Никој не ги бранел зошто краделе.Сега ти го вртиш муабетот.Се испостравте кога Заев се избаци со шарената револуција и како ќе си лежеле во Шутка демек се борел за правна држава.На пола народ му беше јасно дека на црепот го заболе стапот за правна држава и тука беше целиот конфликт додека се убедувавме дали зајакот е странски платеник или не.
Нема теории на заговор.Се е вистина.Вистина е дека Грујо народот не го изгласа него го поставил некој со фалсификувани избори исто како црепот од Муртино.На почетокот го претставија вистински лидер со јасна визија па на крај да заврши како диктатор.Толку пофалби од УСА и ЕУ ни зајакот не добил.Додека он крадеше некој упорно му одобруваше кредити и грантови за во блиска иднина да ни ги извлечат низ гз.Од војната во 2001,рамковниот,територијална поделба,пржинскиот,тиранска платформа,договор со Бг,договор со Гр итн кога му било дозволено на народот да се искаже што мисли?
Прикажи доказ кога народот бил прашан за овие битни договори без да се инволвира странски фактор како фамозното признавање на уставното име од страна на УСА.
Факте е дека УСА ни ја води државата и си ги тера националните интереси.Чекај Бејли да отиде во пензија па ќе видиш како ќе го сврти листот како Џорџ Роберсон,Фуере и остала багра кои пред да се пензионираат не газеа ко пикавци.Ќе слушаш како македонците биле обесправени и како ЕУ и НАТО водат погрешна политика спрема нас.Ама тогаш ќе немаат причина да ни се серат зошто нема потреба да лижат курови во Брисел и Вашингтон за да добијат некаков мандат.Е тогаш испаѓаме жртиви и добиваме совети како да си го браниме своето.
Ич qr не го боли никој од надвор за тоа како и колку ас не краделе и е*авале тука се додека тие шо се на власт го прават она шо им одговора, тоа е реалноста. Друго е шо ние како земја а шо е уште полошо и како народ нема шо да им понудиме ниту на РФ, НРК или САД а тоа да е повеќе од било која наша соседна земја или народ ако сакаш.
Настрана тоа шо политиката на Балканот е продолжение на одлуки донесени пред повеќе од 100г, САД своето присуство тука го зачнуваат дури околу Прва Светска војна, и воглавно само се надоврзуваат на британската политика на Балканот. Поголеми разлики има само после распадот на СФРЈ.
Истото е со Грција, покрај континуитетот на одредени геостратешки одлуки, тука е исклучително влијателната грчка дијаспора во САД и замисли, Принцот Филип, Војоводата од Единбург е инаку роден Принц на Грција и Данска, и сево ова без да се спомне која е Грција како земја и што може да понуди а каде и кои сме ние.И како земја и како народ.
Чисто реалноста, омразата и нетрпеливоста останува во рамките на Балканот, се друго е ладнокрвно влечење потези.
Немаме природни ресурси, континентална земја, а тие човечки ресурси кои сме ги имале по распадот на СФРЈ им ебаа матер, тоа шо во меѓувреме излегува под итно пали патиките надвор од тука или во крајност дува и бега од мафијашките организации шо се декларираат како политички партии.Државтворност ни на повидок. Сите гледаме моментално шо прават СДСМ и ДПМЕН и дека единствено се борат да се задржи пленот и или да се дограбат до тоа шо останало да се докрајчи. Значи нула, ништо немаме едноставно, ако евентулано останало нешто за брзо ќе го снема.
Е сега уште пак да се вратат баба рога приказните дека ако не влезиме во НАТО сега готово е, ќе не делат, ама факт е дека пред се поради НАТО т.е САД сеуште сме во рамките на овие граници. Е сеа проблем е шо не се стои алтруизам позади сево ова, како шо никогаш и не е случај при носењето на вакви одлуки. Нас може во рок од 6 месеци да на растурат, тоа е факт.
Ако сега ја отцепат Западна МКД на било кој начин, рестото т.е кусурот оди со Бугарија(како шо би преферирале од надвор) или Србија(неповолен избор), сами нема шанси да опстанеме, ова во некое сценарио на федерализации и сл, пред независнот па влечкање итн...меѓутоа во таков случај се шо ќе остане останува трајно надвор од контролата, затоа шо ниту Бугарија уше помалку Србија се традиционални сојузници на Западот, и тие совршено добро го знаат.
Останува само на некој среден рок да отпочне посериозна демографска инвазија, со шо комплетно би се променила етничката диструбуција на МКД, за да на некој подолг рок станеме дел од друг проект како земја составена од целосен етнички комплот.
Сега горе долу се создадоа чисти етнички средини, и тоа како во БиХ е клинч ситуација, меѓутоа тука веројатно ќе се оди со поинаков пристап поради тоа шо сме поприемчиви како народ, и тоа не мора да биде преку бројна промена на демографијата по етнички основ,значи населување на мигранти и сл пизадрии.
Од сегашна перспектива гледано, идеите на дел од академиците од МАНУ за размена на територии со Албанија биле навистина пред своето време.