Случајни партнери?

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Жените не се соло затоа што сакаат да им шета газот или да бркаат кариера, туку затоа што немаат баш и нешто избор.

Тие просечните не се доволно добри за мажите, тие добрите се премногу пребирливи, па дур се свестат, отчукал 5 до 12 биолошкиот часовник.

Мислам дека кај нас најзастапени се тие што се мажат колку да се мажени и да не бидат сами, па да пукне брука дека не ги бива или дека се, недајбоже, лезбејки. :nesvest:
Интересна е твојата констатација дека Македонките се мажат од немајкаде, поради тоа што малограѓанштината ги принудува на брак. Оваа констатација отвора простор за сериозна социолошка дебата, дали во Македонија бракот како институција ја има изгубено суштината или само е во трансформациска криза. Прашањето не е ни малку наивно, особено ако се земе предвид дека суштината на бракот е да се оформи семејство, а семејството е основна единица на општеството. Со оглед на тоа дека нашето општество е во очигледна криза, се наметнува погоре наведеното прашање, коешто ќе го формулирам поконцизно, во една реченица:
Што мислите, колкав е бројот на бракови склучени од немајкаде во денешно време и како тоа се одразува на семејствата што се креираат во браковите на вакви „случајни партнери“?
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Одлична тема, јас мислам дека скоро сите бракови во мк се склучени или од немајкаде или од корист, а има и такви што се склучени од љубов ама тие се у помал процент.
Значи мислам дека од се има по малце.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
da, tie koa se u cut na mladosta mnogu birat sakaat da se iznaziveat e posle koa ke im pomine vreme to posle koj ke doe toj, drugo mislam zasto poimot balkanec e samo vo maski rod????
ima i zeni balkanki...
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
52
Интересна е твојата констатација дека Македонките се мажат од немајкаде, поради тоа што малограѓанштината ги принудува на брак. Оваа констатација отвора простор за сериозна социолошка дебата, дали во Македонија бракот како институција ја има изгубено суштината или само е во трансформациска криза. Прашањето не е ни малку наивно, особено ако се земе предвид дека суштината на бракот е да се оформи семејство, а семејството е основна единица на општеството. Со оглед на тоа дека нашето општество е во очигледна криза, се наметнува погоре наведеното прашање, коешто ќе го формулирам поконцизно, во една реченица:
Што мислите, колкав е бројот на бракови склучени од немајкаде во денешно време и како тоа се одразува на семејствата што се креираат во браковите на вакви „случајни партнери“?
Ima, jas sum kum na eden takov brak! Za mesec dena nekade treba da bide i oficijalnata svadba, lugeto se veke 2 godini vo brak i sinche imaat i super im e!
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Има се и сешто... Сум била сведок на ,,местенка" меѓу маж и жена, не ми е јасно како не им е срам на луѓево да им местат брачен сопатник на наполнети 30 - 40 години, кога треба да се реализирани личности со сопствени цели и амбиции, авторитетни барем кога се работи за нив самите... Ама ова е последица на стереотипите и малограѓанството - ,,Дај да се омажам, да не ме зборат по комшии".
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Има и тоа многу... Најчесто кај постари луѓе над 40 (без разлика дали веќе еднаш биле во брак). Луѓето си се запознаваат само со умисла дека ова им е потенциален сопруг/а. Зашто да не, ако веќе си во потрага по тоа, а и многу луѓе се исто така, зашто да не разговарате отворено веќе и на првото ,,рендаву" ( мислам дека вака се вика кај нас). Барем знаеш и намерите кои му се од старт и нема простор за понатамошно разочарување
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Има многу такви случаи каде лица над 30сетина години немаат свој брачен партнер и ајде им вршат местенки.
Е сега одма ги окривувате овие работи глупости, сељаци вакви такви биле, а мислите дека тие стари моми и ергени сакаат сами да останат до крајот на животот?
Не дека ги оправдувам овие местенки и дека мора некој кој што ќе им го наместат да го земат за сопруг/а, ама сигурна сум и дека тие сакаат некој покрај себе.
Има полно случаи каде од некои причини не пронашле свој "идеален партнер" дали многу пребирале, дали биле оставени и разочарани од љубовта, дали се разведени сеедно. Не е лесно на 35 години да најдеш добар партнер. Колкави се шансите на 20 години да најдеш дечко, а колкави се на 35 години да најдеш? Сигурно на 35 се минимални, зашто повеќето се или мирни, разочарани, разведени, пијаници, некои кои само работа ги интересира ... а ако се одбира толку многу и на 35 години ќе си останеш до смрт стара мома или ерген.

Па ние и на млади години вршиме местенки ама сето тоа неприметно.
Еј имам братучет за тебе совршен пар сте. Еј каква другарка имам за тебе си одговарате апсолутно. Колку вакви случаи знаете? Па и вие колку местенки сте направиле?

Така да не ги гледам нешто толку трагично овие местенки. Не можеш да одбираш цел живот. Ако не сака брачен партнер тоа е сосема ок, ги разбирам.
Ама ако сакаат некој покрај себе е на 35 години не можеш да избираш многу.
Иако и оваа граница варира. Ако порано сите на 20 години се венчаат сега на 30. Ако порано на 25 години си била веќе стара мома, сега тој епитет многу покасно ти го даваат.
Местенки има одсекогаш и не само кај постари лица, него и ние младите ги вршиме.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Денес младиве дали така ми се чини не знам ама тешко се одлучуваат за брак, многу прибираат, многу сакаат да се изнаживееле, а што подразбираат они под изнаживување не знам, дали живеење значи да менуваш партнери ко чорапи?

Некогаш дури и да си се погодат партнерите ептен, едниот од нив нема да сака да склучи брак ако на пр. си има зацртано возраст до која што не сака да склучи брак и точка. Не ги интересира ни љубов ни ништо само таа возраст до која што си одлучиле да си бидат сингл и да мењаат партнери. И после кога ке настапи таа возрасна граница рандом партнер/ката со која што моментално се у врска сакаат да склучат брак со таа личност, а доколку немаат у моментот па тогаш бараат за брзо време да склучат брак пошто они си зацртале некоја линија у психата дека до таа и таа година кога ќе наполнам толку и толку години ќе се мажам/женам и така..
Да речеме ова се случува и откако партнерите се средиле финасиски и откако имаат стан, работа, итн. значи се им е средено у животот, ама сепак ја чекаат таа возрасна граница.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom