Да те потсетам дека јас не го поддржувам и одобрувам изборот на екскомандантот на учк за прв парламентарец, не поради начинот на кој е избран, туку заради личноста што е избрана. Моето не е релативизирање - тоа може оној јамајка да те наведува, во недостаток на нешто паметно да каже.
Уште има дпне медиуми во своја контрола и тие и понатаму од секој потег на сдс ќе праат слон. Толку го дрват за тоа глупо знаменце што го стаил, ама не зборат за неговата гадна биографија, пошо и пастирот е дел од неа.
А што се однесува до тоа што дуи ќе праат понатаму - тоа се знае, максималистички, националистички провокации и барања за да се придобие тоа што катастрофално го изгубија до сега - по рецептата на дпне.
Тоа се' до локалните избори, пред кои ќе има некое вакуум време во кое најверојатно ќе се инсистира од надвор на кадров ремонт на овие две криминални скупини и ќе мора да се стиша ова гласно националистичко препукување и да се смири топката.
Системските промени за кои пишуваш, на мое огромно жалење се мисловна именка и за нив е нереално да се збори во оваа средина. Не би сакал да звучам како од паралелниот универзум на ланс, кој во недостаток на волја да се помири со фактот дека нема револуција со системски коренити промени во кои ќе се оневозможи некој пак да владее тоталитаристички како паторот, па затоа си прејде глатко од негова страна и сега дури и сдс му е крив за се'. Тој неќе да согледа дека уште има ментални инвалиди кои веруваат дека разговорите се сечени и лепени, а паторот е безгрешен светец. Колку е нереално во таков муљ ти да најдеш револуционери, кои ќе се борат за некакви високи граѓански идеали - пак ќе повторам - за жал, таков ни е народов: глуп, кукавица, слепец...и треба да се помириме со тоа и да не очекуваме чуда.
Со друг жаргон, медицински, јас во недостаток на решенија за реанимација, прво би тргнал со ампутација на гангренозното ткиво, па после да се обидеме да го разбудиме пациентот. Овие говна да одат во историја прво (во затвор поточно), па ќе видиме што после.
Не сум доктор, но ако некому е потребна реанимација, невозможно е со ампутација да се повратат витални функции, ако веќе сакаш медицински жаргон, тогаш подобро е со тријажа да се компарира, да се оцени што е приоритет во моментот-витално па да се прибегне кон санација. Веќе се помиривме со фактот дека нешто мора да се изгуби м? Интересно....
Избор на Талат Џафери, напишав, релативизираа патриотите, сега слободарите, коа сме тука пак, за власт нели се работи.
Настрана фактот кој реално стои позади т.н Тиранска платформа, под кој мислам на интереси, во прилог оди на сите, зависи од перцепцијата, под сите мислам на политичари, народот во равенката не постои како променлива. Разлика е што ваква валкана националистичка игра не може да си дозволи СДСМ, од причини познати...е сега истата е одскочна даска за многу потези понатаму, и локални, а и регионални, се чекаше на нас и што ќе биде. Пример е ПРот и што ќе се пласира како голема национална победа или придобивка, и обратно пораз или загуба за др страна, очигледно е.Ако е ништо, уште полошо, се чека после локалните за посериозни теми.
Сега за невозможното, ако може формирање Влада со тел. повик да се промени, истиот дојавувач кога ќе сфати дека изворот на сево ова е токму партизација на институции-вработувања во јавен сектор, корупција, пред и над се јавни набавки, и тоа ќе биде на агендата како правосудството. Ама ич не е невозможно, само нема политичка воља, а ќе нема кај нас ако не притиснат од надвор.
Медот е во прашање, и не само парите туку и разно разни семејни лози по институции и сл...да видиме тријажата каква ќе биде.