Следната година Скопје добива нов Луна Парк

Член од
13 август 2008
Мислења
814
Поени од реакции
100
Скопскиот Луна Парк постои од 1973 година и оттогаш функционираат истите реквизити, кои веќе ги гази времето и бараат обнова.


Веќе следната година скопјани ќе добијат нов и модерен Луна Парк, каков што всушност и заслужуваат.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски распиша тендер за избор на концесионер кој ќе изгради новиот Луна Парк во главниот град.
Тендерот ќе трае околу 40-50 дена, а потоа ќе почне евалуација на пристигнатите барања за концесионер.
-Врз основа на сознанијата што ги имаме од консултантот повеќе фирми се заинтересирани за изградба и јас се надевам дека следната година ќе добиеме нов Луна Парк во Скопје, потенцираше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Според проценката, вредноста на проектот е 12 милиони евра, а за најдобар понудувач ќе биде избрана компанијата која ќе биде најдобра по четири услови- надоместот за концесијата, цена на билетите, период на градба и оригиналноста и квалитетот на проектот.
Новиот парк ќе се гради на површина од 25.000 метри квадратни на местото на стариот Луна Парк, вклучувајќи ги и дискотеките. Ќе има разни реквизити и атракции за забава, угостителски објекти, затворен дел за играње, дел за продажба на сувенири, паркиралиште и техничка инфраструктура.
Начелно, планираниот парк би имал капацитет од 200.000 посетители и тематски содржини за сите возрасти од најмладите до возрасните.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.624
Поени од реакции
38.510
Срце ми плаче веруј,што ти се допаѓа ова :place:
Тоа што е убаво и функционално треба да се пофали, тоа што е грдо и нефункционално треба да се искритикува. Лесно е само повежбај :)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.804
Убав проект кој му недостига на Скопје, браво.
Ами сиромашниот народ што нема леб да јаде.....а невработеност 50%....ццц мореее морее двојни аршини.:)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.491
Поени од реакции
7.773
Тоа што е убаво и функционално треба да се пофали, тоа што е грдо и нефункционално треба да се искритикува. Лесно е само повежбај :)
нема народов леб да јаде, а на рингишпил ќе се врти !! пари ќе троши на количиња и љуљашки,срамота!

:pos:
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.044
Поени од реакции
2.289
Ми се чини или ова го слушам секоја година?Уште ми текиња од коа беше Пенов градоначалник се ветува ова.Знам за ова и за реконструкција на Универзална Сала.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.624
Поени од реакции
38.510
Ами сиромашниот народ што нема леб да јаде.....а невработеност 50%....ццц мореее морее двојни аршини.:)
Абе Македонецу најголем Коцка кабана нема да го гради Луна паркот па да троши пари туку го дава под концесија. Кај виде двоен аршин човече :))
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски распиша тендер за избор на концесионер кој ќе изгради новиот Луна Парк во главниот град.

 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.491
Поени од реакции
7.773
Абе Македонецу најголем Коцка кабана нема да го гради Луна паркот па да троши пари туку го дава под концесија. Кај виде двоен аршин човече :))
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски распиша тендер за избор на концесионер кој ќе изгради новиот Луна Парк во главниот град.
Ko ќе размислиш исти курац..концесионерот ќе вложи пари , ама после дупло ќе се мрси..градот да има пари боље он да си го гради,инвестицијата ќе му се врати, ем и после ќар ќе си има.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Мислам доста кукање со тоа народот нема леб да јаде и тн. Редно беше да се направи нешто вакво а инаку работете ќе имате пари со кукање пред компјутерот и викање нема работа нормално дека нема да има ;) Инаку Коце што ветува колку што гледам исполнува а инаку стариот Луна парк" aј и така да го наречам дефинитивно на ништо не наликува иако живеам во скопје само 4-5 имам отидено бидејќи скоро ништо нема внатре се надевам дека ќе се направи ден луна парк онаков како што стварно треба да биде :D
--- надополнето: Nov 4, 2011 11:03 PM ---
А кај се лапа највише пари....кај тендерите.....уа Леандраааа.....надвор 70% невробатени ти луна парк ќе си вртиш....срамота.
Се додека сите посакуваат да се вртат во канцеларија и да се вртат на фотеља ќе нема работа :) Мислам дека овде е темата за Новиот Луна Парк а не за невработеноста во МКД
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.804
Мислам доста кукање со тоа народот нема леб да јаде и тн. Редно беше да се направи нешто вакво а инаку работете ќе имате пари со кукање пред компјутерот и викање нема работа нормално дека нема да има ;) Инаку Коце што ветува колку што гледам исполнува а инаку стариот Луна парк" aј и така да го наречам дефинитивно на ништо не наликува иако живеам во скопје само 4-5 имам отидено бидејќи скоро ништо нема внатре се надевам дека ќе се направи ден луна парк онаков како што стварно треба да биде :D
--- надополнето: Nov 4, 2011 11:03 PM ---

Се додека сите посакуваат да се вртат во канцеларија и да се вртат на фотеља ќе нема работа :) Мислам дека овде е темата за Новиот Луна Парк а не за невработеноста во МКД
Абе остај ти сеа нели глеаш дека јас и Citro иаме нерасчистени сметки со Леандра.....ептен неможеш да и ги најдеш мислењата(бидејќи и е заклучен профилот)...инаку ќе ти стане јасно ,зошто изрипавме овака на мауабетот на дотичната.(или накратко да ти преведам..она е тежок,закоравен опозиционер,и за секој проект прво нешто на памет и беше невработеноста):)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.078
Поени од реакции
8.216
нема народов леб да јаде, а на рингишпил ќе се врти !! пари ќе троши на количиња и љуљашки,срамота!

:pos:
Да, да, пари никој нема, ама затоа кафани и кафулиња, дискотеки и продавници работат со полна пареа. Оти никој пари нема, попладнево едвај можеше да се најде место за кафе на ул.Македонија.....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
16.495
Поени од реакции
13.355
Ko ќе размислиш исти курац..концесионерот ќе вложи пари , ама после дупло ќе се мрси..градот да има пари боље он да си го гради,инвестицијата ќе му се врати, ем и после ќар ќе си има.
Еми градот прави фонтани во вардар...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.439
Поени од реакции
18.276
Ајде за арно за убаво нека е одамна требаше да се изгради ама ете му дојде време сега да биде ,ама како што прочитав и дискотекиве ќе ги фати багерот :)
 
На врв Bottom