- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.587
вторник, 05 ноември 2013, 17:04
Балкан
Македонците од Хрватска за кршењето на спомен-плочата на Петковиќ
Заедницата на Македонци во Република Хрватска смета дека кршењето на спомен-плочата во Риека напишана на хрватски и македонски јазик, посветена на македонскиот поет просветител, лингвист и дипломат Андреј Петковиќ е чин произлезен од нечија глупост, алкохолизираност или целосно непознавање на писменоста, историјата и културата на македонскиот народ и не ги загрозува правата на Македонците во оваа земја.
- Сметаме дека правата на Македонците во Република Хрватска со овој чин не се и нема да бидат загрозени и дека во иднина ќе се води смета вакви немили настани да не се случуваат. Очекуваме дека државните органи на Република Хрватска ќе ги преземат сите потребни мерки за да го откријат сторителот на овој вандалски чин и тој да биде примерно казнет, се вели во денешната реакција од Заедницата на Македонци во Република Хрватска.
Спомен плочата е поставена во април минатата година во спомен на Петковиќ кој бил руски царски конзул во Риека од 1873 до 1892 година. Плочата е на зграда во која се наоѓал рускиот царски конзулат во кој Петковиќ работел 19 години.
Андреј Петкович е роден во Велес, а студирал во Санкт Петерсбург, од каде започнал во службата на Руската државна управа. Во Риека бил испратен како конзул во време на најголемиот развој и значење на овој град во европски размери.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=26728
.