Сликање со младенците на врата во ресторанот

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
За мене поголема глупост нема.
И на свадбите на кои знам дека има вакво сликање, некогаш одам покасно, немам намера во ред како во менза да стојам. Башка малце резил ми е со собирање пари од гостите...
На последните три свадби кај што бев не се собираа пари од гостите. На две се сликале на врата, ама не плаќаа слики гостите, а на една не ни имаше такво сликање, туку фотографот спонтано си сликаше и невестава ги објави сите слики на фб (без лого :D) и така имаше и повеќе слики.

Без оглед како се сликате, глупо е да плаќаат гостите. Скратете на нешто друго.[DOUBLEPOST=1443652991][/DOUBLEPOST]:facepalm:
Еднаш бев девер како мал, па со невестата идевме од маса на маса да вршиме рекет од гостите кои беа ставени пред свршен чин да пикаат пари во торбичето што ја како девер го носев. Тој “адет“ умре, во меѓувреме сега ова се измисли..
Не е умрен, лани бев на таква свадба, купив старо бонбонче со рум за 100 денари.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Овие фотографите бараат ли дозвола сликите да ги ставаат и на фб? Приватна веселба, ги плаќаш, а они преку слики и кратки видеа каде го има нивното лого на некој начин си прават реклама преку фб.

незнам за вас ама јас пред 3-4 недели отидов и купив VHS видео, само за да си ја изгледам видео снимката од мојата свадба од пред 15+ години... неверојатен момент беше тоа, кој траеше 3-4 саати.. се испогазивме од смење по дома со децата, ама на сето смеење и еден куп емоции излегоа...

така да снимање и сликање дефинитивно е потребно... зашто таквите спомени бледеат ако не се евидентирани...
Ептен е интересно кога се гледаш каков си бил пред подолг период. Јас умрев од смеење кога ја гледав свадбата на брат ми која беше точно пред 20 години. :DНачинот на облекување, фризурите, адетите, изгледот на најблиските.. итн

Ќе биде јако во 2032 година кога јас ќе си ја гледам свадбата. :icon_lol:
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Колку што памтам ова сликање го смислија зошто ако не беше организирано сликањето пола свадба тетки стрини ја тегнеа невестата "ај да се сликаме" и немаа раат
А имаше уште едно сликање кога ќе седнеа гостите на секоја маса... ама доста беше еден пијан вујко да извади илјадарка за време на сликњето/здравицата и после сите вадеа по 100 најмалку оти срамота е - и се враќаше стариот адет што се надевам дека го нема... имам слики под венче или кај врата со сите последни што се венчаа доволно за албум да си купам - ми одговара адетов

150 беа 2 слики последноѕ
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
Прам свадба нареден месец без снимање само сликање 150 еу (n)
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Еи Јасмина се лоши. 50 еу ништо нема да им сменат. :D
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Дали овие од фото студијата смеат без согласност да објавуваат и праќаат слики од свадбата?
Тоа е интимна и приватна прослава и нема што да се објавуваа слики. Кој сака да се рекламира нека му ги објават.

Како прво беа објавени неколку слики на фб без наша согласност, ај ок не реагирав за тие 5 слики. После толку години кој и да им ги побара сите наши слики кои ги имаат во архива тие без никаков проблем ги праќаат во пораки на фб.

Досега не ми пречеше и онака не се кријам од никого, ама до сликите дојде една личност која си има направено лажен профил и ги има објавено сите слики. Се претставува како тоа да е наш заеднички профил и во пораки ги замара сите роднини и пријатели.

Секакви болесници има на овој свет....





Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Сум да има вакво фотографирање но снимање да нема долгометражно. Мислам дека тоа да имаш DVD со долгометражно снимана свадба нема да се изгледа никогаш од почеток до крај, само ќе премотуваш на битните работи.

Не е свадба но јас имам снимка од мојата матурска вечер во кафаната што не снимаја и не сум го изгледал никогаш целосно, само еднаш го пуштив и премотував неколку кадри да видам кај што сум јас и да видам некој плус работи.

Сепак мислам има и некој во фамилиите што ќе сака долгометражна снимка, така да ќе мора да го нарачаш и тоа сакал или не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom