Скутер - губење сила и трошење бњнзин ??

Член од
3 март 2013
Мислења
348
Поени од реакции
368
и ми треба совет.. Во последно време скутеров мој не е како што беше. Осеќам дека некако изгуби сила т.е ако најголема макс брзина беше 70 сега одвај да крени 60. И почна да троши бензин како скината. И забележав дека аусплухот се вжештува само со изминати 200 метри. Иначе се работи за Baotian50. Шо е стасано за мењање ???
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
и ми треба совет.. Во последно време скутеров мој не е како што беше. Осеќам дека некако изгуби сила т.е ако најголема макс брзина беше 70 сега одвај да крени 60. И почна да троши бензин како скината. И забележав дека аусплухот се вжештува само со изминати 200 метри. Иначе се работи за Baotian50. Шо е стасано за мењање ???
Ако имаш поминато многу помалку од 10 000 км колку што држат клиповите и цилиндрите на кинеските мотори, највероватно ти влегува ``жив`` бензин во моторот и го троши безвезе најчесто во издувната грана. Таму поради жештината дополнително тој се запалува и го вжештува ауспухот.

Ако немаш многу км, тогаш карбураторот вади го види што му е. Но ако немаш искуство со карбуратори, најдобро е тоа да го повериш на некој што знае
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.625
Провери го филтерот за воздух. Ако не ти е сменет подолго време а си го возел по прашини може да не пропушта доволно воздух па не го согорува добро бензинот = губење снага, зголемена потрошувачка...
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Двотактните скутерчиња се боза за поправање. Единствено карбураторот е малку научна фантастика ама и тоа се учи. Почни со дијагностика од најосновните работи. Како што каже членот погоре ако имаш многу километри голема е веројатноста да се случува тоа што го наведе.
Исто така провери дали ауспухот е затнат.. За крајната брзина/ забрзувањето, може да се изедени ролните или каишот ( провери го преносот).
Ако имаш спортски ауспух тие загреваат доста побрзо.
Провери филтер за воздух.
Провери свеќица. Ако е многу замастена може ова да биде проблемот, најчесто се работи за пребогата смеса, па кога е ладен моторот има многу снага, но по многу кратко време свеќицата почнува да губи струја и моторот губи снага. Ако е до ова стави нов свеќица и пробај како ќе реагира, ако е исто, тогаш мораш да поработиш на карбурацијата.. Е тука ти предложувам да не фаќаш ништо сам доколку не се разбираш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom