Прво, честито пад на дпмне. Првото поглавје завршува иако долг е патот додека се извадиме од гомнава.
Второ, дај бе покажете маалку повеќе демократски капацитет од дпмне.. веднаш почнавте со сорос тип на етикети за здруженија што се стотици километри далеку од дпмне. Иако идеологијата и реториката на тврдокорни се тотална спротивност од мојата, сепак дечките се со искрени намери и нема потреба да ги напаѓате неаргументирано. Ако критикувате критикувајте ги во насока на нивните ставови и т.н. платформа, а не веднаш да тргнувате ко просечен вмровец со ,,соросоиди платеници" напад.
И да многу од тврдокорни што ги знам беа дел од протестите изминативе години не серете за џабе. Истото може и некој вас да ве праша: кај бевте пред 2014? Дпмне беше лошо и тогаш, и тогаш се знаеше за прислушкување, за местење избори и тн.
Како и да е, за време на протестите против аболицијата сите шернувавте слики со: иако не се согласувам со твоето мислење, животот ќе го дадам за да ти овозможам да го кажеш. Епа ај бе луѓе. Малку демократски капацитет за почеток. Да не биде и по вмро, вмро.