кој бил Ѓорчев и цело CV негово, кој бил Филип Петровски... :facepalm:
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.499
Поени од реакции
80.578
Одлуката за гласање за претседател е многу лесна, пуштете ги владините телевизии и читнете ги владините медиуми, по кого најмногу ќе плукаат за него да гласате ;)
Ако добиеме претседател од СДС (+ ДУИ ако одат на консензуален), тоа ќе биде уште една катастрофална грешка за државава. Ако мислите дека Силјановска е лош кандидат (а е, ич не ми е по мерак), почекајте до 3 март да видите што дудук ќе одберат овие од Северxhанскава партија налик Шеќеринска, Пајакот или самиот месија Заев. Сум кажал јас, што лошо ќе направи ДПМНЕ, СДС тоа може да го направи уште полошо, доказ се последниве 3 години од нивното владеење во кои успеаа да ги надминат оние 11 од Груки.

Што се однесува до Силјановска, ич не ми е по мерак, али и онака вмровциве не понудија ништо добро од нивниот кадар. Али кога ќе размислиш дека една Америка мораше да бира меѓу Трамп и Клинтон, што остана за нас како Република Северxhан


Али тоа е, неможам да бирам кандидат од партија каде промена на Устав по притисок на друга земја го рекламираат како успех, и каде главен услов за вработување е да ти е Мира Дизел фамилијарна рода.:toe:
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Не е мое да велам, не дека ќе се правам патриот, или не дали навивам за некој…
Апасиев би го гласал, Влатко, не! Дечкото имаше гаф на презентацијата, како што кажа некој предходно шајка нема заковано, т.е политички профитер, ист како Филип Петревски.
Никако, ама баш никако не би ги гласал сдс, по толку лажење, по толку јавно крадење, по таа ароганција, не знам дали ќе се најде некој здраворазумен да ги гласа. Самите треба да се гласаат против и да помогнат на било која македонска опција, или она што го кажуваа за вемерофците, испаѓа дека важи за нив, дека се чиповани и дека не знаат да размислуваат самите.
Гледајте правете, колку ви се јасни работите не знам, но овде чекам да се прекршат работите, дали ќе живееме во третата албанска држава, или ќе го куртулиме она малку достоинство што остана.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom