- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.629
- Поени од реакции
- 33.184
Не можев да најдам слична тема ни во „Архитектура, дизајн и уредување“, ни во „Дом и семејство“, ни во „Уметноста, литературата, јазикот“. Ако некаде постои слична, ги замолувам модераторите да ги спојат.
Од пред извесно време сум во потрага по решение да ги разубавам ѕидовите во мојата дневна соба и трпезарија со некоја слика (или уметничка фотографија, иако претпочитам слика на платно), затоа што сакам да внесам малку разиграност во дневната каде се ми е црно-бело. Како решение размислував за две опции:
-поскапата варијанта: оригинални дела на некој македонски сликар
-поевтина варијанта: реплики на некои повеќе или помалку познати сликари. Пронајдов студио кое изработува реплики за релативно ниска цена, на платно, со дигитално печатење. Изгледаат прекрасно, но секако - квалитетот не е на нивото на оригинална слика. Но на тој начин би можел да ја имам Starry Night на Ван Гог над гарнитурата во дневна.
Од правците во сликарството најмногу ме импресионира импресионизам, па барајќи уметници чии дела би можел да ги употребам (доколку ја одберам втората опција), наидов на белорускиот нео-импресионист со еврејско потекло, Леонид Афремов, чиј стил е навистина импресивен, колоритен и уникатен. Подолу некои од неговите дела:
Откако го открив Афремов, се наметна и трета опција: авторот ги продава своите слики исклучиво преку интернет, па би можел да купам негови оригинали. Но - исто така и оваа е поскапа варијанта.
Што мислите вие? Што е најдобро да се избере?
Какви слики вие поседувате? Каде е најдобро да се постави пејзаж / панорама, а каде портрет или мртва природа?
Темава нека послужи и за вашите слики во домот. Слободно постирајте фотографии како се украсени ѕидовите во вашата дневна соба, спална соба, трпезарија... Штом ќе се одлучам јас, ќе прикачам и мои.