Откако Данците ја објавија карикатурата на пророкот Мухамед, на нога се кренаа муслиманите бидејќи беа навредени.
Сега, иранските весници распишуваат конкурс за најдобра карикатура во врска со холокаустот.
На потег е Израел.
Најтиражните ирански весници распишаа конкурс за најдобра карикатура за холокаустот реагирајќи на објавената карикатура на пророкот Мухамед во бројните европски весници. Весникот "Хамшари" објави дека целта на натпреварот е да се испитаат "границите на слободното изразување", наведувајќи дека токму тоа е изговорот на европските весници за да ја објават карикатурата на исламскиот пророк.
"Првото прашање за муслиманите е: Дали слободата на изразување на Запад дозволува тематизирање на американските и израелските злосторства или слободата на изразување е добра само во случај кога се навредуваат светите вредности на една религија" - објавува весникот.
"Не сакајќи да предизвика судир или да се однесува нелогично, "Хамшари" ги повикува уметниците од целиот свет да го искористат правото на слободно изразување и да учествуваат на натпреварот" - се додава во објаснувањето од весникот.