Реално малку ми е тешко кога читам и гледам како културни, образовани луѓе имаат еднодимензионални сфаќања за ситуацијава и не пробуваат воопшто да ја гледат големата слика и да ја сфатат другата страна, од што имаат тунел визија и се убедени дека они се во право.
Блиска личност има прележано пред 7-8 месеци и правеше тест за антитела и излезе дека има 400+, медицинско лице ја советуваше да не се вакцинира додека не и спаднале. Истата личност беше пријавена на сите трки и имаше смештај резервирано за сите трки и што треба да прави, намерно да ризикува да си наштети на здравје, само за да може да учествува, бидејќи некој си лапа процент од секоја примена доза? Само да не слушам глупостите дека тоа било само за да се заштитиме сите ние, бидејќи половина од трките немаа ни опција за пцр тест, туку само ако си прележан во последни 45 дена или вакциниран. Ситуацијава е пребизарна, да се молиш да се заразиш ли треба?
Јас не почитувам наметнат авторитет, таков сум уште од мал, таков и ќе останам. И сега ќе држам дур можам. Сум добивал единици по предмети за кој сум знаел се од а до ш порано во школо бидејќи сум се противел на авторитет наметнат со сила и не сум трпел ничиво понижување , а најмалку мое. Ова е наметнување сила и понижување, како и да свртиш. Јас ги пратев сите вакцини како излегуваа, бев на план да се вакцинирам кога ќе соберам доволно информации со кои ќе можам да ја изберам вакцината која би била најадекватна за мене, ама кога настанаа забраниве и форсот за вакцинирање, јас апстинирам од тој чин, или нека кажат дека е задолжително и да не глумиме некоја демократија, или нека спроведат реална незадолжителна вакцинација, ова е се само не право на избор. Мене гајле ми е за кафичи и кафани искрено, одам и така еднаш годишно, ама бајги жртвувам и многу ми се наштетува со забраниве за трките, па и за надвор од државата патувања. Котизации и пари дали се враќаат или не е скроз небитно, времето поминато во спремање за трките никој не може да ти го врати. Има луѓе што ги познавам вакцинирани, што откажаа учество на трките во знак на солидарност, најмногу такви примери знам за Женска трка, браво за потегот.
Уште два момента само ќе додадам. Прво владее страшна репресија и никој не се осудува да објави што се случуваше/случува во државните фирми и како луѓето беа присилени да се вакцинираат, помалку или повеќе суптилно. Дел преку пуштање списоци секоја недела и културни разговори “а ти зошто не си на списокот, а која е причината“, а дел обично тие што се помала позиција директно преку “нема да може да продолжиш на работа тука ако останеш невакциниран, ќе треба да те преместиме/отпуштиме“. И второ, ако сте приметиле муабетот ретардиран со Бил Гејтс и чипови 99% го кажуваат вакцинирани луѓе со цел да направат негативна слика за луѓето што не се вакцинирани од икс причини (вклучувајќи и здраствени), тотално е некоректно да се оцрнува некој и да се прогласува за глуп, небањат, неедуциран.
И никако не можам да разберам луѓето што се вакцинирани и велат дека злосторство против човештвото прават невакцинираните, бидејќи тие биле себични ширеле болести, а истите се на став дека невакцинирани не треба да се примат во болница и поддржуваат меркиве, кој е тука себичен уствари? Хипокризија на ниво.