Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.159
Поени од реакции
3.390
Победник на избори е ониј кој ќе освои најмногу пратеници. (Може и број на гласови да се земе за репер). Формирањето на влада е политика. Може победникот да се откаже од формирање на влада, од некои причини.
Во Бугарија имаше таква ситуација, победи Бојко, а другите формираа влада и по 1-2 години пак имаше избори, на кој пак победи Бојко.

Слична ситуација имаше и во Грција, кога никој не успеа да формира влада, па пак имаше нови избори.

Затоа мислам дека и кај нас ќе има нови избори со локалните!
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
..Да не случајно Бејли е крив за мртвилава во кои се наоѓаме?
Не е. Но, не смее да (бара да се) сменува министри и сл. Не смее да бара промена и донесување на закони кои немаат врска со НАТО стандарди.. итн. Не смее да се меша дури и јавно во обичната внатрешна политика на државата. Не смее да дава изјави како да е висок владин или државен функционер на РМ...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.180
Поени од реакции
16.312
Победник на избори е ониј кој ќе освои најмногу пратеници. (Може и број на гласови да се земе за репер). Формирањето на влада е политика. Може победникот да се откаже од формирање на влада, од некои причини.
зајко кокорајко уште не е свесен за проблемите во РМ..
проблемите дури сега доваѓаат, или тој што ќе посее ветар ќе жнее бура... Аљи се изјасни дека не пифаќа коалиција без потполна рамноправност на јазикот, а бара и економска рамноправност :facepalm:.. не е доволно што индијанците не плаќаат струја, туку треба да се ослободат од сите долгови за комуналии и од сите затворски казни..зајко вети дека на секој ќе врати 15% од ДДВ, ама ќе треба и да обезбеди додатни пари за подарок на индијанците кој по дефаулт не плаќаат ддв... а има уште многу проблеми кој ќе му дојдат, со камата... посебно кога новиот газда ќе го тргне бејли, многу веројатно ќе испаднат на викилеак или јутјуб разговори меѓу бејли и зајко..
а празноглавиот пијан дебил најави дека загадувањето ќе престане само од себе кога ДПМНЕ нема да биде на власт... многу лесно, ќе ги забранат сите мерни станици на местата каде има загадување...
.. а да ги прашам платениците, не само овие со лажни профили на ФБ и форуми, туку воопшто целата армија во разноразни интернет портали и невладини, што праиме кога ќе се смени власта , нормално газда Сорос ја секне чешмата со пари, нема потреба веќе да плаќа ??
Може тогаш ќе се свртат кон спонзорите од Сауди Арабија за форсирање на исламизација на РМ, слично на ситуацијата во БиХ..
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.159
Поени од реакции
3.390
Не е. Но, не смее да (бара да се) сменува министри и сл. Не смее да бара промена и донесување на закони кои немаат врска со НАТО стандарди.. итн. Не смее да се меша дури и јавно во обичната внатрешна политика на државата. Не смее да дава изјави како да е висок владин или државен функционер на РМ...
Зошто да не смее? кога поглаварите се тепаат кој попрв да му го излиже...

Овој сегашниот на ЕУ не го гледам многу често да се меша или така ми се чини, додека Ќоравиот и Фуере насекаде ги имаше
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Зошто да не смее? кога поглаварите се тепаат кој попрв да му го излиже...
Не смее и заради сопствениот углед, сериозност, достоинство... Башка меѓународните дипломатски правила. Што има врска дали некој „се тепа да му...“? Може и некоја курва сака да „ти даде“ за џабе, па ти ќе се „потераш“ ли? Некој ќе се потера, ама некој со поголем капацитет, нема.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.159
Поени од реакции
3.390
зајко кокорајко уште не е свесен за проблемите во РМ..
проблемите дури сега доваѓаат, или тој што ќе посее ветар ќе жнее бура... Аљи се изјасни дека не пифаќа коалиција без потполна рамноправност на јазикот, а бара и економска рамноправност :facepalm:..
Затоа мислам дека ќе има нови избори, барањата се преголеми и ќе значи политичко самоубиство на локалните избори, ако СДСМ влезе во владата,ќе гледа да и трае власта 4 години, но партијата ќе биде отпишана за следните 50 години, додека ВМРО ако прави влада таа би требало да биде до локалните.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Во Бугарија имаше таква ситуација, победи Бојко, а другите формираа влада и по 1-2 години пак имаше избори, на кој пак победи Бојко.
Слична ситуација имаше и во Грција, кога никој не успеа да формира влада, па пак имаше нови избори.
Затоа мислам дека и кај нас ќе има нови избори со локалните!
Јас не спорам дека може влада (владино мнозинство) да направи учесник на избори кој не добил најмногу пратеници. Се е тоа ОК. Но победник е... победникот, тој што постигнал најмногу поени. Натрпеварот го добил тој, а дали и шампионатот...? Тоа е друго.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.159
Поени од реакции
3.390
Не смее и заради сопствениот углед, сериозност, достоинство... Башка меѓународните дипломатски правила. Што има врска дали некој „се тепа да му...“? Може и некоја курва сака да „ти даде“ за џабе, па ти ќе се „потераш“ ли? Некој ќе се потера, ама некој со поголем капацитет, нема.
Работата е таква што кај нас тоа е пракса одкога е создадена државата, да трчеш по совет кај амбасадорите.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Дали зголемената раздвиженост на страната на небањатите најавува извесен резултат во Теарце? :D
Колку сте провидни и предвидливи...а не бевте вакви дур ве дереше Конрад Аденауер.
Можам да си замислам како иљче халкидики на бетмен му порачува Ireal да појача со „анализите“: "Send the heavy cavalry" :lolzz:
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.159
Поени од реакции
3.390
Дали зголемената раздвиженост на страната на небањатите најавува извесен резултат во Теарце? :D
Колку сте провидни и предвидливи...а не бевте вакви дур ве дереше Конрад Аденауер.
Ако имате спремано кеш и те како ќе победите;)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ако имате спремано кеш и те како ќе победите;)
Сорос бе.
Од каде јас?
Не го крадев јас народов 10 години за да фрлам сува пара у Теарце. Се збудалевте од фрлање крадени народни пари за прием кај Бајден, Хилари, а можевте со едно Теарце да си пројдете. Ама треба да прошеташ пред да пазариш :D
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.159
Поени од реакции
3.390
Сорос бе.
Од каде јас?
Не го крадев јас народов 10 години за да фрлам сува пара у Теарце. Се збудалевте од фрлање крадени народни пари за прием кај Бајден, Хилари, а можевте со едно Теарце да си пројдете. Ама треба да прошеташ пред да пазариш :D
Нема никој на форумот од теарце да ни каже што се случува таму...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
И слеп при очи го гледа тоа. Очигледно е
Бејли и тој англискиот амбасадор на кого не сакам ни името да му го спомнам се најголемите креатори на хаосот во кој се наоѓа Македонија во последните 2 години. А се преставуваат како најголемите спасители.

Сите сме свесни затоа како работи Америка и Сорос на полето на рушењето влади.
Овде се работи за план на кој е креиран со години и се дадени многу пари за негова реализација. Но странските служби кога ке ти креираат таков план најчесто тој завршува успешно за многу кратко време. Под нив, влади паѓале за период од месец до два.

Но Груевски се покажа како доста жилав и оддолева на нивните напади веќе 2 години. Напаѓање на институциите на државата, средношколски протести, шарена револуција, кршење, рушење, прислушкувани разговори, кампување на опозиција пред влада со месеци, објава за наводно крадење на 450.000 гласа, режиран терористички напад, менување на неговите главни соработници во најклучните институции на државата, мигрантска криза и поплави за кои они не се виновни, но и те како ги трошат државните капацитети во ваков тежок период, креирање на пржинска (измама) договор и СЈО, негативна кампања, непризнавање на изборните резултати, прекршување на закони и рокови од страна на ДИК за изборниот процес, мешање на двајцата "спасители" во работата на државната комисија и обиди за менување на волјата на граѓаните и покрај јасно искажаната волја и најфер и демократските избори во историјата на изборите у светот.

Сево ова е партија шах, во која има многу жртви и полека се зазема просторот. Тие тајни служби се врвни и кога ке направат план за рушење на владата најчесто тој е потмогнат со уште еден бек ап план, и уште еден бек ап на претходниот и уште еден бек ап на третиот.

Мухамед Зекири преку Саудиска Арабија пренесе во Македонија помеѓу 20-30 милиони евра кои се поделени преку џамиите за гласови. Бујрум нека ми објасни некој 70.000 албанци во Брест, Арачиново, Диво Насеље, Сарај и други места од шеската ја препознаа програмата и визијата на СДС?
На крајот на краиштата ЗЗ кажа што им нуди на Албанците во Македонија, но јас не слушнав што им нуди на Македонците во Македонија?
Преку јавноста и социјалните медиуми е креирана слика (нормално од надвор) дека ние живееме под "режим" во кој секој си прави што си сака, секој збори и пишува што сака. Али нели, живееме под режим.
И сега доаѓаме во ситуација на раб на граѓанска војна, во која би учествувале македонци и албанци против македонци. За ова фали многу малку, еден изолиран инцидент, као тепачка у автобус или боцкање со нож и се ке ескалира.

Америка во ЗЗ избра личност преку која ке ги спроведува нејзините политики. Доколку он биде премиер тогаш се менува името, грбот, химната на Македонија, ке се инјектираат 15-20.000 албанци кои ке влезат во администрацијата и ке се зборува албански во Штип, Кочани, Кратово, Паланка, Прилеп, Битола, Струмица, потпретседател на собрание а можеби и претседател - Албанец, министри на клучни ресори ке бидат албанци. Ова е веќе договорено, само треба да се стигне до позициите и потоа следува реализација. Тоа би се случило најдоцна за година ипол од сега.

И народот подоцна ќе се свести, но возот ке биде заминат. Ке нема назад.
Мхм, Бејли, Сорос и Герет ја уништија Македонија а Груевски и хордата ја штитеа со трпање сметки во Белизе. :cuc:
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.762
Поени од реакции
3.817
Мхм, Бејли, Сорос и Герет ја уништија Македонија а Груевски и хордата ја штитеа со трпање сметки во Белизе. :cuc:
Не бе, баш Бејли, Сорос и Герет ептен се загрижија за твојот добробит и убав живот и иднината на македонскиот народ. Ако веруваш во тоа дека британец и американец се грижат за нечие туѓо добро освен за нивното и се ова го праат за да ни помогнат пошо се многу добри и многу не сакаат и немаат интерес, тогаш што да ти кажам, иди легни си.

Види ги само земјите на кои им мислеа "добро", Украина, Либија, Тунис, Сирија, Ирак, Авганистан.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom