Слобода и протест против фашистичките ковид мерки. Стоп за присилна вакцинација и дискриминација

Дали треба да има рестрикции само кон невакцинираните граѓани?

  • Да

  • Не

  • Немам мислење

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Интересен момент, како да се постапи со тие кои ги линчуваа(т) луѓето кои се сомневаат во ефикасноста, ефективноста и безбедноста на вакцините чии што производители отворено и јавно потврдуваат дека не ги испитале за дејствијата за кои со години тврдеа дека се главната предност на овие биохемиски супстанци.

Нека е жив и здрав доктор Роберт Малоун, да дочека да си поживее и три цифрена возраст, неговата одлучност да поддржува доброволна вакцинација, но под никакви услови да не поддржува задолжителна и обврзувачка вакцинација е лекција по морал, етика и основни човечки вредности, слободи и права, која треба да ја научат сите сегашни и идни припадници на научната заедница.

https://off.net.mk/vesti/mislenja/dilemata-na-nevakciniranite

Дилемата на невакцинираните

14 ноември 2022 - 21:21

„Ние нема да заборавиме. Тие ја славеа нашата смрт, тие играа на нашите гробови“, порачува никој друг туку Роберт Малоун, научникот кој иако се смета за изумител на мРНК вакцините на кои се темелат повеќето вакцини против ковид, беше доволно доблесен да ѝ каже не на пандемиската хистерија која заликуваше на атмосферата од наци Германија. Што, не се сеќавате?

После неодамнешните повици за „Пандемиска амнестија“ (види: Тие што хејтаа „анти-ваксери“, сега бараат амнестија) од групите кои уништија животи и бизниси, затворија училишта, ни ги одземаа слободите и ги свртеа семејствата, пријателите и соседите еден против друг, невакцинираните и оние што ја кажуваат вистината се најдоа во небрано.

Моралот и цивилизираноста ни велат дека треба да им простиме на оние кои нè навредуваа што избравме медицински суверенитет, непочитување на неуставните задолжителности или само го доведувавме во прашање наративот, но, тоа не е толку едноставно. Некои „проваксери“ можеби беа само исплашени за слепо да ги следат здравствените упатства и беспоговорно да бидат послушни кон државните обврски. Но, менталитетот на толпата да ги демонизира невакцинираните и да манипулира дека тие се проблемот - ја преминаа границата после која не се простува.

„Зезање со смрт на анти-ваксер од ковид можеби е морбидно, ама е НЕОПХОДНО“, напиша ЛА Тајмс во тие времиња, велејќи дека оние што одбиваат „трезвени медицински совети“ па не сакаат вакцина, кога ќе завршат в болница или в гроб, можеби го добиваат „заслуженото“.

Авторот на тој текст дури ја промовираше одвратната хејтерска веб-страница www.SorryAntivaxxer.com која објавуваше детали и фотографии од починати „анти-ваксер активисти“ и воспеваше свој колега кој се одушевуваше од фактот дека „исмевањето на антиваксерите кога ќе се разболат стана национален спорт“.

Има бескрајни примери на омраза и презир кон невакцинираните изминатите две години, но, да се ужива во нивната смрт е одвратно. Сега се јасни податоците и информациите дека вакцините не функционираа како што се ветуваше и дека пропагандната машина лажела. Дури и Центарот за заразни болести признава дека нема разлика во упатствата за вакцинирани и невакцинирани.

Па, што да прават невакцинираните?

НЕ бидете злонамерни, НЕ заборавајте и НЕ престанувајте да поставувате прашања!

Едно од првите прашања што треба да го поставиме треба да биде околу тоа дали младите и здрави луѓе кои ненадејно умираат, биле вакцинирани или не. Ова не треба да биде табу, и треба да биде тема за пошироката научна заедница, да дебатира и да учи од тоа.

Знаеме дека сега генералните стапки на смртност се зголемени и дека за смртните случаи на здрави млади возрасни, здравствени агенции ги обвинуваат несаканите ефекти од ковид.

За да се бара примирје и заедно да се работи на барање одговори, на маса мора да бидат и вакцините за ковид. Не е страшно да се праша дали бил вакциниран некој кој умрел ненадејно и од непознати причини. Одговорот ќе нè приближи сите до вистината, потенцијално ќе спаси животи и ќе се знае каде е линијата кога следниот пропаганден настан кој се храни со страв ќе се обиде да нè подели и уништи.

Значи вака, бандо една хејтерска која сега мавта со бело знаме, ве молам запомнете...

Ние НЕМА да ја славиме вашата смрт, ние НЕМА да ви посакуваме ништо лошо, но НЕМА да ви заборавиме што направивте.

доктор Роберт Малоун

*****

Види и:

Пред да ги вакцинирате децата

Живееме во масовна психоза како во наци Германија

Приватно-јавно партнерство во цензурата
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.808
Поени од реакции
7.185
Ај со среќа на младите, време беше Македонија да си ја осознаеме, не туку ко скитници.

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Ај со среќа на младите, време беше Македонија да си ја осознаеме, не туку ко скитници.

Изминативе 3 (ТРИ) години се глобален испит кој ја проучува (не)подготвеноста, (не)заинтересираноста и (не)одлучноста на целото човештво - а особено на младите - да ги одбранат сопствените најосновни човекови слободи и права, почнувајќи од слободата на движење и слободата на мислата. Не право или слобода на национално самоопределување, верски слободи, партиски и идеолошки приказни, туку најосновни човекови слободи и права од кои зависи не само социо-економскиот развој на човекот, туку и општо целокупниот развој на човечката индивидуа.

Досега им велеа дека две игли ги делат од слободата на движење, а каков беше одговорот на човештвото, а особено на мнозинството млади ?

Утре кои услови ќе им ги постават за да можат да си дозволат најосновни човекови слободи и права, и каков ќе биде тогаш одговорот на човештвото, а особено на мнозинството млади ?

Што ти велат досегашните статистики, колку се подготвени и желни да ги бранат основните човекови слободи и права кои ги земаат здраво за готово од раѓање ?
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/najgolemiot-kriminal-protiv-choveshtvoto-vo-istorijata

Најголемиот криминал против човештвото во историјата

29 април 2023 - 21:36

Синтетизирајќи шокантни откритија од анализите на илјадници документи на „Фајзер“, д-р Наоми Волф (Јејл, Оксфорд) рече дека си имаме работа со монструми. „Нема шанса да се избегне заклучокот дека цел им е да ја пореметат човечката репродукција“, вели таа и додава „Тоа е биолошко оружје и ние сме нападнати.“

Долгогодишната Демократка (за оние кои размислуваат политички бинарно) признава дека настаните во последните три години сериозно го нарушиле нејзиниот поранешен поглед на светот и дека она што е сега најважно е „Уставот, слободата (како liberty) и слободата (како freedom)“.

Taa и Стив Банон регрутирале 3.500 научни и медицински експерти за да помогнат во анализа на десетици илјади документи што Фајзер ги има доставено до Агенцијата за храна и лекови за безбедноста и ефикасноста на нивните ковид вакцини.

Агенцијата првично пробуваше да не ги предаде овие документи обидувајќи се да наметне нивна 75 годишна тајност, но судот во Тексас го отфрли нивното барање и првата транша документи беа објавени лани во март.

Овие 3.500 ангажирани експерти биле поделени во шест работни групи за да ги анализираат документите и да креираат извештаи кои ќе бидат достапни и разбирливи за пошироката јавност.

Волф вели дека документите на Фајзер „содржат докази за најголемото злосторство против човештвото во историјата на нашиот вид“.

Во 11 точки даде резиме на некои од работите кои излегоа на виделина:

1. Фајзер знаеле дека вакцината не го запира ковидот, дека имунитетот од нив не само што брзо паѓа туку оди и во таканаречена негативна ефикасност (вакцинираните имаат поголеми шанси да фатат ковид).

2. Брзо откако ги пуштија вакцините, Фајзер фати да вработува 2.400 луѓе да се бават со папирологија на случаите на луѓе кои претпреле оштетувања од нив.

3. Фајзер и Агенцијата четири месеци ја задржувале информацијата дека вакцините прават проблеми со срцето кај млади, додека истовремено со жестока кампања убедија уште илјадници млади да се вакцинираат.

4. Фајзер знаеле дека опасните липидни наночестички од вакцината брзо се дистрибуираат по телото и завршуваат во мозок, црн дроб, се таложат во јајници....

5. Документите на Фајзер, само во првите три месеци регистрираат над 42.000 несакани појави, вклучително и 1.200 смртни случаи, вклучително мозочни удари, хеморагии, згрутчување на крвта, згрутчувања во белите дробови, во нозете, невролошки нарушувања, деменција, Гилијан-Баре, фацијалис....

6. Пред да стане легално, биле вакцинирани над 1.000 деца а документите на Фајзер регистрираат висока стапка на сериозни проблеми.

7. Документите на Фајзер откриваат „експеримент од типот Менгеле... за тоа како да се наруши човечката репродукција.“ Достапни записи на учесници во студија кои зачнале деца покажуваат дека 80% ги изгубиле своите бебиња.

8. Фајзер знаел дека постои опасност за плодноста. Липидните наночестички ја оштетуваат плацентата за време на бременоста, предизвикувајќи предвремени породувања.

9. Документите на Фајзер покажуваат дека липидните наночестички влегуваат и во мајчиното млеко и преку него прават разни белји на бебињата.

10. Биле забележани 16% репродуктивни пореметувања. „Какви се тоа монструми кои ќе најдат 16% репродуктивни пореметувања и ќе продолжат како ништо да не било?“

11. Документите на Фајзер откриваат дека липидните наночестички „ги деградираат машките бебиња во матката“ со тоа што ги минуваат тестисите и оштетуваат два типа клетки кои во суштина се „фабрики на машкоста“. Овие клетки „се одговорни за машката хормонална рамнотежа која создава работи како длабоки гласови, влакна на нивните тела, широки рамења, сите работи што ги поврзуваме со нормалната мажественост. И тоа се деградира“. „Значи, не знаеме дали овие малечки бебиња на вакцинирани мајки ќе можат да пораснат во сексуално функционални возрасни мажи“, предупреди Волф.

Нека ни е на здравје.

https://rumble.com/v2hpryu-naomi-wolf-whats-in-the-pfizer-documents.html
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Во ред било да се протестира против Ковид мерките во Кина :D

Овие Канада, после све што се дешаваше у таа земја, ни срам ни перде, некому ќе солат памет за тоа како е ОКеј да се протестира?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Еј,
денеска пред 500 дена ја снема короната, не е лошо да го прославиме јубилејот.:anco:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Лекот постои уште од пред пандемијата, ама премногу е евтин за да биде масовно користен.

Не дека не беше познат факт, но нека си стои тука за потсетување.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/ivermektinot-ne-chineshe-samo-zatoa-shto-beshe-evtin

Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин

5 ноември 2023 - 19:48

Ивермектинот беше најнапаѓаниот и најомаловажуваниот лек во времето на пандемијата. Корпоративните западни медиуми систематски му правеа хајки, надмено оцрнуваји го како „лек за глисти кај коњи“ а еден од главните гревови му беше што имаше поддршка од нивниот архи-непријател - Доналд Трамп. Но, Трамп беше само фасада на приказната. Кај парите е финтата.

Ивермектинот има скромно потекло: бактеријата која го прoизведува е откриена во примерок од почва во близина на терен за голф во Јапонија (тоа и денес е единственото место во светот каде што ja има). Овој природен лек кој го викаат и народен лек, за здравјето има сторено како ретко кој друг во историјата.

Со добри причини, комитетот за Нобеловата награда го нарече „чудесен лек“ и „прекрасен подарок од земјата“ - и тоа пред ковид ерата.

Се знае дека ја доби Нобеловата награда за медицина во 2015 година за лекување паразитски болести како елефантијазис и речно слепило; се знае дека беше наведен на списокот на СЗО на „есенцијални лекови“; се знае дека помага околу ковид и спасува животи преку различни механизми.

Има уште барем шест карактеристики кои вредат да се наведат:

1. Ја револуционизираше ветеринарната медицина. Кога беше објавен во 1981 година, тој брзо стана најпродаваниот ветеринарен лек во светот, единствен по неговите својства за ефикасно убивање паразити, внатрешно и надворешно. Од домашни миленичиња па до искоренување паразити кај говеда, свињи, овци, кози... заради што може да се каже дека значително придонел за стабилизирање на глобалниот фонд на добиток, односно човечкото снабдување со храна.

2. Активен е против грип и RSV. Ја инхибира репликацијата на вирусот, поради што е вклучен во протоколите за грип и RSV. За тие што патуваат по светов, интересно е да знаат дека е активен и против Зика, Денга, Западен Нил, Жолта треска и ХИВ (тука)

3. Ги намалува воспаленијата низ целото телото, односно има системски антиинфламаторни ефекти.

4. Го подобрува гастроинтестиналниот микробиом со зголемување на нивото на пробиотикот бифидобактериум. Откритието дојде од истражување на д-р Сабине Хазан.

5. Може да помогне во атлетските и спортските перформанси со зголемување на клеточната енергија на срцето. Поедноставно кажано, ивермектинот веројатно им овозможува на клетките на срцевиот мускул поефикасно да создаваат енергија - дури и кога имаат помалку кислород отколку што им треба (како во случај на интензивно вежбање). Може да се прочита овде. Уште на времето луѓе имаат забележано дека тркачки коњи што добивале ивермектин, како да трчаат побрзо. Во тоа време никој не знаел зошто.

И ако тоа е малку, шестата точка е:

6. Има сериозни антиканцерогени својства.

Колку сериозни?

* Ја намалува отпорноста на клетките на ракот на хемотерапија (овде)
* Го инхибира протеинот (PAK1) кој е од суштинско значење за растот на повеќе од 70% од сите видови на рак (овде)
* Покренува повеќе механизми против рак на дојка (овде).

А сега за Мерк, таа славна компанија која прва го разви и донесе ивермектинот на пазар.

Џорџ Мерк има кажано:

„ Ние се трудиме никогаш да не заборавиме дека медицината е за луѓето. Таа не е само за профит. “

Актуелниот менаџмент на Мерк очигледно размислувал поинаку.

Иако прелиминарните наоди сугерирале дека ивермектинот има големи потенцијали против ковид, компанијата одби да ги проучува тие својства, претпочитајќи наместо тоа да го бутка нејзиниот патентиран и скап Молнупиравир.

А тој има занимлива историја:

* Првично развиен од фармацевтската компанија Фармасет, таа го напушта во 2003 година откако ги открила неговите мутагени својства („промовирање на рак“).

* Го превзема Универзитетот Емори, кој обезбеди 26 милиони долари грантови од американските даночни обврзници и му направи неколку измени (овде).

* Правата за него потоа ги купува една небитна „биотехнолошка“ компанија (без лаборатории и без производствени капацитети), управувана од менаџери на хеџ фондови, која брзо им ги продава на Мерк, откако обезбедија права на стотици милиони долари од идните профити (овде).

* Мерк им ги предава на американската влада и обезбедува гаранција за набавка вредна 2,2 милијарди долари, пред лекот да биде одобрен (овде).

* Потоа едвај го минува независниот панел за безбедност на Агенцијата за храна и лекови (ФДА) со 13 гласа за и 10 против (овде).

Сомнежите и дилемите главно биле околу тоа што создава мутации во геномот на вирусот: Дали може тоа истото да го прави и со човечкиот геном? Никој не знае.

* Се појави федерален свиркач и се дигна галама (овде). ФДА тоа го игнорира и продолжува со вонредната лиценца врз основа на една студија која беше рано прекината.

Што покажала таа студија? Од 709 луѓе кои примиле Молнупиравир, 6,8% биле хоспитализирани или починале во одреден период, во споредба со 9,7% од 699 луѓе кои примиле плацебо.

На прост јазик: ако сте лекувале 100 од тие ковид пациенти со шеќерче, 10 завршуваат во болница или мртви; ако таа група сте ја третирале со молнупиравир, 7 пак ќе завршат исто. Така, во споредба со асолутно ништо, лекот им врши работа на само тројца од 100 луѓе. (овде).

Сето ова горенаведено лудило станува уште појасно и повидливо ако директно ги соочите ивермектинот и молнупиравирот:

Ивермектин: 62% подобрување во спроведени 99 студии; еден долар за апче.
Фаворитот на Мерк: 15% подобрување во 34 студии; 707 долари за апче.

Видете и ја оваа табела за „трошоци по спасен живот“:

Ивермектин: 24 долари за да се спаси еден живот од ковид.
Молнупиравир: 137.653 долари за еден спасен живот од ковид.

Што не е јасно?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398

... да се надоврзам на твојот коментар со нашиве настани во здравството околу овие два лека Ивермектин (Ерметин) и Молнупиравир (Lagevrio).

ivermektin.jpg PBS-funding-molnupiravir-hero.jpg

...кога цел свет почнал да го користи Ивермектинот, па таква насочена примена дојде и во нашиве Балкански простори, со што се одржале разни предавање и насоки за примена поготово за матичните лекари, но и на тие кои биле инволвирани во работата на Ковид центрите, со што наголемо се препишуваше, иако кај нас го немаше сеуште званично како лек, па секој се снаоѓаше од околните држави, посебно од Косово (па така процвета шверц комерц на ивермектинот), посебно поедини несовесни здравствени работници на лице место во самите работни места, па и во Ковид центрите ги препродавале на пациентите за 50 Е една кутија (јавна тајна).
...кога се направија напори да го има легално во нашите институции (клиники, болници, аптеки) е сега им се прекина наеднаш продажбата на црно нелегален пат на ивермектин од 50 Е, на увозен ивермектин (Ерметин) кој чинење само 5 Е и сега наеднаш лекот кога постанал достапен и релативно ефтин ја изгубил ефективноста и препораката веќе премина во несоодветна примена за КОВИД19 пациенти.

... со што веќе увезените и набавените количини останале до ден денес по магацините на здравствените институции, па кај да е ако не им помине и рокот на трајноста и сите тие големи количини ќе бидат фрлени, а со тоа пропаднати парични средства за нивна набавка, несоодветно и некоординирано на менаџментот на здравствените институции со Министерството за здравство т.е. министерот.

...за да новот ажурирање на лекот ивермектин стиктно за други дијагнози, но не за КОВИД19 примена
(Last Updated: March 6, 2023)
(Извадок) предлог механизам на дејствување и образложение за употреба кај пациенти со КОВИД-19 се покажа дека ивермектинот ја инхибира репликацијата на SARS-CoV-2 во клеточни култури, сепак, фармакокинетичките и фармакодинамските студии сугерираат дека за постигнување на плазма концентрации неопходни за антивирусна ефикасност откриена in vitro ќе биде потребна администрација на дози до 100 пати повисоки од оние кои се одобрени за употреба кај луѓе, испитувањата не успеаја да најдат клиничка придобивка од употребата на ивермектин за третман на COVID-19, со што се донесе заклучок а со тоа „Ивермектин“ дека не е одобрен или овластен од FDA за третман на COVID-19.

*со тоа Ивермектинот отиде во историја (2021 година), а со тоа и напорите и средствата за негова набавка и легален достапност до пациентите и напразно потрошен буџет, но на повидок се нови преговори за поскап лек за КОВИД19 т.е. Молнупиравир (Lagevrio).

на 10./11.2021 Министерство за здравство донесе решение за негова набавка,

(исто и во Бугарија имало таков предлог за набавка, но биохемичарот академик Вањо Митев препорачал поради голем број несакани ефекти да се врати нарачката, како што направила Франција враќајќи нарачка за 50.000 таблети, инаку за потсетување Молнупиравир бил дизајниран за лекување на грип и хепатитис Ц уште пред 40 години, но никогаш не бил пуштен на пазарот, па сега неговата молекула се обновила во лабораториите на Мерк.

...набавката на Молнупиравир (Lagevrio) се извршила и донирано од Министерство за здравство точно после една година на 10.2022 година до сите поголеми здравствени институции со што највероватно не се потрошило ниедна доза, а со рокот на трајност до 07.2023 година и овој лек отиде во историја на изгубени напори и средства од здраствениот буџет, за што никој не одговара ниту не ја сносува кривицата за погрешен менаџмент во нашето здравство што се исплатува високи сум за советници и секакви експерти кои не си ја извршуваат својата платена работна задача, затоа што секое закаснување и ненавремено реагирање џабе потрошени и фрлени средства за сите антивиротици.

indexнм.jpg 66745.jpg

Xofluza (baloxavir marboxil), Veklury (remdesivir), Actemra (tocilizumab), Lagevrio (molnupiravir).

230582_web.jpg indexлоп.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom