Слободно кампување во Македонија

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Ме интересира какви се условите за слободно кампување во Македонија.

Одлучивме оваа година да се прошетаме со велосипеди и на шатори во Македонија за две недели. Ме интрересира малку повеќе информации за законите при слично кампување - што е дозволено, а што не. Развиен ли е сличен вид туризам во Македонија? Има ли доволно соодветни места за тоа (чешма, белведер)?

Долги години сме туристи и сме свесни за моралните норми. Прашањето ми е повеќе за законската регулатива и некои специфичности, кои треба да имаме предвид.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Нема кај да возиш. На автопат ако излезеш ќе те утепа некој со кола. Со 300 возат. А и башка не се добри патиштата кај нас. Ќе го искршиш точакот.
А за законите не ги знам, нека каже друг.
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Има кај да возиш, зарем Македонија има само автопати?
Ќе си возиш по регионални и немаш гајле. За кампување официјалeн закон незнам, ама не верувам дека би имал проблем да поставиш шатор на многу места, плус сметај дека секогаш можеш да си прашаш за дозвола ако си на приватен посед.
Јас ова ти зборам за wild camping, а за камп места да си платиш и да си поставиш шатор, незнам.
Еве ти од минатото лето јас што возев, може ќе прочиташ нешто корисно. :)
http://makadamblog.wordpress.com/
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Можеш на Велешко да кампуваш. Има многу поставено шатори и кампови преку лето. Во Општината мислам дека би требало нешто да се плати.

И пиши кога ќе идеш, ќе ти одберам најубаво место.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Ме интересира само "free/wild camping". На приватен посед само ако ни поканат - немаме навика да прашуваме за такво нешто.

Уште не е одлучено кога ќе одиме, бидејќи имаме уште две слични прошетки од по 1-2 недели. Она што планирам е да поминеме низ Охрид, неколку дена по должината на целото Охридско Езеро (Македонија, Албанија), Преспанското Езеро, Битола, 1-2 денови во Грција, до островот Свети Ахил и др. Сеуште разгледуваме правци, размислуваме варијанти и т.н.За сега е важно да знам основни работи поврзани "wild camping".
 
Зарем помисли дека на приватен имот би те викнала :D

Велешко Езеро http://mk.wikipedia.org/wiki/Младост_(езеро)

И така идете со точаци од Бугарија, за да стасате накај Битола, треба да поминете од Велес, ако идете од кај Крива Паланка.

Немој да заборавиш да ме известиш кога ќе ја возикаш Македонија.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Mislam ima dobro da ve primat, za kamping pod selo Vatasa ima ubavo mesto pokraj reka.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Зарем помисли дека на приватен имот би те викнала :D

Велешко Езеро http://mk.wikipedia.org/wiki/Младост_(езеро)

И така идете со точаци од Бугарија, за да стасате накај Битола, треба да поминете од Велес, ако идете од кај Крива Паланка.

Немој да заборавиш да ме известиш кога ќе ја возикаш Македонија.
Не сум си го и размислувал. Но кога сум возел во Бугарија, а и не само, понекогаш кога прашаш некој локален за убаво место за шатори, чешма и рамна полјана, ти вели "Еј ова место таму е моето, ако сакате исправите си шаторите таму".

Во Крива Паланка ќе поминеме, но можно е некои да сакаат да минат преку Скопје, а од таму можеби ќе е подобро да поминеме низ Тетово и Гостивар до Охрид, по што кон Битола. Принципиелно ќе бидеме со автомобили, но ќе ги оставиме во некој град и ќе шетаме 2-3 дена, по што ќе ноќеваме хотел и минуваме кон друг град.

Задолжително ли е носењето шлемови и рефлектирачки елеци за велосипедистите?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Задолжително е, за лична безбедност.
 
Член од
25 август 2005
Мислења
59
Поени од реакции
9
Одлучивме оваа година да се прошетаме со велосипеди и на шатори во Македонија за две недели. Ме интрересира малку повеќе информации за законите при слично кампување - што е дозволено, а што не. Развиен ли е сличен вид туризам во Македонија? Има ли доволно соодветни места за тоа (чешма, белведер)?

Здраво другар. Околу законите, забрането е движење со велосипеди на автопат, така да избегнувајте ги. Има алтернативни патишта. особено на местата кои ги набројуваш за посета. Иначе кампувањето не е забрането, исто така и дивото кампување. Јас често поминувам низ Охрид и Преспа, и шатори си местиме на диво. Во пп ќе ти пишам неколку места на кои може да поставиш шатор.
За велосипедите: рефлектирачки елек мислам дека не е задолжителен, но треба да имаш предни и задни светла на велосипедот, и нормално-кацига.
Има неколку сајтови за возење велосипед во Македонија, во кои мислам дека се опфатени и овие теми.
Пример:
http://www.to4ak.com/
http://natochak.blogspot.com/
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Дечки, годинава одам првпат на фестивал (ќе кампувам). Немам искуство со шатори и такви ствари, па би сакала да ме посоветувате каде да си купам шатор (дали во специјализирана продавница или по големиве маркети). Ми треба само за мене да ме собере и да не е комплициран за монтирање. Ако има поупатен, би му била благодарна ако може да ми објасни и испрати слика од нет како отприлика би требало да изгледа шаторот :)
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Дечки, годинава одам првпат на фестивал (ќе кампувам). Немам искуство со шатори и такви ствари, па би сакала да ме посоветувате каде да си купам шатор (дали во специјализирана продавница или по големиве маркети). Ми треба само за мене да ме собере и да не е комплициран за монтирање. Ако има поупатен, би му била благодарна ако може да ми објасни и испрати слика од нет како отприлика би требало да изгледа шаторот :)
Ако нема да користиш шаторот често, при тоа во планина најдобро купи најевтиниот кој најдеш во маркет. Чинат 15-20 евра.

Земи си и некоја гумена перница, но да има малку велур, за да не се лизга.

И "шалте" (не знам како е на македонски):

Се разбира и вреќа за спиење. Ако фестивалот не е многу високо, може и обична вреќа за спиење. Туристичките вреќи за спиење имаат различни "температури на удобност". Само треба да знаеш колку степени станува температурата во текот на ноќта - најмногу студено е околу 4 часот наутро.

Најважно е да видиш временската прогноза.

За шаторот на фестивалот е подобро да не заглавиш дополнителните колци и да не ставаш дополнителните јажиња, за да не се претепаат луѓето вечер кога се прибират да спијат. Ставај само 4 колци кои се во аглите напалатката.

За шаторот обрати максимално еднакво место (оди порано, за да си најдеш подобро), исчисти го, ако има камчиња и гранки. Најдобро ја распореди под некое дрво, па наутро сонцето да не те грее - едвај ќе станеш во 6 наутро. Процени и од каде изгрева сонцето.

Земи си и фенерче, најдобро "челник" (и најевтиниот ќе ти сврши работа - 3-5 евро):
Предноста на челникот е дека рацете ти се слободни и можеш да си истражуваш багажот спокојно.
 
Ти благодарам на одговорот, ми помогна многу! :) :) :) :) :) :)
 
Член од
2 април 2007
Мислења
23
Поени од реакции
45
Некоја препорака кај смеам или кај е најдобро да поставам шатор во Преспанскиот регион (па и охридскиот ако има некој искуство). Поздрав од западот :)
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
Дали некој има Галичник логорувано ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom