Сличности и разлики

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Инспирирано од тема на стенд ап комедија на Џорџ Карлин.

Човекот зборува за тоа колку сите се напињаме со тоа кој е во што различен, подобар полош, а сите забораваме на сличностите. Секојдневни ситни, крупни, заеднички нешта, нешта што сите ги правиме исто, ни се случуваат на истиот начин.

Човекот наведува неколку нешта, на пример, кога се фаќаме за куфер, кој мислиме дека е полн, а всушност не е, и го корнеме бујквално од земја, и на краток момент се чувствуваме силни, или пак кога погледнуваме во саатот и незнаеме колку е саат, погледнуваме пак, и пак не знаеме колку е саат. Или одиме до кујна, а не знаеме зашто. Го отвараме фрижидерот, без никаква причина, погледнуваме што има внатре и го затвараме.

Тоа ме занима всушност, зашто увек темата на муабет за сличности и разлики меѓу луѓето, всушност е тема за разлики меѓу луѓето, и меѓусебно надпреварување?

Зошто секогаш мора да бараме разлики, наместо да бараме сличности?

Впрочем, колку и да бараме разлики, секогаш има повеќе сличности, тргнувајки од тоа дека сите ние сме луѓе.
 
Hatred

save.exit.planet
Член од
17 мај 2010
Мислења
83
Поени од реакции
4
некогаш сличностите не поврзуваат но несакаш да бидеш ист со другата личност...различностите се побитни за сите нас..за секој муабет поглед или допир мислам дека се по битни различностите од сличностите..затоа и повеќе ги бараме нив..
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Денес најсилно е нагласен индивидуализмот,човекот почна да се срами од себе доколку е ист како и сите други.Постојано се повторува една иста работа,истакни,одвој се а најголемата иронија е што повторно остануваме исти.Туѓите очи горе долу еднакво не гледаат,изгледа поентата на различноста е ние да почнеме да живееме подобро со самите себе,и така додека не го стекнеме потребното животно искуство за да станеме како оној мудрецот кај кој дошло едно момче да го научи за суштината.Му рекол оди размислувај а потоа напиши ми што почувствува,првиот пат момчето напишало цел реферат и долга филозофија,мудрецот на тоа одговорил ништо не научил.Во второто писмо кое пристигнало по подолго време стигнал сличен текст но пократок.Мудрецот пак рекол,ништо не научил.А потоа минувале денови ,месеци години ,момчето ништо не пишувало.Мудрецот сам му пишал и го прашал И што е суштината.Момшето му пратило празен лист хартија.
Така многу често она што не прави различни со тек на време се слева во останатото,сепак никогаш нема да ја изгубиме способноста да ја истакнуваме повеќе различноста.Така се чувствуваме подобро.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
некогаш сличностите не поврзуваат но несакаш да бидеш ист со другата личност...различностите се побитни за сите нас..за секој муабет поглед или допир мислам дека се по битни различностите од сличностите..затоа и повеќе ги бараме нив..
Нема логика, кога бараш девојка, бараш сличности, не контрасти.

Денес најсилно е нагласен индивидуализмот,човекот почна да се срами од себе доколку е ист како и сите други.Постојано се повторува една иста работа,истакни,одвој се а најголемата иронија е што повторно остануваме исти.Туѓите очи горе долу еднакво не гледаат,изгледа поентата на различноста е ние да почнеме да живееме подобро со самите себе,и така додека не го стекнеме потребното животно искуство за да станеме како оној мудрецот кај кој дошло едно момче да го научи за суштината.Му рекол оди размислувај а потоа напиши ми што почувствува,првиот пат момчето напишало цел реферат и долга филозофија,мудрецот на тоа одговорил ништо не научил.Во второто писмо кое пристигнало по подолго време стигнал сличен текст но пократок.Мудрецот пак рекол,ништо не научил.А потоа минувале денови ,месеци години ,момчето ништо не пишувало.Мудрецот сам му пишал и го прашал И што е суштината.Момшето му пратило празен лист хартија.
Така многу често она што не прави различни со тек на време се слева во останатото,сепак никогаш нема да ја изгубиме способноста да ја истакнуваме повеќе различноста.Така се чувствуваме подобро.
И тоа е сличност. :)

Сепак и јас спаѓам во тие што прво ги воочуваат разликите, што во принцип не ми се допаѓа. Многу е некако, фак незнам да се изразам...себично, дигнато нешо така..
Од друга страна, ги гледам сличностите кај луѓето што ме интересираат и опколуваат, не ми се потребни разликите, иако има случаеви каде што преовладуваат..
Сепак не ми се свиѓа таа човечка психологија, да се разликуваме меѓусебно повеќе одколку да ги цениме сличностите.

Човеков е комплетно во право, иако го прави во стенд ап комедија муабетот.
 
T

theTinule

Гостин
Јас мислам дека секој сака да најде сличности, но барајќи подлабоко, наидува само на разлики.
Никој не ги гледа тие работи како тоа дека сите сме луѓе или дека на сите ни се случило да погледнеме во саатот и да го тргнеме погледот и пак да незнаеме колку е саат.
Да не речам, ама искрено, тоа е малку површно. Со други зборови, се подразбира и затоа никој не приметува.
Луѓето не се интересираат за таквите работи, се интересираат за карактерот на личноста која сакаат да ја запознаат.
They dig deeper.
Нормално, нема да најдеш личности со ист карактер, но се обидуваш да најдеш барем слични карактери.
Барајќи сличности, наидуваш само на разлики. Разликите не ти се допаѓаат, па затоа им обрнуваш повеќе внимание.
Тоа не им се допаѓа и затоа обрнуваат поголемо внимание на тоа.
Исто и со сличностите и разликите, ние бараме сличности кои би ги ценеле, но не бараме површно, туку подлабоко.
А да најдеш сличност во нечиј карактер со твојот, е малку потешко.
Нее тоа барање на разлики и правење поделба поради разликите, туку тоа е недостаток на сличности.
 
Hatred

save.exit.planet
Член од
17 мај 2010
Мислења
83
Поени од реакции
4
Нема логика, кога бараш девојка, бараш сличности, не контрасти.

И тоа е сличност. :)

Сепак и јас спаѓам во тие што прво ги воочуваат разликите, што во принцип не ми се допаѓа. Многу е некако, фак незнам да се изразам...себично, дигнато нешо така..
Од друга страна, ги гледам сличностите кај луѓето што ме интересираат и опколуваат, не ми се потребни разликите, иако има случаеви каде што преовладуваат..
Сепак не ми се свиѓа таа човечка психологија, да се разликуваме меѓусебно повеќе одколку да ги цениме сличностите.

Човеков е комплетно во право, иако го прави во стенд ап комедија муабетот.
ја имав случај да бидам ист со девојката...и по понашање и по муабет се(кога се фативме за девојкиве)и веруј не беше тоа тоа..многу мрдната работа е кога знаеш на памет што ќе напраи зошо си ист ко неа...а имав и случај да неможам 2 збора да сврзам зошто бевме скроз различни..понекогаш сакаш да знаеш дека девојка ти е различна од тебе во стил на облакање или во карактер..да те дополни баш тоа шо ти фали и да бидете ко едно(омг)..сличности да за да можеш муабет да напраиш..ваљда се објаснив..:salut:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
ја имав случај да бидам ист со девојката...и по понашање и по муабет се(кога се фативме за девојкиве)и веруј не беше тоа тоа..многу мрдната работа е кога знаеш на памет што ќе напраи зошо си ист ко неа...а имав и случај да неможам 2 збора да сврзам зошто бевме скроз различни..понекогаш сакаш да знаеш дека девојка ти е различна од тебе во стил на облакање или во карактер..да те дополни баш тоа шо ти фали и да бидете ко едно(омг)..сличности да за да можеш муабет да напраиш..ваљда се објаснив..:salut:
Тебе ти треба некоја што ќе те дополнува. Суплемент.

Ама пак мора да имате сличности, исти погледи, приближно исто понашање, и да ти има непредвидливост, авантура.
 
Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Со конкуренцијата бараш разлики затоа што ако имаш многу сличности не си ништо подобар од него. Ама nowadays и од другарот мора да си подобар, па затоа во глобала се бараат само разлики.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Не слични туку сите сме исти во суштината, само различно реагираме на работите. Го тупам со просветлението, но кога ќе ја видиме суштината на другиот што е иста со нашата, сфаќаме дека имаме едно заедничко Јас. Од тука започнува прифаќањето. Само што сите сакаме некој лично да ни се допадне, ехх...

Нема логика, кога бараш девојка, бараш сличности, не контрасти.
Мене баш ме привлекуваат девојки што доживеале исто или слично ко јас, само различно сме реагирале. Има тука заеднички интерес и учење. :) Само треба да си се свиѓаме, инаку ништо.
 
Belle Demoisell

l'impératrice
Член од
20 мај 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Од толку трудење да направиш нешто за да се разликуваш од останатите автоматски стануваш ист како и сите останати кои размислуваат на истиот тој начин и ги прават истите оние работи како и тебе пробувајки да се одвојат од другите, свесно.
Да бидеш различен од другите не значи да се облечеш како кловн и да шеташ по најпрометниот булевар во градот за сите да те видат и да се џарат во тебе, и на сила да завземаш некои ставови кои воопшто не ти одговараат само колку да се одвоиш од толпата (што го прават повеќето луѓе во денешницава со желба за поголемо внимание вперено кон нив)
Сличностите се секогаш тука, и да оние малите се оние најбитните кога станува збор за партнерите :)
Баланс помеѓу разликите и сличностите и тогаш си го нашол the perfect fit.
Сличносните мене лично ми биле секогаш поинтересни и повпечатливи од разликите.
 
и сега ние со малце по различен стил на облакање и со различно сваќање на нештата..шо едноставно несакаме да бидеме исти ко останатиот дел од скопјево треба да се обесиме што пола скопје се ѕвери у нас?...мешаш баби и жаби..можеш да имаш баланс меѓу разликите и сличностите и пак да се понашаш и облакаш како што сакаш...со самото ова ти што го пиша и различните ги ставаш во некој кош...
 
Кои се тие различните? Посебна нација да не се? Ако си различен нели треба да си единствен? Со свој препознатлив стил и начин на изразување.
Различни погледни кон светот и животот сваќам, ама голема желбата да се одвојуваш од останатиод дел од Скопје не сваќам, завземањето на некои ставови кои се обратни од луѓето кои те опкружуваат само колку да се истакнеш со некоја си ајде да ја наречам уникатност, не ја сваќам. Мојот пост беше посочен кон луѓето кои сето тоа го прават за трошка внимание а знаеме дека денеска ги има многу, а не кон луѓето кои едноставно имаат различни перцепции кон светот околу нив. Разбираш?
И, да, ги ставам сите оние луѓе во ист кош бидејки ми се сите исти. Наликуваат едни на други, го копираат начинот на размислување и однесување од одредени нивни идоли со надеж дека ќе се издвојуваат од останатите, наместо сами да го градат својот карактер и стил.
Види во принцип ние луѓето сме доста слични, колку и да се трудиме да бидеме различни сепак остануваат оние мали нешта спомнати погоре кои не прават скоро исти сите нас.
 
Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Сличностите не се ни приближно интересни колку разликите. Монотони се. Што ќе биде ако сме сите исти?
А, да не напоменувам.. + и - се знае..
Што менува ако си повеќе сличен отколку различен со девојка ти ? Као демек нема да дојде до фрка еден ден? Сум искусила сродна душа во целост, а најситната разлика се јави сама по себе во текот на времето поминато заедно. Луѓето се различни, а сепак секој со некого има по некоја сличност, барем најситна. Прашањево ми води како потрага по спротивните полови да бидат исти, да се однесуваат исто.. се исто. Boooring.
Има многу поучна книга за тие разлики меѓу машките и женските. И кога еден човек ќе ги сфати истите, полесно е да се снаоѓа во една врска и општо, секаде и во се. Men are from Mars, women are from Venus.
Во оваа книга, уште на почетокот за полесно да се разбере и долови целта се напоменати мажите и жените кои во минатото живееле спокојно, едните на Марс, другите на Венера, па се соединиле и во една мала заедница имале совршен живот, се додека не стапиле на Земјата и не заборавиле од каде всушност дошле. Што довело до конфликти. Книгата е ебено точна и ефективна ко ниедна друга. Баш онака прирачник што треба да го прочита секој човек и да се води по него. Има примери од вистински случки кои го даваат одговорот на проблемот.
Пример, објаснето е зошто настануваат проблеми и конфликти меѓу различните полови. Жените се поемотивни, сакаат да ги решаваат проблемите веднаш, а мажите го одбегнуваат тоа, тие се жалат од проблемите бидејќи од нив е побарано да се најде заедничко решение. Не сакаат да бидат прашувани за решенија и тоа ги става под стрес. Факт е тоа, јадете гомна колку сакате. Се што треба е спротивниот пол да се потруди да го разбере тоа, да ја сфати таа разлика помеѓу половите за да не доаѓа до расправија. Тоа е во нивната ДНК. Не може да биде сменето.
Всушност, книгата ја содржи само таа една единствена цел.. да се сфатат и прифатат разликите за да може полесно да се справува со понатамошни проблеми, кои се нормални.
Плус, не е тоа натпревар помеѓу половите, само што денес дојдоа други времиња. Женските се опуштаат исто колку и машките, а тоа на машките им смета. Со право.
Пример, за машките отсекогаш било нормално да имаат голем број женски другарки и да споделуваат гушкања и слични нежности со нив. Женските беа љубоморни и правеа сцени, ок и денес прават некои.. Но, открија едно нешто.. Guess what? Тоа денес стана нормално и за нив. Женските денес имаат повеќе машки другари, отколку женски. И тоа е нормално! И споделување пријателски гушкања се нормални, само не сите ги прифаќаат и доживуваат исто. Ете, разлика. Не можеш да бараш само сличности, а да занемаруваш разлики или воопшто да не ги согледуваш. Логика! Така сме создадени, ебаго.
 
Hatred

save.exit.planet
Член од
17 мај 2010
Мислења
83
Поени од реакции
4
Кои се тие различните? Посебна нација да не се? Ако си различен нели треба да си единствен? Со свој препознатлив стил и начин на изразување.
Различни погледни кон светот и животот сваќам, ама голема желбата да се одвојуваш од останатиод дел од Скопје не сваќам, завземањето на некои ставови кои се обратни од луѓето кои те опкружуваат само колку да се истакнеш со некоја си ајде да ја наречам уникатност, не ја сваќам. Мојот пост беше посочен кон луѓето кои сето тоа го прават за трошка внимание а знаеме дека денеска ги има многу, а не кон луѓето кои едноставно имаат различни перцепции кон светот околу нив. Разбираш?
И, да, ги ставам сите оние луѓе во ист кош бидејки ми се сите исти. Наликуваат едни на други, го копираат начинот на размислување и однесување од одредени нивни идоли со надеж дека ќе се издвојуваат од останатите, наместо сами да го градат својот карактер и стил.
Види во принцип ние луѓето сме доста слични, колку и да се трудиме да бидеме различни сепак остануваат оние мали нешта спомнати погоре кои не прават скоро исти сите нас.
конкретно?..ти сигурно зборуваш за слаткар фанс б2 шема и уште 400 души најмалце што исто се облакаат и понашаат...така?...не дискриминирам никого..не сум против ништо..само не ме ставајте во ист кош!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Се работи за секс. Луѓето ги привлекуваат оние кои барем наликуваат на нестандардни. Воопшто не е важно што е тоа, но битно е во моментот да отскокнува од масата. Генерално гледано, сите луѓе се исти, со исти размислувања и исти чувства, варираат детали и ситници но сите се исти бидејќи количеството на емоции, размислувања и идеи се веќе поставени и ограничени. Како боите, не може да се измисли нова боја, бидејќи виножитото веќе си го направило своето. Нијанси се единственото со кое може да се жонглира.

Доказ дека сите сме исти, сите завршуваме како купче коски кои проклето изгледаат исто закопани пар метра под земја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom