Слобода и протест против фашистичките ковид мерки. Стоп за присилна вакцинација и дискриминација

Дали треба да има рестрикции само кон невакцинираните граѓани?

  • Да

  • Не

  • Немам мислење


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.590
Поени од реакции
26.100
дамби, секој втор од вас верува дека земјата е рамна а секој трет верува дека владата од сенка на чело со рокфелер и гуштерите не управува. Затоа никој не ги сфаќа озбилно вашите аргументи и муабети.

Вие уствари сакате све по старо да биде а не разбирате дека тоа е невозможно и вашето одбивање да се адаптирате создава поделби. Ефтини ликови што шират страв и параноја како Роган и Фокс ве користат за себе промоција и праење кеш.
Муабетов ти е ко на фундаменталистичките атеисти, кои користат методи на јеховини сведоци за ширење на своите ставови.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не сум антиваксер, не верувам во теории на заговор, само сметам дека немам потреба од вакцина. А оние кои се загрозени можат слободно да се вакцинираат. Башка тоа што и ти си преносител. Затоа не треба сите кои не се вакцинираат и не им се допаѓаат мерките да ги оквалификуваш како антиваксери. :)

Мерките се крајно идиотски и нелогични. Знаеш, дискриминација е ако циганчињата не се пуштаат набазен и ако булките не добиваат работно место затоа што се булки, но не е дискриминација ако некој кој не е вакциниран со незадолжителна вакцина не може да посети одреден објект!? Притоа во затворено мора да се носи маска (нели, маските едно време беа подобри дури и од вакцина!)! Што загрозувам и кого загрозувам ако седнам со некоја, на отворено, во некој кафич!? :)
Ти можеби не веруваш во теории на заговор, но меѓу невакцинираните огромно мнозинство се тие што веруваат. И на овие протести најмалку се збореше за мерките. Се сечеа маски, докторите се нарекуваа убијци, а набилдани батки збореа за киднапирање деца во Србија.

Точно дека сите што не се вакцинирани не се и антиваксери. Тоа никаде не сум го пишал. Имам блиски луѓе кои сакаат да се вакцинираат а во моментот не можат од други медицински причини.

Но овие антиваксери кои лупаат глупости за чипирање, за фетуси во вакцините, за заговори и кои го негираат постоењето на вирусот ги ставам на исто ниво со рамноземјашите и тие што веруваат дека светот го водат рептили. Ваквите заслужуваат само јавен потсмев и на никаков друг начин не треба да им се посветува внимание.

За мерките може да се дискутира, но на еден понормален начин. Самото расфрлање на термини како "фашистички" е примитивно и нечовечки.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.689
Во секој табор има лудаци и крајности.

Во секој табор треба да се слушаат разумните и оние кои имаат реални примери за нештата. Така се поправаат работите и сите би биле задоволни

На размисли од лудаци и крајности се повикуваат само оние кои сакаат да ја дискредитираат другата страна - тие исто така не се слушаат. Бидејќи и тие се фашисти само од другиот табор.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.590
Поени од реакции
26.100
Ти можеби не веруваш во теории на заговор, но меѓу невакцинираните огромно мнозинство се тие што веруваат. И на овие протести најмалку се збореше за мерките. Се сечеа маски, докторите се нарекуваа убијци, а набилдани батки збореа за киднапирање деца во Србија.

Точно дека сите што не се вакцинирани не се и антиваксери. Тоа никаде не сум го пишал. Имам блиски луѓе кои сакаат да се вакцинираат а во моментот не можат од други медицински причини.

Но овие антиваксери кои лупаат глупости за чипирање, за фетуси во вакцините, за заговори и кои го негираат постоењето на вирусот ги ставам на исто ниво со рамноземјашите и тие што веруваат дека светот го водат рептили. Ваквите заслужуваат само јавен потсмев и на никаков друг начин не треба да им се посветува внимание.

