Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
КАЗАНОВА НЕШТО РАЗОЧАРАН?!

Синот на екс амбасадорот Нано Ружин, Александар бара власта да им даде функции и работа на сите што учествувале во уривање на предходната влада. Александар Ружин му се заканува на Заев дека ќе ги загуби сите тие што останале без работа и функции и сега им се смеат “вмровците”. Масовно барале бугарски пасоши.

“Читам едни кои се задоволни и кои се фалат секојдневно на социјалните мрежи околу личните успеси, кои ги постигнале преку функциите што ги добиле од новата власт. Многумина од нив ми се добри пријатели и во приватниот живот и мило ми е што се среќни. Но другари, не заборавајте како се чувствуваат и оние од другата страна, кои се незадоволни и разочарани затоа што им било ветувано, а сеуште ништо не добиле! Седат дома и се нервираат. Деновите им се долги, за одмор сигурно немаат. Масовно размислуваат околу бугарски пасоши. Им се потсмеваат вмровци, па во помалите места и на улица не излегуваат. Е, мене и тие ми се пријатели, пијам кафе и со нив и ги слушам нивните маки. Меѓу нив, искрен да бидам, има многу поголеми борци и од некои од вас – наградените! Луѓе кои во буквална смисла 11 години рушеа режим. И не само со пенкало и на Фејсбук, туку и на улица. И без пари. И без било каков надомест. Од чиста идеологија. Од пуста желба за демократска држава. Сите заедно предводени од вас политичарите, го симнавме Грујо. Ни вие не можевте без нас, ни ние без вас. Долгот треба да се подмири другари. Крајно време е. Во спротивно, колку повеќе едните се фалат, толку другите се пофрустрирани и повредени. И ги губите. Полека, но сигурно, ќе го дочекате нивното “Auf Wiedersehen”, пишува синот на Нано Ружин.

Членот на раководството на ЛДП предлага акција за да се покаже кој е заслужен за уривањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

“Другари и другарки, во знак на револт, неисполнување на нашите барања и неостварување на ветувањата кон нас, предлагам профилните и насловните да ги вратиме од времето на отпорот и на револуцијата. Многумина “наградени и привилегирани” од страна на новата власт, воопшто немаат такви фотографии во нивните компјутери и телефони, затоа што не се појавиле на ниту еден сенароден собир, протестен марш или пак воошто учествувале на било кој настан организиран против власта на Никола Груевски. На тој начин ќе ги препознаеме и уште еднаш јавно поздравиме вистинските заборавени борци за слободна, европска и демократска Македонија. Борбата продолжува, нема тука да застанеме”, вели Александар Ружин,член на Централен одбор на Либерално Демократска Партија.
Неверојатно е колку контрадикторности можат да се пронајдат во текстов. Збори за револуција, за враќање на демократијата и на крај за награди кои што не биле доделени за рушењето на режимот. Па зарем демократските придобивки и живот за сите, она ено опшестфо, не беа главниот мотив на шарените револуционери и нивната главна награда? Како сега наеднаш се најдоја на иста линија со овие предходниве, против кои што наводно се бореа?

И нели "шарената револуција" беше сенародно движење, непартиски мотивирано? Што имаат сега да бараат од Заев ако нивната кауза беше единствено демократско општество, неусловено?

Веднаш се фатиле за бугарскиот. Уште една контрадикторност. Па нели сега од кога Заев го смена името и ќе влеземе во НАТО и ЕУ ќе дојде животот, ќе нагргнат странски инвестиции, економијата ќе се препороди...зарем не можат да се стрпат уште малку? Или како што велат: "бродот што тоне први го напуштаат глувците"
Ако неговите немаат верба во него, како очекуваат просечен граѓанин, без шарена револуционерна крв во неговите вени, да просперира во еното опшесфо на нивниот европски лидер? Или сепак она "живот за сите" под "сите" се подразбираше само потесниот круг на шарени куртони од кројот на Павле и останатите како него?
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Кон анкетава погоре, ако ги вбризгаме гласовите од албанците веројатно ќе дојдеме до изедначен резултат. Во суштина анкетата е мини реплика минус албанските гласови за она што би се случувало реално на терен во наредниот период. Истовремено и поткрепа на она дека на Заев единствено што му треба е кворум, доволна излезност за референдумот биде успешен.
Исто, ако кон гласовите против придодадеме дека добра бројка би го сменала ставот до референдумот, онаа бројка која што на форумскава анкета гласа од страв да не биде етикетирана како предавничка а во себе води полемики и сонува за европски пасош...голема е веројатноста на терен, прикриени под превезот на анонимноста, да излезат сосема различни резултати.

Зошто? Затоа што при вербална комуникација ретко кој би рекол да се смени името, едно заради страв од етикетирања, и затоа што длабоко во себе знае дека менувањето на името е тотално погрешен чекор...
Но еднаш кога ќе се најде зад гласачкиот параван до израз ќе дојдат личните мотиви за да гласа поинаку.

Во глобала сите изиграваме патриоти во јавност но кога ќе влеземе во конфронтација со личните интереси, ставовите изразени вербално во врска со патриотизмот и неменувањето на името стануваат порозивни и неубедливи. По дифолт се активира она македонското, онаа трунка надеж која што скоро три децении ја полагаме во погрешни работи и луѓе и автоматски ќе се запрашаме: а што ако биде подобро откако ќе го смениме името?

Таа доза несигурност од иднината ќе го даде последниот збор. Уште еднаш, надежта дека ќе биде подобро ќе ни пресуди по не знам кој пат да одбереме одлука која ќе биде погубна за нас.
Во анкетата ДА веќе имаат гласано албанци, можеби не ги препознаваш никовите на членови кои се албанци.

Во поглед на бројките за тоа како би се гласало на самиот референдум, не е до толку песимистичка работата како што ти изгледа.
Реално околу 80% од етничките македонци се против промената на име и се што доаѓа со имплементација на "istoriskiot" договор.

Ние покажавме дека сме глупи ко народ, ама ова со менување име е ново ниво на екстремна глупавост кое за среќа не го поседуваме. Сепак е релативно мал бројот на македонци кои ќе го поддржат ова. Затоа и се толку напнати Заев и Хан. Вториов ги моли младите да гласале.

СДССМ + ДУИ макс можат да извадат 550.000 гласови ЗА, со полнење кутии, авиони од Цирих итн. Значи на глава да застанат, толку им е максимумот.

Затоа околу бројките не сум песимист, ама сум во поглед на тоа како ќе биде изведен референдумот. Какви се нерегуларности ќе има, референдумското прашање, замки со предвремени избори во ист ден итн.
Ќе имаат одврзани раце за буквално било што. Ќе го силуваат референдумот.

Клучна ќе биде и улогата како ќе се постави ДПМНЕ.

Затоа БОЈКОТ пријатели :oeoeoe:
 
Последно уредено:
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Не вади сдсм доволно гласови. На оваа прославата се виде колку ќе им успее референдумот. Ни нивните членови не дојдоа. Сите албанци да гласаат нема доволно гласови, така да референдумот е пропаднат.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Во анкетата ДА веќе имаат гласано албанци, можеби не ги препознаваш никовите на членови кои се албанци.

Во поглед на бројките за тоа како би се гласало на самиот референдум, не е до толку песимистичка работата како што ти изгледа.
Реално околу 80% од етничките македонци се против промената на име и се што доаѓа со имплементација на "istoriskiot" договор.

Ние покажавме дека сме глупи ко народ, ама ова со менување име е ново ниво на екстремна глупавост кое за среќа не го поседуваме. Сепак е релативно мал бројот на македонци кои ќе го поддржат ова.

СДССМ + ДУИ макс можат да извадат 550.000 гласови ЗА, со полнење кутии, авиони од Цирих итн. Значи на глава да застанат, толку им е максимумот.

Затоа околу бројките не сум песимист, ама сум во поглед на тоа како ќе биде изведен референдумот. Какви се нерегуларности ќе има, референдумското прашање, замки со предвремени избори во ист ден итн.
Ќе имаат одврзани раце за буквално било што. Ќе го силуваат референдумот.

Затоа БОЈКОТ пријатели :oeoeoe:
Па не знам точно кои се албанци кои што гласале на форумскава анкета, сем двајца, за останатите не можам да тврдам. Зборам од релативно скромното присуство на форумов, од она што до сега сум можел да приметам низ темиве е некако малата застапеност на албанци на форумов, визави реалниот живот. Тука не се вклучени и останатите малцински заедници кои што со 99% сигурност во огромно мнозинство би гласале ЗА.

И од овие што гласале против, никој не може да тврди дека реално така би гласале. Едно, затоа што гласовите во анкетата се јавно достапни, се знае секој за која опција гласал. Па тргнувајќи од таму, ако кон тоа го придодадеме скоро трендовското плукање на форумов против договоров, значи ретко колетивно плукање кон една одлука, малкумина би имале храброст да одат против мнозинството. Мислам дека е доволно да се пишат две реченици проследени со еден куп пцовки кон договорот и имате вин ситуација со еден куп допаѓања под нејзе.

Кој нормален би си ја нарушил форумската алтер его репутација и би гласал ЗА, притоа ризикувајќи да биде оквалификуван како комујнар, предавник, куртон и.т.н.

Е сега, се ова пресликај го врз ставовите од реалниот живот и ќе дојдеш до ситуација во која што не можеш со 100% сигурност да тврдиш дека некој "убер патриот" жесток бранач на името во секојдневните вербални комуникации, на денот на референдумот не стане прагматичен и почне да калкулира со она: што ако влеземе во ЕУ? Па се замисли во нов автомобил од 40к евра и наеднаш заокружи ЗА промена на името, заштитен од демократската анонимност.

И наредниот ден, доколку референдумот биде успешен, го сретнеш на улица како пцуе и фрла со дрва и камења врз предавниците кои што гласале ЗА промена на името, а длабоко во себе е пресреќен од исходот и веќе се гледа како риба клозети со европскиот пасош во џеб, некаде таму на Запад.

Мислам, могуче е ова?
Just saying...
 
Може да се појават и такви индивидуи, ама сепак тоа би биле исклучоци.
По истата логика може некој "северномакедонец" на денот на референдумот ќе се разбуди сабајле и болка во срцето нема да му дозволи да гласа против името на својата земја. :D

Колку и да е чудно, анкетата на форумов е порелевантна и реална од било која што ќе се појави пред референдум на Телма и Анал 5.

Пак велам, можно е некои луѓе да изреагираат вака како што ти кажуваш, ама ни оддалеку во така голем број за тоа да биде значително.
Тој што сега вели НЕ на договорот со огромна сигурност и на ден на референдум нема да го поддржи.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Vo vrska so anketata imam edno prashanje. Dali tie shto ne zhiveat vo Makedonija imaat pravo da uchestvuvaat vo anketata.
I zoshto nema opcija "vozdrzhan"
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
A kako toa bas koga dojde Maroko op liderska sredba? Dzamceco Horhe neka si go cuva za na drugo mesto, ke mu treba oti nikoj od vas nema da se seti na nego pa da mu odnese tamu zilet...
Се прашувам кој се радува повеќе мајмун на банана или соросид на странец?
На лидерската нема да биди Ѓорѓе така да џамчето останува во рацете на мешетарот.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Може да се појават и такви индивидуи, ама сепак тоа би биле исклучоци.
По истата логика може некој "северномакедонец" на денот на референдумот ќе се разбуди сабајле и болка во срцето нема да му дозволи да гласа против името на својата земја. :D

Колку и да е чудно, анкетата на форумов е порелевантна и реална од било која што ќе се појави пред референдум на Телма и Анал 5.

Пак велам, можно е некои луѓе да изреагираат вака како што ти кажуваш, ама ни оддалеку во така голем број за тоа да биде значително.
Тој што сега вели НЕ на договорот со огромна сигурност и на ден на референдум нема да го поддржи.
Од оваа дистанца се е можно. Не спорно е дека мнозинството граѓани од македонска националност би биле против промена на името. Мене она што ми е сомнително е колку тоа "против" почива врз цврсти непроменливи ставови. Затоа што ако погледнеме назад кон нашата кратка историја на самостојност за ниту едно прашање не сме дале сериозен отпор, а ги имало многу. Така да од таа дистанца гледано јас не верувам во рационалните сколности на просечниот македонец за носењето исправни одлуки.

Тоа зборовите патриотизам и достоинство се растеглива материја на овие простори каде што минималната плата изнесува 200€. ЕУ и НАТО се на другата страна од паричката. Така да не би бил толку сигурен. Се живо од СДСМ кое што чека партиско вработување ќе гласа ЗА, голем број кој што се двоуми би му бил доволен мал мотив да го смени мислењето. Додај кон тоа албански фактор и останати малцински заедници, помножи со ЕУ и НАТО притисоци за успешен референдум, додади кон тоа историја на изборни нерегулатности амнувани од меѓународна заедница во име нивни интерес во државава и имаш релативно добра бројка ЗА.

Единствениот проблем ќе биде излезноста, достигнување на потребната бројка. Се останато лесно се корегира.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Vo vrska so anketata imam edno prashanje. Dali tie shto ne zhiveat vo Makedonija imaat pravo da uchestvuvaat vo anketata.
I zoshto nema opcija "vozdrzhan"
Услов за учество во анкетата е` членство на форумот, а не националност/државјанство/религија/место на живеење.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Русиве тргнуваат во офанзива.

Ајде да видиме дали ќе бидат среќни сите што ги чекаат.
Од ова полошо неможи, така да со сигурност сите што ги чекаме ќе бидеме среќни.
 
К

Климатизација

Гостин
Па не знам точно кои се албанци кои што гласале на форумскава анкета, сем двајца, за останатите не можам да тврдам. Зборам од релативно скромното присуство на форумов, од она што до сега сум можел да приметам низ темиве е некако малата застапеност на албанци на форумов, визави реалниот живот. Тука не се вклучени и останатите малцински заедници кои што со 99% сигурност во огромно мнозинство би гласале ЗА.

И од овие што гласале против, никој не може да тврди дека реално така би гласале. Едно, затоа што гласовите во анкетата се јавно достапни, се знае секој за која опција гласал. Па тргнувајќи од таму, ако кон тоа го придодадеме скоро трендовското плукање на форумов против договоров, значи ретко колетивно плукање кон една одлука, малкумина би имале храброст да одат против мнозинството. Мислам дека е доволно да се пишат две реченици проследени со еден куп пцовки кон договорот и имате вин ситуација со еден куп допаѓања под нејзе.

Кој нормален би си ја нарушил форумската алтер его репутација и би гласал ЗА, притоа ризикувајќи да биде оквалификуван како комујнар, предавник, куртон и.т.н.

Е сега, се ова пресликај го врз ставовите од реалниот живот и ќе дојдеш до ситуација во која што не можеш со 100% сигурност да тврдиш дека некој "убер патриот" жесток бранач на името во секојдневните вербални комуникации, на денот на референдумот не стане прагматичен и почне да калкулира со она: што ако влеземе во ЕУ? Па се замисли во нов автомобил од 40к евра и наеднаш заокружи ЗА промена на името, заштитен од демократската анонимност.

И наредниот ден, доколку референдумот биде успешен, го сретнеш на улица како пцуе и фрла со дрва и камења врз предавниците кои што гласале ЗА промена на името, а длабоко во себе е пресреќен од исходот и веќе се гледа како риба клозети со европскиот пасош во џеб, некаде таму на Запад.

Мислам, могуче е ова?
Just saying...
Не е можно, сигурно е. :( Ние како народ сме тешки индивидуалисти, скоро никогаш не размислуваме и делуваме како колектив, секој си гледа за себе. Да не’ остават, очите ќе си ги извадиме меѓусебно. Не се ни сомневам дека постојат такви кои не ги интересира името, но се преправаат дека се патриоти.

Тие што тој ден ќе гласаат „да“ со надеж дека ќе можат да фатат магла за една од западноевропските држави не сфаќаат дека 100 пати името да го смениме, ќе останеме светлосни години позади ЕУ во било кој друг аспект. Невработеност, корупција, криминал и сите други одлики на нискоразвиена држава цветаат тука. Преговарачкиот процес е ригорозен и не премолчува вакви работи.

Да бевме паметни, спорот со името ќе рангираше најниско на списокот со приоритети на Македонија, а ќе се работеше на поправување на економијата, здравството, судството итн. Полека ќе ги пречкртувавме една по една обврските од ЕУ, се додека не остане само името. Тогаш ќе беше и Европа наклонета на наша страна, а не да дојдеме на ова дереџе, Холандија и Франција да не споредуваат со Албанија.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Ептен ме нервира кога се кажува "она македонското" во негативна конотација...Владеачките структури во изминатиот период дадоа милион нешта за да докажат дека немаат ништо "македонско".... а и на последниве избори "македонците" ја избраа оваа тотална распродажба на се и сешто...
Се почувствував индиректно прозван да одговорам на делот "она македонското" по што јас го употребив во предходен пост. Само без нервози :D

Јас не знам во која друга конотација би било употребено. Овој народ е типичен емпириски пример изваден од учебник по психологија и било која сродна наука. Зошто? Затоа што на ниту еден начин не покажал низ неговото постоење некоја позитивна одлика кога се работи за прашања од заеднички интерес. Постојано се тргнува од базичните инстинкти и нивно задоволување. Јадам, серам, дишам, имам покрив над главата...што ги е*ам другите, мене ми е добро. И ако може на комшијата нека му биде полошо од мене, ќе биде супер.

Колку и да звучи клише, политичарите се производ на тој ментален склоп. Како што рече и самиот, ние сме сами винови што тоа "македонското" звучи толку негативно. Се врежало во потсвеста со причина и затоа во тој контекст ќе се употребува уште долго време, се додека некои работи суштински не се променат.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.822
900 илјади гласа на референдум ни на сон не ги добиваат. Не само што немаат за цензус, не верувам ни дека ќе може да достигнат и повеќе од 500 илјади гласа. Цензусот тешко дека ќе може да го спуштат поради тоа што е уставна категорија. Така да како веројатна опција се предвремени избори со референдумот.
На тој начин дпмне ќе мора да излезе да гласа во спротивно сдсм со албанците ќе го имаат цело собрание а со тоа и гласови да си го сменат Уставот и покрај пропаднатиот референдум.
Е сега таквата ефтина манипулација со врзување на референдумот и предвремените избори може дополнително да им се удри од глава и да бидат јако нашлакани со протестно гласање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom