Слобода и протест против фашистичките ковид мерки. Стоп за присилна вакцинација и дискриминација

Дали треба да има рестрикции само кон невакцинираните граѓани?

  • Да

  • Не

  • Немам мислење

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Несакајќи го злоупотребува детето. Слушам детето плаче, тоа се трауми за дете. Ја разбирам за грижата па и имам слично мислење за децата, но...
И на погрешна врата чука. Треба да се обрати до Комисијата, министерот или до Владата.
Не функционира така, можеш да се залажуваш само, да губиш време, средства и ништо нема да постигнеш. Баш на правото место го прави ова, но грешката и е што е сама. Бар нејзе би требало да и е кристално јасно дека системот не можеш сам да го победиш, или искористи ги слабостите или собери масовност. Дел од наставниците дозволуваат маските под нос да се носат, па во ваков трул систем, тоа е сосема доволно. Основно школо ем е обавезно, ем со устав гарантирано, никакви протоколи не можат да бидат над овие работи. Вработениве се директно одговорни. Бидејќи 99% од родителите не сакаат да се замараат, тогаш нареден период ќе се замараат со здравјето на своите деца. Причина и последица, па родителите сами ќе си се виновни.

Сите мерки треба да се на доброволна основа инаку се враќаме неколку века. Ако некој ресторан, шопинг центар, фирма, сами си одлучат дека само вакцинирани ќе примаат, тоа е нивна одлука, треба да се почитува од сите, а јас ќе одлучам каде ќе трошам парите или вработам. Ако за упис во приватно школо бараат маска преку нос и детето да е вакцинирано, нема што родител да се буни, ете ти други алтернативи и терај. Ама кога е присилно, тоа е веќе друг муабет.

Хитлер протоколите и законите што ги донел, ако немало кој од верниците да ги спроведува, никому ништо. Џандарите никој не ги присилува да притвораат луѓе со по 1 џоинт за лични потреби. Повеќето од нив нели се високо свесни битија, се грижат за безбедноста, иако на никого не му сметаш и никаква штета не си направил, ти го сјебуваат животот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Добро е во Израел веќе континуирано течат протести против ковид пасошите и вакцините. Биле пред куќата на Премиерот, да му кажат нешто мајки шајки. :D

Сношти имало и мал судир со полицијата две жени се повредени.

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Сите мерки треба да се на доброволна основа инаку се враќаме неколку века.
Колку само НЕ!
Државата е тој авторитет што треба да се грижи за јавното здравје/јавното добро. Да државата може, треба и мора да наметнува правила, зошто ако не е така што би било општеството, анархија?
Аман више со тоа право на избор шо сите го тупат, чунки апсолутно право е правото на избор. НЕ Е, не можеш ти да избираш што сакаш. Ако е така да изберам да убијам некој на улица и слободно да продужам да се шетам, зошто ете сум избрал да убијам, така? Или пример зошто да не можам у град да изберам да возам поише од 50 км/ч у 3 сабајле коа нема никој, зошто државата ќе ме казни тогаш?

Задолжителната вакцинација не е ништо чудно и непознато. И сега имаме задолжителни вакцини, ммр, турбекулоза, ХПВ за женските итн итн.

Проблемот сега со оваа вакцина е што државата ја избегнува нејзината одговорност, не ја прави задолжителна, ти вика сам имаш право да одлучиш, ама ако не одлучиш како што мене ми се свиѓа, ќе те санкционирам. Тоа е спорниот момент тука, а не дали може/треба една вакцина да биде или не задолжителна. Спорното е што државата е тиранин, наместо многу елегантно да ја реши ситуацијата и да ја направи задолжителна вакцината. Проблемот е што мене државата ми вика дека можам слободно да изберам за ова, јас не прекршувам ниту едно правило, а ипак сум санцкиониран што не сум „го избрал вистинското“.

И јас сум невакциниран, и ја сум против глупава мерка немаш вакцина нема влагање ваму и таму, ама дајте некои работи гледајте ги објективно.
 
Ќе мора да се ревидираат некој работи со вакцините во иднина, затоа што отидовме предалеку. Претеравме.

Less is more.

Башка улогата на фармацевските компании, кои немаат никаква одговорност ако се случи нешто. Во случајот со Ковид вакцините НИКОЈ НЕМА ОДГОВОРНОСТ.

Затоа мора да сакаш да ја примиш и тоа да го потврдиш со потпис.

Кога ќе одговара некој барем парично, за се што може да се случи, тогаш поинаку ќе биде.

Така да ова е ТИРАНИЈА, во буквална смисла на зборот.

Тероризирање на населението за повисока цел, никогаш не завршило добро, ниту со Јакобинците, ниту со Комунистите, ниту со Црвените Кмери.
 
Од ПРАВНИЦИ страда целово општество. Имаме милион ограничувања, регулативи, закони, а цивилизацијата иде надоле. Уште колку треба ограничувања, регулативи и закони за да ни тргне?

Државата е тој авторитет што треба да се грижи за јавното здравје/јавното добро.
За која држава збориме.... за онаа што за 10 години има потрошено преку 30 милијарди евра, а здравството е на работ на селска штала од 17ти век????

Веќе си голем и искусен за да живееш во илузии, ама ако така ти е поубаво, не те присилувам.

Или пример зошто да не можам у град да изберам да возам поише од 50 км/ч у 3 сабајле коа нема никој, зошто државата ќе ме казни тогаш?
Гледам баш поради законов и тие што го спроведуваат намалени се несреќите, а човечките жртви скоро 0 се, а тие што прелетуваат на црвено, што возат како камикази, што се буткаат меѓу коли и се тоа пред полициски службеници кои мува не ги лази, не постојат.
Значи кој настрадува најчесто со ова што го пиша... некој кој ете во 3 сабајле, кога нема жив петел, на никого не му сметал, никого не натерал да закочи.
ПРАВИ ШТО ТИ СЕ ПРАВИ; АМА НА НИКОГО НЕ СМЕТАЈ.

Ако е така да изберам да убијам некој на улица и слободно да продужам да се шетам, зошто ете сум избрал да убијам, така?
Па па примериве вриштат. Убиј, ако никој не те види и нема докази, нормално слободно ќе си шеташ слободно. А ако си како Кичеец на полна линија (значи свесно, намерно) убива човек и 6 месеци ќе те осудат, а колку ќе одлежиш тоа друг муабет.
Кај Ковидот ако не ти е јасно имаш милиони примери каде позитивен иако бил во присуство на невакциниран и негативен, никому ништо.
А имаш многу примери каде вакцинирани, ПРЕНЕЛЕ на другите. Во овој случај што ти кажува законот, а што ти кажува твојата човечка логика??

Задолжителната вакцинација не е ништо чудно и непознато. И сега имаме задолжителни вакцини, ммр, турбекулоза, ХПВ за женските итн итн.
Или оваа проблематика ти е слабост, немаш искуство или лажеш. Не се задолжителни и не смеат да бидат. Во болница после сам пораѓај не смеат без моја согласност да го чепнат новороденото. Пред пораѓај ќе си ги известиш фино лепо медицинските лица, ќе ти се наљутат, ама нема да го вакцнираат ни со К ни бсж.

Спорното е што државата е тиранин, наместо многу елегантно да ја реши ситуацијата и да ја направи задолжителна вакцината. Проблемот е што мене државата ми вика дека можам слободно да изберам за ова, јас не прекршувам ниту едно правило, а ипак сум санцкиониран што не сум „го избрал вистинското“.
:confused::eek:o_O
Овдека сосема се изгубив. Си признаваш дека била тиранин, па елегантно тиранска мерка да спровеле итн итн. Правниците не знаете кај терате, немате претстава за реалноста. Мислите законот ќе го спречи лавот да ја изеде срната.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ќе мора да се ревидираат некој работи со вакцините во иднина, затоа што отидовме предалеку. Претеравме.

Less is more.

Башка улогата на фармацевските компании, кои немаат никаква одговорност ако се случи нешто. Во случајот со Ковид вакцините НИКОЈ НЕМА ОДГОВОРНОСТ.

Затоа мора да сакаш да ја примиш и тоа да го потврдиш со потпис.

Кога ќе одговара некој барем парично, за се што може да се случи, тогаш поинаку ќе биде.

Така да ова е ТИРАНИЈА, во буквална смисла на зборот.

Тероризирање на населението за повисока цел, никогаш не завршило добро, ниту со Јакобинците, ниту со Комунистите, ниту со Црвените Кмери.
Делумно ќе се сложам, фармацевтските компании ќе почнат да бидат одговорни кога државата ќе почне да си ја врши својата функција, а тоа е да ме штити мене, тебе и сите други. Фармацевтските компании се профитно ориентирани и логично е цело време се саде нови лекови да измислуваат, ама тука регулаторот треба да биде државата која ем ќе им ги ограничи профитите, ем ќе гледа што дозволува да се употребува и како. Ова не дека е само кај нас проблем.

Од ПРАВНИЦИ страда целово општество. Имаме милион ограничувања, регулативи, закони, а цивилизацијата иде надоле. Уште колку треба ограничувања, регулативи и закони за да ни тргне?
За која држава збориме.... за онаа што за 10 години има потрошено преку 30 милијарди евра, а здравството е на работ на селска штала од 17ти век????
Веќе си голем и искусен за да живееш во илузии, ама ако така ти е поубаво, не те присилувам.
Гледам баш поради законов и тие што го спроведуваат намалени се несреќите, а човечките жртви скоро 0 се, а тие што прелетуваат на црвено, што возат како камикази, што се буткаат меѓу коли и се тоа пред полициски службеници кои мува не ги лази, не постојат.
Значи кој настрадува најчесто со ова што го пиша... некој кој ете во 3 сабајле, кога нема жив петел, на никого не му сметал, никого не натерал да закочи.
ПРАВИ ШТО ТИ СЕ ПРАВИ; АМА НА НИКОГО НЕ СМЕТАЈ.
Па па примериве вриштат. Убиј, ако никој не те види и нема докази, нормално слободно ќе си шеташ слободно. А ако си како Кичеец на полна линија (значи свесно, намерно) убива човек и 6 месеци ќе те осудат, а колку ќе одлежиш тоа друг муабет.
Кај Ковидот ако не ти е јасно имаш милиони примери каде позитивен иако бил во присуство на невакциниран и негативен, никому ништо.
А имаш многу примери каде вакцинирани, ПРЕНЕЛЕ на другите. Во овој случај што ти кажува законот, а што ти кажува твојата човечка логика??
Или оваа проблематика ти е слабост, немаш искуство или лажеш. Не се задолжителни и не смеат да бидат. Во болница после сам пораѓај не смеат без моја согласност да го чепнат новороденото. Пред пораѓај ќе си ги известиш фино лепо медицинските лица, ќе ти се наљутат, ама нема да го вакцнираат ни со К ни бсж.
:confused::eek:o_O
Овдека сосема се изгубив. Си признаваш дека била тиранин, па елегантно тиранска мерка да спровеле итн итн. Правниците не знаете кај терате, немате претстава за реалноста. Мислите законот ќе го спречи лавот да ја изеде срната.
Како бе ниедна поента да не можеше да ја сфатиш... како?!
Прво, не туку ми објаснувај дали вакцината функционира или не, тутуле бале си за медицина, исто како и јас, и затоа ако добро читаш, ама буква по буква така, ќе видиш дека не ни навлагам дали вакцината штити од корона и колку. Така да олади на таа тема.
Второ, бсж, ммр, хпв се задолжителни, небитно што мислиш ти. Ставени се во календар за имунизација што се носи секоја година, си пишува кога се прима вакцината и ако твоето дете не ја прими вакцината, нит у градинка ќе иде нит у школо. Уште не сум родител и не знам точно, ама ако не се лажам при упис во градинка/школо бараат потврда да донесеш дека твоето дете ги има примено сите вакцини. И Уставен суд и Европскиот суд за човекови права во Стразбург има одлучено дека барање потврда за вакцини како услов за упис и одбивање да се упише детето ако ги нема примено вакцините, е сосема во ред и во согласност со улогата која државата треба да ја има. Така да олади и за ова.
Трето, јас зборувам како треба да биде, која треба да биде улогата на државата, како треба таа да се однесува, а како се однесува за ова прашање. Тука нема ништо контрадикторно во моите ставови.
Четврто, поентата со примерите за убиство и за speed limit е друга, ама ако сакаш да се најдеме да ти нацртам, оти вака тешко ќе ти објаснам....
И не, општеството не страда од правници, страда од луѓе, меѓу кои има и правници, а мислам и ти си у таа група, што викаат „аа ова митово и корупцијава не уништи, сите крадат, не уништија“ а бараат врски и за мочање и крадат од работа пенкала и хартија... хартијата не се спроведува самата од себе, туку ја спроведуваат луѓе со вакви сфаќања, затоа и ништо не функционира кај нас.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Here we go again. :pipi:

Основното образование, по Устав, е бесплатно и задолжително. Нема елементарна логика детето да не се пушти во училиште затоа што цената (паричната глоба) родителот си ја платил и нема логика тој причинско-последичен однос да го прати детето до крајот на својот живот (се бара и за упис на факултет, како на пример). Дали тоа е форма на дискриминација (Според самиот Уставот, Законот за заштита на правата на пациентите, па и Законот за спречување на дискриминација (има и Резолуции на СЗО, каде и една посебна за Ковид вакцините- Резолуцијата 2361)? Да.

И втора работа, не може да има санкција без правен основ. Тоа веќе го објасни. Државата ме казнува за нешто...кое не е задолжително! Кој пропис го кршам? Никој. Каде е логиката тука? Член 5 од ЕКЧП (притоа треба да има законска основа) или самиот Устав каде се наложува граѓанинот да се грижи и да го унапредува сопственото здравје и здравјето на другите?

Ова е невиден преседан. Како го толкуваш тој член? Дали моторните возила и огревот на дрва, кои придонесуваат за аерозагудувањето, може да бидат составен дел од некои идни рестрикции поради заштитата на јавното здравје? Дали пушењето цигари, кое може да предизвика рак на бели дробови и Х други здравствени проблеми, може да биде дел од идни рестрикции? Дали религиските права (вчера пишував за тоа) на Јеховини те сведоци кои не примаат трансфузија на крв и за време на операција, може да биде предмет на рестрикции? Дали имам право да одбијам лек или лекување кое може да ми го спаси и/или продолжи животот (класичен пр. е и штрејкот со глад), каде е забрането според СЗО? Тука има и сет други права, за детето, на жената, па и сродни права од сферата на здравствената заштита. ЕСЧП одлучи само и само за правото на детето, дека задолжителната вакцина не ги крши неговите права. За останатите треба да важи чл. 11 од Уставот. Згора на сѐ, никаде оваа вакцина не е задолжителна! Ако власта се плаши да земе одговорност, дали нешто премолчува за самата вакцина!?

Тука имаш еден закон за Заштита од заразни болести (чл. 5 или 6), но оваа вакцина не ја сопира трансмисијата и ефикасноста и ефективност за зараза е 0%, а за смрт и за тешка форма за заразување е 35%! Што е со вакцините за сезонски грип, и тие треба да бидат задолжителни! И да, има голема разлика од беснило (присилно се става и на полнолетни граѓани затоа што самата болест, е жувотозагрозувачка) и Ковид со стапка на стртност до 0.2%!

Секоја натамошна рестрикција задира во личните права. Заканата и присилната за задолжителна вакцина, за задржување на работната позиција, е кривично дело.

А власта нема апсолутна моќ да прави што сака. Дали власта може да го затвори Бојан од чиста мира? Може. Дали тоа е правично, од правен аспект. Не. Зошто?

Се сложувам со тебе, само не во делот за авторитетот на државата, чија рамка мора и треба да биде самиот Устав. Ова е класичен Левијатан. :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Прво, не туку ми објаснувај дали вакцината функционира или не, тутуле бале си за медицина, исто како и јас, и затоа ако добро читаш, ама буква по буква така, ќе видиш дека не ни навлагам дали вакцината штити од корона и колку.
Како така кажуваш за други се тутле бале, кога за сам себе велиш дека си тутуле бале... таквите ко тебе не можат да проценат другиот што знае, а што не.
Не може да навлегуваш дали вакцината штити, а бараш мерки од тиранин (сам си кажа)? Па ако не штити вакцинита, тогаш кое оправдувањето на мерките???:confused: Стварно си тутуле бале.

Второ, бсж, ммр, хпв се задолжителни, небитно што мислиш ти. Ставени се во календар за имунизација што се носи секоја година, си пишува кога се прима вакцината и ако твоето дете не ја прими вакцината, нит у градинка ќе иде нит у школо. Уште не сум родител и не знам точно, ама ако не се лажам при упис во градинка/школо бараат потврда да донесеш дека твоето дете ги има примено сите вакцини. И Уставен суд и Европскиот суд за човекови права во Стразбург има одлучено дека барање потврда за вакцини како услов за упис и одбивање да се упише детето ако ги нема примено вакцините, е сосема во ред и во согласност со улогата која државата треба да ја има.
Како бе мое мислење, кога ти кажувам факти :confused: (ептен си тутуле бале)... Замисли има еден куп деца што не се вакцинирани, а идат во градинка и школо?? (ти стварно си тутуле бале, ама и во својата професија). Ене ти го видеото од мајката каде се спомнува за такви деца во школите и ти објаснува како е тоа легално.

Трето, јас зборувам како треба да биде, која треба да биде улогата на државата, како треба таа да се однесува, а како се однесува за ова прашање. Тука нема ништо контрадикторно во моите ставови.
:pos::pos:
Па тоа де, илузиии. Како требало да биде, но нема врска што не е како што требало да биде, ама ќе слепо ќе ги следиме тие што не прават како што треба. Значи натерај ги одговорните, они кои ми земаат даноци, да работат како што треба, па после дојди кажувај ми НЕ. Но полтроните никогаш нема да се осмелат да ги критикуваат одговорните, туку со сета сила ќе ги спроведат наредбите од неефикасние политичари.

Четврто, поентата со примерите за убиство и за speed limit е друга, ама ако сакаш да се најдеме да ти нацртам, оти вака тешко ќе ти објаснам....
Ех да потроше време малку за сопственото здравје, наместо за цртање, нема да беше толкаво тутуле бале.

И не, општеството не страда од правници, страда од луѓе, меѓу кои има и правници, а мислам и ти си у таа група, што викаат „аа ова митово и корупцијава не уништи, сите крадат, не уништија“ а бараат врски и за мочање и крадат од работа пенкала и хартија... хартијата не се спроведува самата од себе, туку ја спроведуваат луѓе со вакви сфаќања, затоа и ништо не функционира кај нас.
Ах бе тутуле бале едно, полтронче невидено.
Прво си признава државата била тиранин и дека одговорните се катастрофа. После како и секој полтрон, вината ја префрла кај народот.
Значи, ти како правник си направил регулатива или закон (со добри намери, ама од немање врска со реалноста,тоа е причина за последиците за кои пишуваш ), поради што јас сум приморан да идам кај системот да барам амин/ дозвола. А таму, како што сам си кажа тиранин е државата, вработени се неписмени и криминалци, како ќе завршам работат, ако не го дадам тоа што ми го бараат. Едноставно си ме приморал да барам дозвола од криминалци и тирани, без да земеш во обзир реалноста кај какви ме праќаш, на какви луѓе си им дал моќ на бог . Тоа се лавовите, а ти се надеваш дека можеби нема да те изедат, или дека некаков закон ќе ги спречи во тоа. Повторно твојата илузија излегува на виделина, ама другите се тутуле бале.

Значи додека не си сигурен какви луѓе ќе поставиш да изиграваат богови, НЕ смее да им се даде моќ. САД благодарение на тоа, станале тоа што се. Секако со тек на време, се шитнаа, па сега ќе си го кркаат и они.

@Dumbledore јас еднаш напишав за тебе дека сум изненаден колку трезвено размислуваш и колку опширно согледуваш на работи иако си адвокат. Кажи дали од правниците кои ги познаваш бар 10% како тебе размислуваат....
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Here we go again. :pipi:

Основното образование, по Устав, е бесплатно и задолжително. Нема елементарна логика детето да не се пушти во училиште затоа што цената (паричната глоба) родителот си ја платил и нема логика тој причинско-последичен однос да го прати детето до крајот на својот живот (се бара и за упис на факултет, како на пример). Дали тоа е форма на дискриминација (Според самиот Уставот, Законот за заштита на правата на пациентите, па и Законот за спречување на дискриминација (има и Резолуции на СЗО, каде и една посебна за Ковид вакцините- Резолуцијата 2361)? Да.

И втора работа, не може да има санкција без правен основ. Тоа веќе го објасни. Државата ме казнува за нешто...кое не е задолжително! Кој пропис го кршам? Никој. Каде е логиката тука? Член 5 од ЕКЧП (притоа треба да има законска основа) или самиот Устав каде се наложува граѓанинот да се грижи и да го унапредува сопственото здравје и здравјето на другите?

Ова е невиден преседан. Како го толкуваш тој член? Дали моторните возила и огревот на дрва, кои придонесуваат за аерозагудувањето, може да бидат составен дел од некои идни рестрикции поради заштитата на јавното здравје? Дали пушењето цигари, кое може да предизвика рак на бели дробови и Х други здравствени проблеми, може да биде дел од идни рестрикции? Дали религиските права (вчера пишував за тоа) на Јеховини те сведоци кои не примаат трансфузија на крв и за време на операција, може да биде предмет на рестрикции? Дали имам право да одбијам лек или лекување кое може да ми го спаси и/или продолжи животот (класичен пр. е и штрејкот со глад), каде е забрането според СЗО? Тука има и сет други права, за детето, на жената, па и сродни права од сферата на здравствената заштита. ЕСЧП одлучи само и само за правото на детето, дека задолжителната вакцина не ги крши неговите права. За останатите треба да важи чл. 11 од Уставот. Згора на сѐ, никаде оваа вакцина не е задолжителна! Ако власта се плаши да земе одговорност, дали нешто премолчува за самата вакцина!?

Тука имаш еден закон за Заштита од заразни болести (чл. 5 или 6), но оваа вакцина не ја сопира трансмисијата и ефикасноста и ефективност за зараза е 0%, а за смрт и за тешка форма за заразување е 35%! Што е со вакцините за сезонски грип, и тие треба да бидат задолжителни! И да, има голема разлика од беснило (присилно се става и на полнолетни граѓани затоа што самата болест, е жувотозагрозувачка) и Ковид со стапка на стртност до 0.2%!

Секоја натамошна рестрикција задира во личните права. Заканата и присилната за задолжителна вакцина, за задржување на работната позиција, е кривично дело.

А власта нема апсолутна моќ да прави што сака. Дали власта може да го затвори Бојан од чиста мира? Може. Дали тоа е правично, од правен аспект. Не. Зошто?

Се сложувам со тебе, само не во делот за авторитетот на државата, чија рамка мора и треба да биде самиот Устав. Ова е класичен Левијатан. :)
Не сме се сфатиле изглеа.
За оваа вакцина, се додека не е задолжителна, не треба и не смејам да трпам последици. Тоа што кај нас, а очигледно и поширокот, правото е инструмент на политиката, е поразително. Затоа и пишав во првиот пост, државата се однесува како тиранин, ми дава „слободен избор“ и ме „тепа“ ако не го „изберам тоа она што го сака“. За скоро се што го пиша во врска со оваа вакцина, при сегашниве околности, имам ист став како тебе.

Другиот дел од постот ми е одговор на мислењето на Бафра дека секоја мерка морала да биде на доброволна основа, зошто иначе ќе сме се врателе во не знам кој век, што не е точно. Правото на избор не е апсолутно право!
Тоа што оваа вакцина во моментов не е задолжителна, не значи дека ниту една вакцина не е или не може да биде задолжителна, напротив, ммр, бсж, хпв и не знам кои други беа, се задолжителни. Исто така веќе е факт дека кога некоја вакцина е задолжителна, не е дискриминација ако одбивањето да ја примиш таа вакцина ќе влијае врз ограничување на твоите права. Затоа го спомнав нашиот Уставен суд кој веќе расправал по тоа прашање: У.бр.84/2019 и У.бр. 93/2015 и Европскиот суд за човекови права: VAVŘIČKA AND OTHERS v. THE CZECH REPUBLIC кој покрај за образованието одлучувал и за правото на приватност на личниот и семејниот живот и нашол дека во ситуација кога државата ја направила задолжителна вакцината, не е неоправдано да ги ограничи правата на тие што не го почитуваат правилото. Исто и нашава Комисија за дискриминација сега брзо донесе мислење дека задолжителните вакцини не се дискриминација ако е причина поради која училиштето одбие да ги упише децата во школо.

Правилото за кога може правата да се ограничуваат е јасно, да е засновано на закон, да има легитимна цел и да е пропорционално на целта што сака да се постигне. Така што, да, за другите случаи што си ги набројал, ако се исполнети овие 3 услови, секако дека може да се ограничи и друго право. Пример за пушењето еден период и имаше ограничувања, пример не можеш да пушиш во угостителски објект. Не е дека беше некое уау ограничување, ама какво такво беше, така што не е спорно дека државата може да ограничува права, пак ќе кажам, ако е засновано на закон, брка легитимна цел и е пропорционално.

Еве ти една дилема за примерот со Јеховините сведоци, ако ја сум дел од тоа верување или како и да се вика, и ако речам на операција дека нејќам трансфузија, дали ако умрам на операционата маса, што е веројатно зошто факт е дека ќе губам крв, е доволно оправдување за докторот да не одговара за несовесно лекување болни или неукажување медицинска помош?
Никое право не е апсолутно, освен забраната за тортура и мачење. Па и правото на живот не е апсолутно, а што е пишано во став 2 од членот 2 од Европската конвенција за човекови права. Така што правото на избор никако не може да биде бог и батина, како што цело време се труби во нашево ни општество.

Пак ќе повторам на крај, се додека ковид вакцинава е незадолжителна, сегашново постапување е тиранија.

Иначе Закон за здравствена заштита според мене е правната основа за правење на вакцина да е задолжителна, програмата за имунизација се носи според тој закон, а мислам сега и во Законот за заштита на населението од заразни болести и се дава можност на државата да наложи вакцинација.
Автоматски споено мислење:

Како така кажуваш за други се тутле бале, кога за сам себе велиш дека си тутуле бале... таквите ко тебе не можат да проценат другиот што знае, а што не.
Не може да навлегуваш дали вакцината штити, а бараш мерки од тиранин (сам си кажа)? Па ако не штити вакцинита, тогаш кое оправдувањето на мерките???:confused: Стварно си тутуле бале.

Како бе мое мислење, кога ти кажувам факти :confused: (ептен си тутуле бале)... Замисли има еден куп деца што не се вакцинирани, а идат во градинка и школо?? (ти стварно си тутуле бале, ама и во својата професија). Ене ти го видеото од мајката каде се спомнува за такви деца во школите и ти објаснува како е тоа легално.

:pos::pos:
Па тоа де, илузиии. Како требало да биде, но нема врска што не е како што требало да биде, ама ќе слепо ќе ги следиме тие што не прават како што треба. Значи натерај ги одговорните, они кои ми земаат даноци, да работат како што треба, па после дојди кажувај ми НЕ. Но полтроните никогаш нема да се осмелат да ги критикуваат одговорните, туку со сета сила ќе ги спроведат наредбите од неефикасние политичари.

Ех да потроше време малку за сопственото здравје, наместо за цртање, нема да беше толкаво тутуле бале.

Ах бе тутуле бале едно, полтронче невидено.
Прво си признава државата била тиранин и дека одговорните се катастрофа. После како и секој полтрон, вината ја префрла кај народот.
Значи, ти како правник си направил регулатива или закон (со добри намери, ама од немање врска со реалноста,тоа е причина за последиците за кои пишуваш ), поради што јас сум приморан да идам кај системот да барам амин/ дозвола. А таму, како што сам си кажа тиранин е државата, вработени се неписмени и криминалци, како ќе завршам работат, ако не го дадам тоа што ми го бараат. Едноставно си ме приморал да барам дозвола од криминалци и тирани, без да земеш во обзир реалноста кај какви ме праќаш, на какви луѓе си им дал моќ на бог . Тоа се лавовите, а ти се надеваш дека можеби нема да те изедат, или дека некаков закон ќе ги спречи во тоа. Повторно твојата илузија излегува на виделина, ама другите се тутуле бале.

Значи додека не си сигурен какви луѓе ќе поставиш да изиграваат богови, НЕ смее да им се даде моќ. САД благодарение на тоа, станале тоа што се. Секако со тек на време, се шитнаа, па сега ќе си го кркаат и они.

@Dumbledore јас еднаш напишав за тебе дека сум изненаден колку трезвено размислуваш и колку опширно согледуваш на работи иако си адвокат. Кажи дали од правниците кои ги познаваш бар 10% како тебе размислуваат....
Не бе, со тебе нема цел да се збори :pos: :pos: :pos:
Саде експерти на секоја тема, а државава пропаѓа.
И друже, јас не сум им дал моќ на „лавовите“, си ги гласал ти ;)
Ајт со здравје.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Пак ќе повторам на крај, се додека ковид вакцинава е незадолжителна, сегашново постапување е тиранија.
o_Oo_Oo_O
Демек ако е закон, тогаш не е тиранија. Па сите досегашни владетели што ги нарекувавте диктатори / тирани, сите владеат според донесени закони, инаку врз основа на што ќе ги притвориш, а после и осудиш, ако не, бидејќи прекршиле некаков закон. Грујо кој донесе 1000ци закони и регулативи нели беше диктаторче... утре ќе донесат закон, народот да плаќа 50% данок или да им се остави само минимален имот и бидејќи е закон, тоа е ок, не е тиранија :confused: . Само Зајко и избраните смеат да садат марихуана, друг никој, ама тоа е демократија, бидејќи си има закон.
Ти следи си слепо законите, твој избор, ама во одреден момент може дојде до ситуација каде дел од народот ќе му дојде преку глава и меѓусебе очи ќе си вадиме. Тогаш земи цитирај им закони па кажи како ќе завршиш.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Не сме се сфатиле изглеа.
За оваа вакцина, се додека не е задолжителна, не треба и не смејам да трпам последици. Тоа што кај нас, а очигледно и поширокот, правото е инструмент на политиката, е поразително. Затоа и пишав во првиот пост, државата се однесува како тиранин, ми дава „слободен избор“ и ме „тепа“ ако не го „изберам тоа она што го сака“. За скоро се што го пиша во врска со оваа вакцина, при сегашниве околности, имам ист став како тебе.

Другиот дел од постот ми е одговор на мислењето на Бафра дека секоја мерка морала да биде на доброволна основа, зошто иначе ќе сме се врателе во не знам кој век, што не е точно. Правото на избор не е апсолутно право!
Тоа што оваа вакцина во моментов не е задолжителна, не значи дека ниту една вакцина не е или не може да биде задолжителна, напротив, ммр, бсж, хпв и не знам кои други беа, се задолжителни. Исто така веќе е факт дека кога некоја вакцина е задолжителна, не е дискриминација ако одбивањето да ја примиш таа вакцина ќе влијае врз ограничување на твоите права. Затоа го спомнав нашиот Уставен суд кој веќе расправал по тоа прашање: У.бр.84/2019 и У.бр. 93/2015 и Европскиот суд за човекови права: VAVŘIČKA AND OTHERS v. THE CZECH REPUBLIC кој покрај за образованието одлучувал и за правото на приватност на личниот и семејниот живот и нашол дека во ситуација кога државата ја направила задолжителна вакцината, не е неоправдано да ги ограничи правата на тие што не го почитуваат правилото. Исто и нашава Комисија за дискриминација сега брзо донесе мислење дека задолжителните вакцини не се дискриминација ако е причина поради која училиштето одбие да ги упише децата во школо.

Правилото за кога може правата да се ограничуваат е јасно, да е засновано на закон, да има легитимна цел и да е пропорционално на целта што сака да се постигне. Така што, да, за другите случаи што си ги набројал, ако се исполнети овие 3 услови, секако дека може да се ограничи и друго право. Пример за пушењето еден период и имаше ограничувања, пример не можеш да пушиш во угостителски објект. Не е дека беше некое уау ограничување, ама какво такво беше, така што не е спорно дека државата може да ограничува права, пак ќе кажам, ако е засновано на закон, брка легитимна цел и е пропорционално.

Еве ти една дилема за примерот со Јеховините сведоци, ако ја сум дел од тоа верување или како и да се вика, и ако речам на операција дека нејќам трансфузија, дали ако умрам на операционата маса, што е веројатно зошто факт е дека ќе губам крв, е доволно оправдување за докторот да не одговара за несовесно лекување болни или неукажување медицинска помош?
Никое право не е апсолутно, освен забраната за тортура и мачење. Па и правото на живот не е апсолутно, а што е пишано во став 2 од членот 2 од Европската конвенција за човекови права. Така што правото на избор никако не може да биде бог и батина, како што цело време се труби во нашево ни општество.

Пак ќе повторам на крај, се додека ковид вакцинава е незадолжителна, сегашново постапување е тиранија.

Иначе Закон за здравствена заштита според мене е правната основа за правење на вакцина да е задолжителна, програмата за имунизација се носи според тој закон, а мислам сега и во Законот за заштита на населението од заразни болести и се дава можност на државата да наложи вакцинација.
Автоматски споено мислење:

Не бе, со тебе нема цел да се збори :pos: :pos: :pos:
Саде експерти на секоја тема, а државава пропаѓа.
И друже, јас не сум им дал моќ на „лавовите“, си ги гласал ти ;)
Ајт со здравје.
Разбирам што пишуваш, затоа после коронава, мора да се политизираат сите вакцини и да се доведи малце ред во оваа калакурница.

Мора да се пристапи со less is more пристап за вакцините.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
@Dumbledore јас еднаш напишав за тебе дека сум изненаден колку трезвено размислуваш и колку опширно согледуваш на работи иако си адвокат. Кажи дали од правниците кои ги познаваш бар 10% како тебе размислуваат....
RQ2S.gif

пи.ес. Болд: нит сум бил, нит ќе бидам. :icon_mrgr:
Не сме се сфатиле изглеа.
Се сфаќаме и не се сложуваме. :icon_mrgr:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
:D Не знам дали е вистина, хакери ги избришале сите податоци за ковид пасоши во Бразил. Ама имале бакуп. Само ова не е прв пат и лани вака ги штавија, тоа значи дека ако можат да ги избришат можат и да ги земат сите податоци.
50 терабајти ?

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Под слични слогани не убедуваат да се вакцинираме во моментов, ни ветуваат 'слобода' ако се вакцинираме.

Фашистите на влезовите на концентрационите логори имале натпис 'Работата ослободува'

Полски пратеници на протест носеле транспарентни „Вакцинацијата ослободува“ и „Нирнберг 2.0“, остри осуди на музејот во Аушвиц (ВИДЕО)

Kajgana Shop

На врв Bottom