Не се работи за терање пропаганда.
Е па тука лежи зајакот.
Штом размислуваш поинаку од тоа што ти се сервира веднаш добиваш етикета на добро познатите „антиваксер, небањат, гласач на ДПМНЕ, рамноземљаш, теории на заговор“ и сл.
А доколку се вратиме наназад, лесно ќе дојдеме до заклучок дека „теориите на заговор“ од пред 1 година, денес веќе стануваат вистина.
Цела пандемија прстот се вперува во тие што не сакаат да се вакцинираат, а цело време се носат мерки кои никако не придонесуваат за заштита од вирусот. Тука мислам на слободен влез - излез по аеродроми и гранични премини, во време кога сите земји правеа строга селекција кој влегува и излегува, со контрола преку тестови, карантини и слично. А кај нас слободно си се шеташе цела Швајцарија и Косово. За денес да бараат тест за излез од Македонија (мерка која ја има единствено тука). Па полициските часови, 4 дневните карантини само за христијански празници. Па се правеа свадби по 500 луѓе, (имаме етникум за кој не важат постоечките мерки). Па митинзи, па избори, па попис, па пак митинзи, па пак избори. Цела среќа научивме дека додека трае изборниот процес короната магично се повлегува, сепак фокусот е насочен кон друго место
.
И јас сум за тоа. Има вакцини, сметаш дека спаѓаш во ризична група, бујрум вакцинирај се.
Не спаѓам во ризична група, сметам дека не треба да се вакцинирам. Спремна сум да го преземам ризикот и да бидам хоспитализирана и да развијам тешка клиничка слика, па дури и да умрам.
Сега целата приказна е фокусирана на „ако си вакциниран, полесно ќе поминеш, дури и да заболиш“
.
Како поинаку да ги убедиш овие првите што не се вакцинирани, дека треба да примат прва доза вакцина, кога на овие со веќе примени две дози им се дава и трета бустер, затоа што предходните две не биле доволни