Слободни денови, годишен одмор

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Ме интересира нешто повеќе за ова, кога и како може да се земат слободни денови, дали тоа се разликува од годишен одмор... Единствено што знам е дека првите 6 месеци од засновањето на работен однос не можеш да земеш слободни денови, а имаш вкупно 20, дали тие 20 остануваат за вторите 6 месеци? И дали можеш кога сакаш да ги земаш тие денови или мора некако во континуитет (поврзани)?
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Друже тоа у државното може да тражеш права тоа шо е под буџето а у приватно како ти кажат така биди срекен за нешто не дај боже хитно да ти требат денови ако те пуштат 1-2 дена...јвг тоа е.
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Значи законот не важи за приватното?
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Значи законот не важи за приватното?
Важи за сите ама у приватното не го почитуват(секоја чест на исклучоците) значи има исклучоци зависи од работодавецо ама тешка работа .....Знам пошто мајка ми е у државно а сите други ми се у приватно и гледам ја разликата.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Единствено што знам е дека првите 6 месеци од засновањето на работен однос не можеш да земеш слободни денови, а имаш вкупно 20, дали тие 20 остануваат за вторите 6 месеци? И дали можеш кога сакаш да ги земаш тие денови или мора некако во континуитет (поврзани)?
Пропорционално се зголемуваат. Да, првите 6 месеца не моеш да земеш одмор, а после за секој месец мислам беше по 2-3 дена. Не мора во континуитет. Моеш пола лето, пола во зима. :)
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Пропорционално се зголемуваат. Да, првите 6 месеца не моеш да земеш одмор, а после за секој месец мислам беше по 2-3 дена. Не мора во континуитет. Моеш пола лето, пола во зима. :)
Значи ако сум вработен втора година (и повеќе) можам да земам 10 дена од јануари до јуни, и 10 од јуни до декември? Или тоа не е пропишано со законот?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Значи ако сум вработен втора година (и повеќе) можам да земам 10 дена од јануари до јуни, и 10 од јуни до декември? Или тоа не е пропишано со законот?
Има псоебен дел во законот, кај што пишува за годишниот одмор. Провери си, пошто не сум во тек, од порано го имам учено стариот закон за работни односи, сега може да е нешто сменето. Инку ти си распределуваш колку сакаш да земеш и кога да земеш одмор, освен ако си кај приватњак и он не ти наложи поинаки (има исклучоци, нормално).
 
Член од
26 февруари 2009
Мислења
47
Поени од реакции
1
Сега еден поконкретен одговор:

Работникот има право на годишен одмор во траење од 20 до 26
работни дена.Траењето на годишниот одмор определен со
Законот за работни односи се определува според времето поминато во работен однос, условите
за работа и други критериуми утврдени со колективниот договор.
Празниците, саботите и неделите и слободните денови, отсуствата
поради боледување, како и другите случаи на оправдано отсуство од
работа не се пресметуваат во деновите на годишниот одмор.
Како ден на годишен одмор се смета секој работен ден кој е според
распоредот на работното време кај работодавачот за конкретниот работник
одреден како работен ден.

Стекнување право на годишен одмор

Работникот се стекнува со правото на цел годишен одмор, кога ќе оствари
непрекината работа од најмалку шест месеца, без оглед на тоа дали
работникот работи полно работно време или пократко работно време од
полното.
Работникот има право на користење на пропорционален дел на
годишниот одмор во вкупен износ од по 1/12 од годишниот одмор од секој
месец работа, ако:
1) во календарската година во која склучил работен однос не се
стекнал со правото на целосен годишен одмор;
2) му престанал работниот однос пред изминувањето на рокот, по
истекувањето на кој би добил право на целосен годишен одмор и
3) работниот однос во тековната календарска година му престанал
пред први јули.
При пресметувањето на пропорционалниот дел на годишниот одмор
најмалку половина од денот се заокружува на цел ден од годишниот
одмор.

Користење на годишниот одмор

Годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската
година. Годишниот одмор може да се користи и во два дела, со тоа што
првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена.
Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди
искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната
календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година.
Годишниот одмор кој што не бил искористен во тековната
календарска година , работникот има право да го искористи до 30 јуни идната календарска година, ако во календарската година, во која што му бил одреден одморот, работел најмалку шест месеца.
Ако годишниот одмор не е искористен во целост, за преостанатите денови работодавачот е должен да исплати регрес за годишен одмор, пропорционално на преостанатите денови. Како основица за пресметување на регресот се зема 60% од просечната плата на вработениот во последните 6 месеци, ако со договорот за вработување или со Колективниот договор не е предвидено друго.

Колегите се потполно во право, дека во приватниот сектор овие одредби не се применуваат стриктно, али за жал веќе и во државниот забораваат на нив. Моја пријателка, која работи во детска градинка е присилена од директорката да се врати на вториот месец од породилното отсуство, кое по закон трае 9 месеци:nenene:

А нели живеевме во правна држава.....
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Дали по една година стаж, откако ќе добијам нов договор и нов годишен одмор можам веднаш да си земам одмор или морам да чекам одредено време (6 месеци)? И дали ако можам, сум лимитирана (секој месец по 2 дена од одморот)? Благодарам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom