Никој не рекол дека уставно, туку дека е легитимно. Твојот пастир, ментор, татко, дедо, месија стаил потпис на него заедно со уште тројца партиски претседатели. Тие партии на претходните избори освоиле најголем број пратеници и како такви претставуваат некакво политичко мнозинство во државата, кое не се става над уставот, туку идејата е да ја одглави политичката криза. Ако имал моќ, влијание, истиот уште пред да го потпише тој договор во кој е родено СЈО, ќе одбиел да го потпише.
Тврдокорен буквалист е особина на глуп и неразумен човек. Тука не можам многу да ти помогнам. Конзумирана преголема доза на колумни од мирко, сотка, цветин не се лечи со ништо.
Наспроти тоа - не ме терај да фатам да ти набројувам колку неуставни потези повлече дпне само во периодов после изборите од 11-ти декември, ова со сјо е п****н дим, затоа што е ставен потпис на политички договор. Твоите ментори имаат извитоперена перцепција дека кажан збор и ставен потпис на документ не вреди 5 пари, ама во светов тоа така не бива и затоа тоа ви се лупа од глава сега.
Целава игра на паторот до сега е обично тегавење и жилавење и нема никаква мудрост во неа, туку има напикано анкери/пипци по сите институции па преку марионетите се одржува во живот. Да му застане да го суди објективен судија, наместо некој шескаш како оваа денеска, која благодарение на него воопшто се вработила (каква е несопособна), ќе видиш каков тек ќе имаат настаните. Тој стаи потпис на СЈО, ама 24/7 работи да го опструира.
Треба малку да осетите ладна вода - опозиција, за да се приземјите малку. Многу летате во облаци.
Прва работа што мора новата влада да ја напраи е на жврле да му даде клоца и да го префрли СЈО во ЈО и да ни се скинеш с к***а со таа „уставност на СЈО“.