Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
На тој референдум во 2004 имаше масовна излезност кај албанците?
Хаха па кој шут Албанец би ти излегол да ти гласа на ВМРОвски референдум бе другар хаха па нормално дека ниту еден !
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
што пишуваш глупости АЛОООО, тој мост е долг преку 2км челична конструкција со механизам за пропуштање бродови, го премостува ДУНАВ, ги поврзува Романија со Бугарија, многу важна транзитна линија која треба пари да се одржува, најнормално е мостарина да плаќаш....:facepalm::facepalm::facepalm:Ако не се лажам ЕУ ќе им даде пари на Бугарија и Романија да изградат нов мост со повеќе ленти, а ти пак смеј си се,па уште и лајкови ти ставаат:popce::popce:


...ете јас ќе направам споредба со твојот текст цитирајќи го овој случај, ,, многу важен мост кој ја промостува Црна Река поврзувајќи го Скопје- Велес- Гевгелија и обратно и многу важна балканска ем европска транзитна линија поврзувајќи ја Македонија со Грција т.е. Скопје железници со Солун пристаништето, за да би дошла нафтата од Солун во Скопје, па од тука и во Европа и? не е важна линијата? не треба тука ,,најнормално некој да плаќа“ што прави профит од таа нафта? или може пак „некој плаќа“читај - државата, ама некако „промаја“ ги фаќа тие пари па одлетуваат на друго место?
и друго, оштетувањето не мора да значи дека е од конструкцијата изградена 1970 год, туку надојдената вода од обичното ниво до неполни два метри во корито прераснало над 5 метри и прашање кој ги контролира ископите и користењето на песокот од коритото на реката, дали таа експлотација е под контрола или кој како ќе му текне го менува коритото, а со тоа и стабилноста на столбовите на мостот?
...што е тука нејасно? твојот текст е „посилен“ оти се работа за Бугарија и Ромунија, а овде за Македонија и Грција? парата е иста насекаде, дури можам да ти кажам дека тука важноста на овој мост е над тој што „ се крева“ и пропушта бродови! :)
п.с.
ете јас не ги спомнувам кој ТЕБЕ ти лајкнале за твојата констатација, а ги прочитав кој се, цццц цц па и архитектот тука!:facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
Кога ќе има таков мост со оптеретувања и конструкции, логично е и да има мостарина, кај да се плаќа кај нас мостарина, кај Стража она мостчено што не можат да го опраат 5 години?
...конкретно зборуваме за овој мост кај Стоби над Црна Река, ќе плаќа тој што профитира од нафтата што се превезува многу важен железнички коридор од пристаништето од Солун, а може и плаќа, ама појела маца ! :)
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Правник, информатичар, државник, аналитичар, историчар. Нема да се роди чоек ко тебе, со толку способности.
Јадни се оние кои се занимаваат со другите животи. Немаат свој.
Подобро издискутирај го напишаното, ако имаш да дебатираш.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
Така е, така е :cool:. Уште еден мастерален потег на Груевски, пардон на Мицковски
Бре ама борци за правда. Се убивте од плачење како Македонија не е правна држава, како на СЈО му е скратен мандат, како ВМРО прави се за неговите функционери не одговараат.

Сега кога истото ВМРО излага со предлог што ги праќа неговите екс функционери во долгогодишна робија, ама заедно со уште некој комуњар, тоа не чинело. :D
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Не ти треба левица за да ти контролира влада, ти треба одважени 20 патроти на раководни места во ВМРО, откако после неколку години ја средат партијата како треба и ја исчистат од курвите и профитерите да седнат со човек како Апасиев и да се договорат како луѓе.
Следно, откако ќе ја добијат власта по 2 години, да го седнат истиот тој Апасиев на позиција државен јавен обвинител и да му дадат одврзани раце да ебава мајче по список од датумот на кој добил функција па се' до осамостојувањето на оваа држава.
Па да видиш тек тогаш како се работи и да видиш како во буџетот ќе се вратат МИЛЈАРДИ, како се лежи во затвор и како функционира правна држава.

За тоа да се направи, треба да се најдат 20 патриоти кои ќе ја стегнат партијата и ќе почнат да трпаат луѓе во затвор ПРВЕНСТВЕНО од сопствените редови.
Е тек тогаш може да се понадеваме дека ќе имаме држава, а не едно малцинство од нецели 16% да те уценува со тирански спогодби, да си ја менуваме историјата и да клечиме пред бугарите и грците оти пази молим те биле во нато и еу.
Има начини да се влези во нато и еу, а тоа не мора да биди со туркање на гаките.
Се согласувам со голем број од текстов, но ова со 20 патриоти во ДПЖНЕ го чекаме 28 години. Да ти кажам, однапред, нема да се случи уште 50 години. Тие апаши толку многу зло раширија меѓу обичниот народ, што брат со брат се кодошеше. Затворање фирми заради политика, викање медиуми на противниците, патриоти и предавници и уште милион други гнасни работи, само за тие 50 души најгоре да градат дворец и споменици на најмизерен стандард во Европа.
На тие душмани кои го гнасат името но ВМРО точно 0% им верувам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Имајќи го Амди Бајрам во собрание, некој збор за Бачев и другите сателити не изгледа толку апсурдно.
Амди Бајрам има 100 пати поголема политичка важност во Македонија од Бачев.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.383
Поени од реакции
12.813
Сега ми е јасно како на Ставрогин му иде нагон да извреѓа некого на темава и да биде баниран, оти неговиот соговорник е просто глуп човек.
 
Член од
24 август 2015
Мислења
251
Поени од реакции
371
Амди Бајрам има 100 пати поголема политичка важност во Македонија од Бачев.
хаха сериозен си? е од такви цигани прости како него до овде ни е дојдена државата АБЕ САМО САПУУН 14/88
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
хаха сериозен си? е од такви цигани прости како него до овде ни е дојдена државата АБЕ САМО САПУУН 14/88
Амди Бајрам секогаш може да осигура барем еден пратеник, Бачев е апсолутно никој.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.779
Поени од реакции
9.583
Се е можно до докажување на спротивното. Ова што пишуваме се предпоставки. Клучот е во тоа како што си пишал опасноста од одкинување гласови. И одтука оваа афера предизборно, плус гледаме како подтрчковците на дпне- Миленко и Мирка го величаат Апасиев. Просто е он е опасност за комуњарски гласови и го величаат, Бачев е опаснос за дпне гласови и го дискредитираат. Иначе никаде не сум пишал дека Бачев е нај заслужен за бојкотот, туку дека тој единствено заедно со уште неколју здружениа ваеше на терен активен, и тоа може да го искористи сега.
Точно дека се претпоставки, како што е претпоставка и следнава твоја констатација. Ниту Миленко, Мирка или Апасиев не ги спомнав, а и не сакам ниту да ги коментирам.
Јас во Бачев гледам со сомнеж уште од кога самиот се наметна како некој фактор, а човекот ниту бил ниту ќе биде. Имаше обид со неговата партија, го реди факинг Политико за носител и од него очекуваш ти рационалност. Плус човекот е професор по предмети од европското право, а се прави како најголемиот прорурски човек во државава, а не е зошто е очигледно дека е манипулатор! На тоа го додавам неговиот “радикализам“ со македонското и руското знаме кога се качи на хермелинот. Како што кажа и ти, моја претпоставка е, а и мој сомнеж дека му дава постојано алиби на Заев за постоење на т.н „руско“ влијание во Македонија што реално и го нема. Да имаше 1 рубља руска во неговата партија ќе беше мета на истраги, докази и се поголемо влијание од западот, а вака си најде Заев инструмент во Бачев да го “води“ тоа „руско“ влијание...


Имаше анкети во кои викаат дека 60% од вкупното населени на МК (Македонци, албанци итн) дека се против Преспански, гласот ЗА од 33% од гласачите е окулу 45-50% од вообичаената излезност или од прилика 50-55% од избирачите неизлегле или гласале Против или неважечки. Од овој дел најбизок претеставник од двете големи партии е ВМРО. Но, ова не значи дека 100% од овие луѓе би гласале за ВМРО на следните избори. Но, како и да е ВМРО треба да има се умилкува зошто тие им се главно гласачко тело. Значи има логика да оди на избори со АнтиПреспанска и Антивладина (корупција, криминал, неопотизам и сл.) кампања.
Незнам точно колку гласови би земал на овие хипотетички избори и нормално под услов да не успеат СДСМ да земаат 2/3 гласови во парламент и да поминаат уставни амандмани зошто тоа би значело дека нема избори и дека во пракса победила ЗА и СДСМ.
Мислам дека стратегијата на СДСМ е да оди не предвремени не поради Преспански туку да обезбеди уште 4 години власт, што е можно.
Анкетите пред референдумот викаа над околу 55% ќе има излезност со ЗА, околу 30% за бојкот и 15-20% против и без коментар. Бројките се околу, да не ги барам поединечно анкетите сега. Ниедна анкета не кажа дека 60% се против договорот. Анкетите потфрлија тотално, но секако тие беа дел од инструментите со кои требаше да се влијае врз народот.

Околу 610 илјади беа ЗА. Се надевам дека некои од невладиниве или некои од новинарите ќе изврши едно истражување за сите 3700-800 избирачки места и да ги утврди сомнителните избирачки места каде е евидентно дека се извршило класично полнење на кутии. Опозицијата вика околу 50 илјади, јас мислам дека и повеќе се од толку. Стварно е преевидентно во рок од 12 часови гласање, во одредени избирачки места просекот на 2 сати да биде околу 50 до 100 гласачи, во одреден двочасовен интервал да се случат 300+, а некаде дури и околу 500 гласачи да гласаат. И тоа во избирачки места каде просечната излезност изминативе години била околу 35-50%, а сега за референдумот 85%+. Плус на нив ако се додадат оние кои се под притисок излезени да гласаат, а од лични контакти сретнав многу такви лица изминатава недела, јас лично проценувам дека реална поддршка од партиската војска на СДСМ+ДУИ+АА+БЕСА+Амди+Љупчо+Стојанче...е околу 520 до 540 илјади гласачи. А тоа и не е некоја голема поддршка за партија на власт со 300 маки без конкретен противник да вади на референдум. Така да ако му држи на Заев ќе прифати и Пржинска влада и ќе биде сигурен во победа и во такви околности, а нема да бара брзи избори за 45 дена под услови кога ја има цела централна и локална власт да врши притисок и МВР да не гледа во полнењето на кутии. Додај го тука и другар му Али кај што вика дека не е време за избори, па ...


Ако се земе предвид тоа што во Македонија на секои избори гласаат околу милион, милион и сто, максимум милион и двесте илјади граѓани бројката од 670 илјади граѓани кои излегоа да гласаат на референдумот на 30.09 е солидна, не е доволна се согласувам, но сепак е солидна бројка ... колку за пр. на референдумот есента 2004 год. ВМРО-ДПМНЕ извади максимум 450 илјади граѓани да гласаат што е за 220 илјади граѓани помалку од референдумот што се одржа пред една недела !
Па која е таа мега-гигант-партија во земјава што може да извади на било каков референдум повеќе од 900 илјади граѓани како што предвидува законот за референдуми кога како прво ниту ДПМНЕ ниту СДСМ кои се најголеми партии во државава не се до толку големи и моќни да извадат толку народ, малцинствата па се доста превртливи и не може никој да има голема верба во нив дали ќе те поддржат за нешто или не, голем број луѓе се иселени од државава, голем број и се пасивни гласачи кои со децении не излегле да гласаат на ниту едни избори и.т.н.
Крај краева еве да речеме утре ВМРО-ДПМНЕ ќе им текне по некое прашање да бараат референдум, што мислат дека можат повеќе од 400-450 илјади граѓани да извадат на референдум, повеќе од оваа бројка нема шанси, референдумот од 2004 год. јасно ја покажа максималната моќ на ВМРО-ДПМНЕ колку може да извади на референдум народ, па и не само на реф. туку и на избори !
Околу бројките во погорниот дел имам коментирано. И без цензус солидна бројка ќе беше над 750 илјади реални гласачи (без полнење, без притисок и уцени), а сега реалната бројка е околу 520-40 илјади. Плус го организира партија на власт и во многу поповолна позиција е во споредба со тој од 2004 кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. Многу е полесно од позиција на власт да мотивираш луѓе да излезат да гласаат во споредба од кога си во опозиција. Имај го и тоа во предвид.

И за вториот дел сакам да ти прокоментирам. Референдумот не треба да биде предмет за надгласување помеѓу партиите, со референдумот не треба да си го мерат партиите со други зборови. Но за жал не е така кај нас, како што гледам сме се подалеку од некаков демократски капацитет за тоа.

Со референдум се уредуваат одредени прашања од животот во државата со кои ние треба да дадеме глас од понудената опција, а не треба тоа да биде во стилот кој го кажуваш, а за жал таа беше насоката на која што се организираше референдумот, а тоа е само партиски да се гледа на прашањето и крајниот исход да биде поврзан со некаков партиски успех и интерес во идниот период. Најмалку требаше да се партизира најважното прашање кај нас и тоа што се случи неделата треба да го почитуваат сите партии и политичари, а ние сме сведоци на грубо силување на неуспешниот референдум со сопствени толкувања и обид со сите сили да се оди контра законот и Уставот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom