Kvendolin
чупе од бурдите
- Член од
- 24 март 2007
- Мислења
- 1.003
- Поени од реакции
- 75
Овде најверојатно во однос ги ставаш скромноста и фалбаџиството како одлика на определени луге. Еден мој професор велеше дека проблемот не е во фалењето туку во погрешната перцепција на лугето со македонски менталитет за тоа што претставува фалење. Повеќето луге би го перцепирале туѓото набројување на постигнатите успеси како фалење. Е, сега наводно според професорот тоа не било фалење туку себепрезентација и не било одлика на нескромни луге туку на луге кои имале што да кажат и кои воедно со тоа ги информираат другите за своето ,,дело,,.Или во некоја западна земја најверојатно она што нас би ни прозвучело како фалење во говорењето на другите луге за нив би значело запознавање. Меѓутоа изгледа најмногу зависи од пристапот тоест начинот на кој се кажуваат некои работи односно како тие ке прозвучат. Друг професор инаку прокапиталистички настроен, не посоветува дека скромноста и не е толку ин или пожелна особина од причини што скромниот човек почесто се задоволува со статус кво позиција, а тоа му одмогнува во процесот на напредување.Трудете се повеќе и сакајте повеќе за себеси-велеше тој.Значи тука проблемот нема да се јави кај нашата амбициозност туку можеби во начинот на кој доаѓаме до поставената цел. Со други зборови нема ништо лошо во тоа да си нескромен туку повеќе во тоа да си нечесен.