Словенечки Уставен суд не дозволува именување улици по Јосип Броз Тито

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333


Словенечкиот Уставен суд забрани улица во главниот град Љубљана да го носи името на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито.
Образложението е дека Тито е симбол на комунистичкиот режим, во кој се прекршувани човековите права.

- Името на Тито не симболизира само ослободување на Словенија од фашистичката окупација во Втората светска војна, туку исто така е симбол и на тоталитарниот комунистички режим, за време на кој имало големи и тешки нарушувања на човековите права и основните слободи, се наведува во соопштението на судот.

Љубљана, која е управувана од лево ориентираниот градоначалник Зоран Јанковиќ, ја именува улицата во градот „Јосип Броз Тито“ во 2009 година со објаснување дека Тито е важна историска фигура. Конзервативната партија „Нова Словенија“ побара од Уставниот суд да го забрани тоа, бидејќи за време на режимот на Тито биле нарушувани човековите прави.

Градската управа се уште не ја коментирала одлуката на судот.

Тито беше лидер на СФРЈ во периодот од 1945 до неговата смрт во 1980 година, кога многу словенечки улици го носеа неговото име пред Словенија да прогласи независност во 1991 година. Потоа повеќето улици беа преименувани.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
знаат они што прават, само ние сеуште сме заглавени во времето и просторот а треба пример од нив да зимаме
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Има доста спорни имиња. Под а Атинска, Афузпашина, . едните не не признаваат, другите..:Афуз Паша градел но бил окупатор, тепал раја, Борис Кидрич исто е контроверзна личност...
Ако веќе се избегаваат вакви спорни личности (за некого негативци, за друг позитивци) нека се избегнат сите со ставање на сосем небитни општи имиња, географски поими...да обезличиме цели децении од историјата, да ги заборавиме како небитни. Тогаш не би имало проблем
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Паметни се Словенците а нашиве уште се надеваат дека ќе се врати никаквиов и ќе му ја носат штафетата.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.380
Па богами и за штафета е магарето, секоја му чест.

Или просто: Не дека сум југоносталгичар али ај нека ми посочи некој друг период од 40-на години кога на Македонците животниот стандард им бил подобар па и кога имале повеке права во последните 1500 години?

Да не зборам за собрание на СР Македонија, МАНУ, милиција (фактички вооружени сили), македонски јазик, знаме(какво такво) и пред се право слободно да се изјасниш како Македонец без некој да те носи у апсана.....................................................................нели? Се тоа се деси под Тито. Каков таков многу е заслужен за Македонија.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Така треба. Нема да живеат у минатото со сликата на Тито под мишка..
 
Член од
1 февруари 2010
Мислења
120
Поени од реакции
41
Па немора да биде никој премногу ,,заштитнички,, настоен према Тито али мислам дека е глупост оваа забрана... Човекот на времето бил ценет , направил многу добра и мислам дека не заслужува некој да се обиде да му го заборави иметооо :)
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.380
Nerazzurri3, егзекли. Не го сакам али почит мора да му одадам.

Словениа пред Тито немала држава а богами ни Македонија. А да го повторам прашањето:
Ај нека ми посочи некој во кој друг период од 40-на години на Македонците животниот стандард им бил подобар па и кога имале повеке права во последните 1500 години?




 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Nerazzurri3, егзекли. Не го сакам али почит мора да му одадам.

Словениа пред Тито немала држава а богами ни Македонија. А да го повторам прашањето:
Ај нека ми посочи некој во кој друг период од 40-на години на Македонците животниот стандард им бил подобар па и кога имале повеке права во последните 1500 години?
За стандард ќе се согласам дека имале убаво викале порано сите имаме стан ти поголем ја помал ама битно кров над глава имаме сите возиме кола ја фичо ти 101 кец ама за права дека имале не е точно ,провери само колку наши кој јавно се декларирале како Македонци и барале независна држава биле носени на Голи оток и во таканаречените чавкарници по Идризово(Ченто,Богдановски и ред други)
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Кој што сака да каже за старово магаре али под негова власт и Словенија и Македонија добиа држава.

А Македонците и автокефална црква тенк ју вери мач.
извини...во Македонија дојдоа српски, црногорски или босански партизани и не ослободија. Македонија на крајот на 1944 имаше преку 100000 вооружени партизани. така да Македонците и Словенците самите си ја платија државата во крв.
тоа што бил ценет е сосема друго. стандардот бил повисок и подобар.
и Ченто беше заслужен, плус прв претседател на Македонија, па дури во 90тите го ослободија од тоа што тогашниот режим го осудиле
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.380
@Хенк Муди. На голи оток биле носени сите противници на тогашниот режим (случајно само Македонци, Срби и Црногорци али ете така било) т.е. реално кого Македонските комунисти ке наклеветеле пошто имало и внатрешна борба. Затоа и Ченто го пие, не дека Тито нешто посебно го мразел туку Македонските комунисти сакале да го тргнат.

@Али Џи. Не викам дека Македонските партизани не го поднеле теретот на кркљанацот во Македонија али под Тито сме добиле собрание, МАНУ, милиција, македонски јазик, знаме и пред се право слободно да се изјасниш како Македонец без некој да те носи у апсана.
Македонските партизани се прва македонска војска во последните милениум и нешто (ако не и два) што била на победничка страна во некоја војна.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Nerazzurri3, егзекли. Не го сакам али почит мора да му одадам.

Словениа пред Тито немала држава а богами ни Македонија. А да го повторам прашањето:
Ај нека ми посочи некој во кој друг период од 40-на години на Македонците животниот стандард им бил подобар па и кога имале повеке права во последните 1500 години?
И ако словенците получили држава во времето на Тито и сите други видове институции, на нив не им пречи да заклеjмат този режим и да не допуснат улици на негово име.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.380
Јебига, нивно право иако мислам дека за времето во кое живеел сосем ОК бил човекот. Минус стрелања и депортации на неистомисленици али такви времиња биле.

За Македонија верувам дека повеке позитивни одколку негативни работи направил.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Nerazzurri3, егзекли. Не го сакам али почит мора да му одадам.

Словениа пред Тито немала држава а богами ни Македонија. А да го повторам прашањето:
Ај нека ми посочи некој во кој друг период од 40-на години на Македонците животниот стандард им бил подобар па и кога имале повеке права во последните 1500 години?
Мислам дека Словенија се појавува како држава во 1918 во состав на Кралството на Србите,Хрватите и Словенците од 1929 познато под името Југославија, иако е тешко да се каже, тогаш биле бановини а не федерални единици како републиките во СФРЈ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom