Слепо црево

Член од
12 март 2010
Мислења
20
Поени од реакции
0
Ме интересира кои се симптоми на слепо црево,бидејки на десната страна се осека малку потврдо од левата,а немам болки.Дали ако е воспалено цревото мора да се осекаат болки?

ај ве молам за одговор и совет.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ќе те боли и на допир, а и без допир кога навистина ќе се воспали до краен стадиум, ќе имаш остра болка... долку осеќаш тапи болки кои на допир на местото не болат или само повремено те фаќаат може да е некое истегнување или едноставно немирен стомак, многупати досега поради истегнувања и јас сум паничел од истото :smir:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Јас сум опериран. Пред тоа ми трнеше цела десна нога. И мислам дека треба да заминеш на доктор а не да бараш совети по форуми бидејќи за здравје се работи. Ова сепак како превентива и дополнителна сигурност ти го кажувам бидејќи едно е кога ќе добиеш совет од некој преку интернет а сосема друго кога ќе те прегледаат.
 
Е

експерт

Гостин
Ме интересира кои се симптоми на слепо црево,бидејки на десната страна се осека малку потврдо од левата,а немам болки.Дали ако е воспалено цревото мора да се осекаат болки?

ај ве молам за одговор и совет.
mora da ima bolka. vsusnost toa e prviot znak za apendicitis. najdi si slika kade se naoga McBurney eva tocka i otrilika ke znaes kade treba da ima bolka na pritisok.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.240
Поени од реакции
27.583
Ме интересира кои се симптоми на слепо црево,бидејки на десната страна се осека малку потврдо од левата,а немам болки.Дали ако е воспалено цревото мора да се осекаат болки?

ај ве молам за одговор и совет.
ти се гади, но не ти се повраќа. нон-стоп ти се лоши. понекогаш ти се здрвува десната нога.
ако ги имаш овие симптоми, веднаш оди на лекар.
во меѓувреме ако ти се лоши, лежи свртен на левата страна.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
57
Поени од реакции
0
Ех, јас бев во болница пред две години за слепо црево :nesum: осеќав претходно некои болки од време на време, така од десна страна, и се сеќавам дека вечерта кога ме фати, за два сата не можев од кревет да станам :nesum: јас не се сеќавам да чувствував кочење на десна нога/рака, ама болките се јаки и ќе ти се повраќа а никако не можеш да повратиш :nesum: мене не ме оперираа, пошто ми се смирија болките, и тогаш бев среќна за тоа (пошто многу ми беше страв од операција), ама сега исто понекогаш ме боли како порано, не сакам пак да ме фати :nesum: има некој искуство како мене, дали значи дека повторно ќе ме фати? :icon_frow:icon_frow:icon_frow
 
Член од
21 август 2010
Мислења
209
Поени од реакции
7

Мене како мала сакаа да ме оперираат од слепо црево бидејќи имав големи болки во стомакот, ама ми поминаа и ништо не испадна од тоа.
Сега сакав да ве прашам дали моиве симптоми личат на слепо црево... или што може да ми биде друго...
Значи месец ипол, два, осеќам повремени болки од десната страна (а на почетокот ретко и од левата страна(ама по благи)). Најпрво мислев дека ми се јајниците ама на ехо покажува дека се е добро. Ако знае некој што би можело да биде нека ми каже, зашто и да одам на лекар не знам кај да одам. И ме интересира дали веќе може со накакво испитување да се открие дали се работи за слепо црево или уште е како порано: Те боли стомакот? Ајде во операциона сала, слепо црево е...
 
Член од
4 декември 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Те боли стомакот? Ајде во операциона сала, слепо црево е...
хаха мене пред да ме оперираат докторот ме притисна кај слепото црево и многу ме здоболе, и мртов ладен рече „Слепо црево е, треба да се оперира“

Иначе, мене во школо ми се слоши (а и нејќев да седам на час) и од школо дојдов дома, од дома во амбуланта, од амбуланта на операција. Се се случи за неколку саати, имав силна болка, не можев да се исправам, едвај одев. Не сум се информирала многу на темава (па и немав време) али мислам дека одеднаш се случува.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Не сум се информирала многу на темава (па и немав време) али мислам дека одеднаш се случува.
Нема врска. Од организам до организам е.
Мене 2-3 месеци ме влечкаа низ разни доктори и сите кажуваа различно. Открија дека е слепо црево во последен момент.
Ама ова пред 12-13 години.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Моето искуство на 11 години со слепо црево беше голгота невидена благодарение на писмените доктор(к)и што работат во општа медицина. Ги имав класичните симптоми, ме болеше десната страна, а потоа и цел стомак, ногата страшно ми трнеше и повраќав по што мајка ми иако нема врска со медицина ми рече дека сигурно имам воспаление на слепо црево. Отидов во амбуланта доцна навечер и муабетот со докторката беше следен:
-Што ти е девојче?
-Ме боли стомакот( и опишуваме со татко ми симптоми)
-Абе ништо не ти е, сега те боли стомакот?
-Па не како пред некој саат и викам јас.
И ме пушти дома да си одам без преглед. Ќе ми поминело. Мхм ми помина, јас си знам. Два дена дома трпев болки по што моите немаа намера да се расправаат со општи лекари ме однесоа на специјалист кој веднаш ме прати на операција. Коментарот од докторот: Ако не сте го донесле детево во рок од два часа ќе и прснело слепото црево. А јас поим ќе немав што ми и Бог знае што можело да ми се случи.
 
O

Orion.

Затоа во оваа наша трагикомична држава кога нешто не ти е во ред се иде директно кај специјалист
 
Kajgana Shop

На врв Bottom