Интересни податоци за стапката на имунизација во САД, преку 90% одредени категории на граѓани се имунизирани (иако оваа година сама по себе ги надмина претходните 2 по бројот на смртни случаи). Второто интересно прашање е околу бустер дозата за Омикрон каде сеуште нема релевантни информации за симптомите, трансмисијата, стапката на смртност, па и дали самата вакцина има ефикасност или не. Фаучи, доктор Фаучи, излезе со став "бустер за сите".
Делта варијантата ја уништи ефикасноста на сите вакцини по сите параментри. Феноменот "колективен имунитет", за кој Филипче секојдневно труби, го направи невозможен. Затоа нема потреба од вакцина за сите старосни категории, иако тоа прашање треба да биде од лична природа.
Кај нас има пад на бројката на заразени. Причините мислам дека се парцијално во вакцината, генерално и доминантно во поволните временски услови (потоплото време) и во недостатокот на мерки и имплементација, контрола и надзор на истите, какви што имаше во западна Европа, каде тука се дозволи на големо стекнување на природен имунитет. Го плативме со скоро 8.000 починати граѓани со/од Корона.