За мерките може да се дискутира, но на еден понормален начин. Самото расфрлање на термини како "фашистички" е примитивно и нечовечки.
А демек сите вакцинирани све се паметни и разумни луѓе со IQ > 140 и никад не лупаат глупости и се имуни на теории на заговор. Да не спомнувам дека истите оние апологети на вилипче и на ковид вакцинацијата(терминот им беше спорен па го променија), кажуваа благо речено пародични теории на заговор за егзекуцијата на децата во Смилковци или настаните во Диво Насеље...

Јас протестите не ги поддржувам баш од тие причини што ги збориш, меѓутоа неможам да не си помислам дека истите оние кои дебело ќаруваат од оваа вакцина (за која BTW кажав валидни факти доволни за сомнеж) ги шират истите овие гласини меѓу наивните, за да ги деградираат валидните сомнежи. Баш добар пример сте ти и Рон тука, според начинот на којшто ги класифицирате фактите. Замижувате и на валидните, само затоа што некои луѓе лупаат глупости.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
За мерките може да се дискутира, но на еден понормален начин. Самото расфрлање на термини како "фашистички" е примитивно и нечовечки.
Ете јас немам никаква оправдана причина и не сакам да се вакцинирам. Сметам дека немам потреба. Вакцината е лично добро, самиот треба да се заштитиш од вирусот, ако имаш потреба и желба. А оние, твои блиски кои не можат да се вакцинираат, може да се заразат и од вакциниран и од невакциниран член. Таква е вакцината, за жал.

Сега, зошто да не може да протестирам против фашистичките (технички, нацистички, ама ај) мерки? Мерките не се функционални. Имаме секојдневно по ~30 починати, по 2.000 вакцинирани дневно и удираат само и само по бизнис секторот. Трпат оние кои имаат продавници по моловите, имаат ресторани, кафани, кафичи, казина и кладилници. Посетеноста на моловите е опадната за 60%! Истите наскоро ќе удрат по своите вработени! Кој губи?

Не ми одговори. Ако јас можам некоја да ја однесам дома на кафе, можам да седнам во парк, зошто да не можам во кафич на отворено? Зошто да не можам во Мол со маска? Можеше цела година уназад, немаше проблем околу ширењето на вирусот по моловите, а сега тоа е проблем!

Ова се и апсурдни мерки. :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.992
За мерките може да се дискутира, но на еден понормален начин. Самото расфрлање на термини како "фашистички" е примитивно и нечовечки.
Мерките се фашистички. Најглупаво е што идат од таканаречени либерали, демократи и социјалисти.

Ќе квичат по некое време заради ова. Во заблуда се што мислат дека тука не важи, мое тело, мој избор.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
А демек сите вакцинирани све се паметни и разумни луѓе со IQ > 140 и никад не лупаат глупости и се имуни на теории на заговор. Да не спомнувам дека истите оние апологети на вилипче и на ковид вакцинацијата(терминот им беше спорен па го променија), кажуваа благо речено пародични теории на заговор за егзекуцијата на децата во Смилковци или настаните во Диво Насеље...

Јас протестите не ги поддржувам баш од тие причини што ги збориш, меѓутоа неможам да не си помислам дека истите оние кои дебело ќаруваат од оваа вакцина (за која BTW кажав валидни факти доволни за сомнеж) ги шират истите овие гласини меѓу наивните, за да ги деградираат валидните сомнежи. Баш добар пример сте ти и Рон тука, според начинот на којшто ги класифицирате фактите. Замижувате и на валидните, само затоа што некои луѓе лупаат глупости.
Темата е конкретно за вакцините, така да дали некој се расфрлал со други теории на заговор е веќе друга тема. Инаку секако дека и меѓу вакцинираните има такви што веруваат во се' и сешто.

Јас ете не гледам подобар начин да се неутрализира оваа пандемија освен преку имунизација на населението. Ако некој не сака да се вакцинира, негово право. Но тоа не му дава право да шири лаги и паника, ниту да го загрозува моето здравје и безбедност.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.590
Поени од реакции
26.100
Мерките се фашистички. Најглупаво е што идат од таканаречени либерали, демократи и социјалисти.

Ќе квичат по некое време заради ова. Во заблуда се што мислат дека тука не важи, мое тело, мој избор.
Либерали - логика, Магаре - музика
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Но тоа не му дава право да шири лаги и паника, ниту да го загрозува моето здравје и безбедност.
Значи, ако си имунизиран, ти си заштитен. Технички и фактички ти можеш да го загрозиш моето здравје, затоа што јас не сум заштитен. :)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ете јас немам никаква оправдана причина и не сакам да се вакцинирам. Сметам дека немам потреба. Вакцината е лично добро, самиот треба да се заштитиш од вирусот, ако имаш потреба и желба. А оние, твои блиски кои не можат да се вакцинираат, може да се заразат и од вакциниран и од невакциниран член. Таква е вакцината, за жал.

Сега, зошто да не може да протестирам против фашистичките (технички, нацистички, ама ај) мерки? Мерките не се функционални. Имаме секојдневно по ~30 починати, по 2.000 вакцинирани дневно и удираат само и само по бизнис секторот. Трпат оние кои имаат продавници по моловите, имаат ресторани, кафани, кафичи, казина и кладилници. Посетеноста на моловите е опадната за 60%! Истите наскоро ќе удрат по своите вработени! Кој губи?

Не ми одговори. Ако јас можам некоја да ја однесам дома на кафе, можам да седнам во парк, зошто да не можам во кафич на отворено? Зошто да не можам во Мол со маска? Можеше цела година уназад, немаше проблем околу ширењето на вирусот по моловите, а сега тоа е проблем!

Ова се и апсурдни мерки. :)
Ти кажав дека дали некој е за или против вакцина и дали е за или против мерките се две различни работи. За мене конкретно - јас сум за вакцина, но сметам дека мерките не се идеални и добро смислени. А сум против вакви протести. Пишав веќе зошто, да не се повторувам.

Главниот проблем е што мнозинството луѓе што протестираат немаат проблем само со вакцините. Тие имаа проблем и со карантинот лани, не носат маски, го негираат вирусот, тврдат дека не можат да се заразат ако јадат со едно лажиче... Проблемот е многу поширок.

Не може некои да внимаваме, да се откажеме од куп работи, да се грижиме за блиските што се во ризични групи, а некои цело време да го саботираат тоа од небулозни причини.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.590
Поени од реакции
26.100
Темата е конкретно за вакцините, така да дали некој се расфрлал со други теории на заговор е веќе друга тема. Инаку секако дека и меѓу вакцинираните има такви што веруваат во се' и сешто.

Јас ете не гледам подобар начин да се неутрализира оваа пандемија освен преку имунизација на населението. Ако некој не сака да се вакцинира, негово право. Но тоа не му дава право да шири лаги и паника, ниту да го загрозува моето здравје и безбедност.
Генерално гледано, јас и верувам сите разумни, се против присилната вакцинација, а не против вакцинацијата воопшто. Мојот став не е ради тоа што не чипираат, затоа што јудео-масоните сакаат да не владеат, затоа што гуштерите сакаат да не убијат, затоа што илуминатите ќе не продаваат на ѓаволот или било што друго. Едноставно мојот став е дека вакцинацијата, во основа не ја оправдува својата корисност во дадениов случај. Позади тој став стојат доволен број на научници и стручњаци, серија настани и одлуки на официјалните лице довеле до уште поголем сомнеж и така натаму. А мерките што се изречени на ниеден начин не помагаат да се сузбие пандемијата (пошто вакцинираните пренесуваат и се заболуваат), туку се насочени директно против невакцинираните.

Башка истиот оној кој повикува на вакцинација, малтене ја релативизира својата одговорност за смрт на 15 лица. Ќе речеш дека не е тука темата... Но игра улога тежината на зборот чиишто став промовираш. Тие што лупаат глупости за вакцината се обични луѓе, без никаква тежина во нивните муабети. Човеков е министер.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ти кажав дека дали некој е за или против вакцина и дали е за или против мерките се две различни работи. За мене конкретно - јас сум за вакцина, но сметам дека мерките не се идеални и добро смислени. А сум против вакви протести. Пишав веќе зошто, да не се повторувам.

Главниот проблем е што мнозинството луѓе што протестираат немаат проблем само со вакцините. Тие имаа провлем и со карантинот лани, не носат маски, го негираат вирусот, тврдат дека не можат да се заразат ако јадат со едно лажиче... Проблемот е многу поширок.

Не може некои да внимаваме, да се откажеме од куп работи, да се грижиме за блиските што се во ризични групи, а некои цело време да го саботираат тоа од небулозни причини.
На прашањето за вакцината, сметам дека сите над 50 и сите под 50 кои се хронично болни, треба да се вакцинираат. Но оваа вакцина нема да стави крај на пандемијата. Ефикасноста е 50-66%, и тоне после секоја мутација.

Јас сум против мерките. Треба на сила да биде само мерката маска во затворен простор. Другите мерки се апсурдни и нелогични. Мора државата полека да се отвора. Ете и со мерки имаме ~30 починати на ден!

Вакцината е личен избор, посебно кога не е задолжителна. Мерките се нацистички, тоа е политичка етикета. Или нека постојат за сите или за никој.

А оние кои не носат маски, не носат и на други места, не само на протестите. :)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.942
Сите оние кои се против фашисточките ковид мерки на владата. Сите тие што се вакцинирале и се каат или се против вакцинацијата во оваа тема ќе се коментира за тоа.
Посетете ја и зачленете се во групата за актуелни новости .


Ајде Македонијо време е за будење излезете на протест на 18.09.20121 (сабота) 17.00 часот пред собранието на Република Македонија и борете се за вашата слобода. Да кажеме НЕ за присилнат6а вакцинација.
Да излеземе во одбрана на нашата Слобода која што ни е одземена од страна на Власта!!
Против незаконските мерки на владата!!!
Вратете ни ја слободата назад ПО СЕКОЈА ЦЕНА!!!!!!
Цел свет протестира се бори за слободата зошто не и ние.
Чедо ќе гориш во пеколот!
1631977001180.png
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Мерките се фашистички. Најглупаво е што идат од таканаречени либерали, демократи и социјалисти.

Ќе квичат по некое време заради ова. Во заблуда се што мислат дека тука не важи, мое тело, мој избор.
Употреба на термини како фашистички и нацистички е во најмала рака невкусна и е навреда за сите луѓе што низ историјата биле жртви на овие идеологии. Изедначување на геноцид со неможност за пиење кафе во кафич е нехумано.

И во услови на пандемија најмалку е важно дали некој е либерал, социјалист или конзервативец. Тие што не се вакцинираат "од инает према Заев и Филипче" се па посебна категорија...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.992
Е ова истово лани, цело СДСМ го правеше. Нон стоп. Ниедна мерка не важеше за нив. Посебно не за Филипче и Заев.

Истото е со воке либераливе во САД.

1631977487406.png

On Friday’s broadcast of HBO’s “Real Time,” host Bill Maher reacted to pictures of the Met Gala showing servers at the event wearing masks but not the attendees by saying that doing so is “not liberal” and wondered, “do the germs know who the good people are?”

Maher said, “I was looking at the pictures from the Met Gala…I noticed something that I’ve seen, having been out at a few parties since the pandemic began, and that is, the people going to the party don’t wear masks. But the servers wear masks. … I mean, that just — there’s something about this that’s not liberal to me. I mean, these are the liberal swells of the world, and — but if we’re all vaccinated and — do the germs know who the good people are? It just seems a little wrong.”

He added, “Let’s just make the help wear the masks, that’s the liberal approach?”

Maher further stated that if you want people to wear masks, “don’t lie and do stupid stuff with them.”
Автоматски споено мислење:

Употреба на термини како фашистички и нацистички е во најмала рака невкусна и е навреда за сите луѓе што низ историјата биле жртви на овие идеологии. Изедначување на геноцид со неможност за пиење кафе во кафич е нехумано.

И во услови на пандемија најмалку е важно дали некој е либерал, социјалист или конзервативец. Тие што не се вакцинираат "од инает према Заев и Филипче" се па посебна категорија...
Не само што се фашистички, туку чувствувам двојна дискриминација.

Прво затоа што, ниту една мерка не важи во северозападна Македонија.
Второ заради нешто што е само мој личен избор.

Дали си вакциниран или не исто заразуваш.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom