Слобода?

Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Слободата е еден релативен термин,кои повеќето индивидуи го користат како причина (а подоцна и оправдание) за нивните несовесно глупави постапки (наводно глупави според општеството).
Слободата е реалност за тие кои се спремни да ја прифатат!
Наместо „метафори“ јас ке користам примери за да ви докажам.
Ако во вид го земеме фактот дека каде постои принуда таму не постои слобода тогаш примораноста на мало дете да посетува настава е одземање на неговата слобода, нели?
Ако на ова одговоривте потврдно тогаш грешите!!!
Доколку детето не посетува настава, односно не се образува тогаш тоа дете ке порасне и ќе биде роб на последиците од својата неукост. Исто така, може да биде роб на последиците од својата ученост. Всушност се` зависи од слободната волја на поединецот да избира што за него, лично, е најпогодно без да му се меша колективот во неговиот избор. Тука се подразбираат уште две работи:
1. можноста поединецот да направи промена на својот избор во оној момент кога тој ке помисли дека му е потребно,
2. а набитно од се` е тоа што поединецот мора да си преземе лична одговорност за сопствените одлуки, инаку нема да биде тоа слобода туку ке биде дозвола. некој ќе му дозволува да си одлучува.



Слобода е оној термин кој е создаден,односно предизвикан од ропството.
А ропството на модерното време наводно го создава општеството,со сите тие негови норми.
Јасно е дека она што е нормално и дозволено од општеството,е само груба генерализација на собирање гласови (односно нормално е она што го прави мнозинството).

Во денешно време,слободата по дефиниција е,постапување обратно од општествените норми и морали.
Слободата има контрареалност, ропство. Доколку слободата е релативна или не постои тогаш секој кој ова го мисли нека се пријави за роб некому па самиот ќе си увиди.
Дефинитивно и најточно е ФАКТОТ дека она што е нормално и дозволено е дефинирано од општеството бидејки слобода може да се доживее само со живот во општество. Живот во природа не е слобода бидејки човекот ќе биде приморан на многу нешта само за да опстане и прашање е дали ќе опстане. Животните не знаат за слобода, но и да знаат ќе мора да си создадат општество за да можат да ја практикуваат.
Сега, ако го разгледаме фактот што постојат личности кои имаат неблгородни намери да завладеат со мноштвото, што поради профит, што поради страст за моќ и истовременото постоење на поединци кои немаат доволен умствен и емотивен капацитет за сопствено практикување на личната слобода тогаш е дефинитивно можно извитоперување на значењето на слободата. Патем, ова е нашата најголема болка што ја имаме како општество.

Слободата не е дозвола, никој не може да ви даде слобода. Или сте слободни или се борите да се ослободите.

Слободата не е секој да прави што сака и кога сака. Постојат правила кои овозможуваат, доколку се практикуваат, поединецот да поседува можност на избор и несметана потрага по сопствената среќа. Доколку секој прави што сака кога сака тогаш кога ќе му текне на посилниот да прави што сака и кога сака сите ние ќе бидеме во немилост на неговиот ќеф. Ваквото погрешно и детинесто сфаќање на слободата доведува до општествена состојба која се нарекува закон на посилниот.

Слободата не е ништо друго освен одговорност. Доколку сте одговорни за себе тогаш сте слободни. Доколку некој друг одговара за вас тогаш добивате дозвола да се однесувате по ваш избор, но во рамките на желбите и интересите на тој што одговара за вас.

Ова сега е тоа што најмалку луѓе имаат желба да го мислат, сфатат и дискутираат, а тоа е:
Слободата ваша, значи степенот на вашата слобода, е под директна зависност од умноста, образованоста, а пред се` економската состојба во која сте. Игнорирањето на овој факт не ја менува зависноста од спомнатите услови. Патем, под ова влегува и една условеност, а таа е:
Колку се другите слободни околу вас, толку сте и вие слободни. Ова не значи ништо друго освен тоа што ако сакате да бидете слободни ќе треба да се борите за стекнување или оддржување на слободата на тие околу вас.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Психичката слобода е условена од многу работи. Да знаеме да живееме без проблемите, многу лесно би можеле да кажеме дека сме слободни и дека се’ околу нас е розево.
Губењето на психичката слобода не значи и нејзино трајно губење. За нешто да изгубиш, треба да заборавиш дека постои. А кој човек, која душа, не посегнува по поимот психичка слобода?
Верувам дека е мнпгу позитивна карактеристика, и дека секој од нас ја има, само треба да знае во кој момент да ја изрази и прифати.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
88
Поени од реакции
110
pomos mi treba sostav za ,,slobodata na covekot prikazana preku pesnata albatros....?????
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.077
Поени од реакции
15.893

„Interviewer: What's free to you?

Nina Simone: What's free to me? Just a feeling, it's just a feeling. It's like, how do you tell somebody how it feels to be in love? How are you going to tell anybody who has not been in love how it feels to be in love? You cannot do it to save their life. You can describe things, but you can't tell them. But you know it when it happens. That's what I mean by free. I had a couple of times on stage when I really felt free. And that's something else! That's really something else! I'll tell you what freedom is to me. NO FEAR! I mean really, no fear. If I could have that half of my life, no fear. Lots of children have no fear. That's the closest, that's the only way I can describe it. That's not all of it. But it is something to really, really feel. It's like a new way of seeing. A new way of seeing something."
Нина кажа се што требаше да се каже.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.286
Поени од реакции
4.627
...само моментално чувство на задоволство како резултат на нашите желби и очекувања
...на птицата родена во кафез слободата и е казна(изреката важи и за луѓето) :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom