Слава

Член од
18 октомври 2012
Мислења
166
Поени од реакции
29
Nie doma slavime Arangjel Mihail i Gavril i posle vo leto i Arangjel Gavril. Seloto slavi i Petkovden i Petrovden. Deka togas od po staro e da se slavi koga zima doagja i leto doagja.
 
Член од
5 март 2011
Мислења
841
Поени од реакции
824
МИТРОВДЕН по моето име кај мене на слава инаку ние имаме дома три слави на свети Симјон по името на сестрами по моето име на Митровден и на 11-Октомври кога е слава на Габрово кеде жимеам јас ... инаку кај нас кој нема дома слава како во мојот пример по името си избира сам ден во годината најцесто по некој празник и така се собира потесно то семејство и ...;)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Инаку, никој не кажа Видовден како го слават :(
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Moine roGJaci slavat cesto dva dena. Retko tri. Nikogas eden.
Sega, retko se na imanjeto. Pojke u grad. Ama pa ti pisav u PP.
Mrsno so lopata da rines :)
Rakiisano, vinosano, pivosano...pojadok so rakija, salo itn :D

Sho bi rekle Vidovdan sveti Lazarovo
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Не сум религиозна, ама затоа славите многу ги сакам. Тоа е барем една добра работа - ден кога целото (пошироко семејство) се собира заедно. На слава не се поканува, доаѓа кој сака и затоа секогаш е изненадување кога некоја рандом роднина што не си ја видел со години ќе се појави.
Еве денес баба ми и дедо ми славеа митровден. Абе тоа мераци, нема сарма, нема месо, нема баклава, абе.. ништо нема :D Нејќеш баби и дедовци еден куп, старски муабети за времето од втора светска војна и слично. Да се живи и здрави сите, секоја година да си славиме.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
И ја ќе кажев Дивидерко....среќен Митровден на сите што го слават!
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Ме интересира сите вие што имате некоја слава, дали чатеното лепче го раздавате во најблискиот круг на семејството односно оние кои што се спомнуваат додека се чати лепчето или пак давате и на гостите? Ве прашувам затоа што ние дома кога славиме слава, конкретно Св. Архангел Михаил од чатеното лепче даваме на секој што ќе ни дојде на деот на славата, но имам приметено дека тоа скоро никој не го практикува. Сум била на многу слави и ме чуди што ретко кој дава лепче и пченица. Може ние правиме нешто погрешно... Ако знаете пишете
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ние дома немаме слава, баба ми има, ако не се лажам Света Богородица или така нешто и е. Не знам, еве вие сте по славите, која иде богородична некоја :)

Инаку, многу ми е мило што немам слава, нема ни да имам, а не ни идам по слави. Немам ќеиф дома да прибирам луѓе, уште помалку традиции да терам. Убаво е збирањето, ама за збирање кај баба ми доста е.
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 17:18 ---
Ме интересира сите вие што имате некоја слава, дали чатеното лепче го раздавате во најблискиот круг на семејството односно оние кои што се спомнуваат додека се чати лепчето или пак давате и на гостите? Ве прашувам затоа што ние дома кога славиме слава, конкретно Св. Архангел Михаил од чатеното лепче даваме на секој што ќе ни дојде на деот на славата, но имам приметено дека тоа скоро никој не го практикува. Сум била на многу слави и ме чуди што ретко кој дава лепче и пченица. Може ние правиме нешто погрешно... Ако знаете пишете
За други не знам, ама баба ми сите ги пречекува со пченица на врата, а од лепчето (тоа светеното, со ,,витките,,) дава на сите што се дојдени.
 
K

kalimer0

Гостин
Прашања за христијанството е затворена па ќе прашам овде. Што значи оној круг над светецот кој го има на секоја икона?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Среќен Архангел Михаил! За многу години да е.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Прашања за христијанството е затворена па ќе прашам овде. Што значи оној круг над светецот кој го има на секоја икона?
Тоа се нарекува ореол, а Диктаторов ти објасни што е :)
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Среќен Архангел Михаил! За многу години да е.
Се слават овие денови во чест на светците и ангелите и Бог
Михаил е војвода на Господовата војска, затоа во негова чест е тој празник, името му значи кој е како Господ, името ми е од Господ дадено така за да во битките со сатаната или ѓаволот се знае Кој е Кој.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom