Нема јас што да верувам или не, самите си даваа изјави 3-4 саати пред истекот на рокот дека биле блиску до договор и ќе формирале влада.
А ќе имаме и нова влада со собраниско мнозинство од 69 пратеници, сосема доволно да се завршат многу работи небитно дали дпмне го подржувало СЈО или не.
Прво нема шанси да има влада со 69 пратеници, максимум 64,
второ локалните избори се мај, кажи ми кој против кого ќе биде од албанските партии, ако заедно влезат во владата (остави платформата кој некој друг им ја напиша), значи ќе мораат да имаат материјал за меѓусебно обвинување, не одат на избори за да ги подобрат условите на албанците, туку да си ги подобрат нивните сметки, имај на ум СДСМ и собра многу гласачи!
Друго СДСМ ќе изгуби на локалните избори, само не се знае дали ќе ја има логистиката на ЈуЕс амбасади и дали пак ќе освои толку гласови, па Зајко ќе мора да си даде оставка (ако претходно не се исколат ДУИ+една од другите), а за толку кратко време, ниту СЈО, ниту ОЈО не може да направи ништо.
Ситуацијата е покомплицирана од што мислите, на СДСМ ќе му биде потешко да состави влада, оти ќе треба да рани уште една гладна уста, а во владата ќе има 2 ривалски партии кој меѓусебно ќе се критикуваат, кој тешко ќе ги дочекаат локалните избори заедно.