Да сме реални, ЕУ се користи најмногу за „бегање“ на запад. Не само од страна на бугарските државјани, туку и на останатите слични држави. И ние истото ќе го правиме, само додека ние влеземе таму, можеби ќе нема кој да бега, повеќето ќе избегаат на некој друг начин.
Столицата (главниот град) Софија секако дека станува голем и силен град. Така е во балканските држави. И Скопје во македонски услови е така некако, но МК е помала држава, па и Скопје не може да ги достигне Софија, Белград, Атина, Солун...
Градовите како Варна, Пловдив, Русе, Трново, С. Загора се градови со голема релативно популација и тие имаат капацитет да направат нешто. Но, Перник секогаш ќе е мизерија. Како пример.
Во МК нема град поголем од 50-60,000 жители (сем Скопје). Тие некаде би биле мали гратчиња, а можеби и села и немаат никаква шанса за развивање на економија. Немаат ни луѓе веќе, се си замина. Затоа, во МК, само во Скопје може нешто да се направи, со мали исклучоци.