- Член од
- 5 февруари 2007
- Мислења
- 10.645
- Поени од реакции
- 13.101
Викаш оноа како што беше замислен предтоа?И овде ќе пишам, жално е што се случува со градов.
Оноа „градот убав пак ќе никне“ отиде у мајчину, погрд никогаш не бил градов, дури и разрушен у '63та пак бил подобар него ова сеа.
Премногу се затвори плоштадот. Баш денес поминував натаму и се осеќаш како у дупка да си, од секаде е заградено. Дури и она што го поддржував од проектов испадна евфино и неквалитетно направено.
Да останеше на основниот проект океј ќе беше, ама ова денес не е ништо налик на основниот проект. Градов изглеа евтино ко курва пред МТВ...
Капак на се е она ебано панорамско тркало. На Вардар има брана направено за да може да се гради тоа смрдливо панорамско тркало шо нема никаква корист за градот. Покрај тоа што има многу мостови на многу мало растојание, и растојанието меѓу панорамсково тркало и бродот е минимално или бар мене така ми се виде денес.
Толку бунтување, толку критика дека не чини панорамското тркало, ама џабе е бе, овие ич курот не ги боли за тоа, си градат и ич не им чуе. Затоа и сакам да се смени власта, зошто оваа изгуби контакт со реалноста, заборави дека треба да работат за интересот и потребите на граѓаните, а не да им биде ова симс.
Сеа и шпанските скали коа ќе ги изградат, мх мх мх.
А па црквата на улица Македонија е посебна приказна...
Лошото е што градов ќе остане ваков никаков до крајот на неговото постоење. Кој и да дојде утре на власт сигурно нема да земе чекичот и да иде да руши ова шо се градело.
Едноставно, срам и жал ми е веќе што живеам во Скопје...
Од старт се знаеше првичната замисла, а тоа е дека нема никаква замисла. Од почетокот кога ги лупаа оние шмизли, чистачи на кондури, паскокузмани, преку реставрацијата на калето џоа дизниленд, проширување на одредени улици без потреба, до крајниот дел (од 2011та навака) трупање објекти и споменици за кои авторот е непознат (нека не ве прават мутави). Како капак, терањето на инает кон одредени граѓани кои пробаа да се спротистават на оваа урбана мафија од катаклизмични размери, лупањето објекти лепенки до нивните живеалишта, драстичното таманење на зелената површина, преименувањето на одредени улици за собирање арач за нови лични карти, селективното импровизирано фасадирање на одредени објекти... На крајот од немањето првична замисла, они систематски го поебаа целиот град. Од толкав мањак на комплекси, уништија децениски испланиран град кој би можел во иднината понатаму да има некаков прогрес. И сите куртони тука што се` уште го бранат проектов би ги прашал, како би реагирале ако утре им дојде инспекција и им направи експропријација во нивното сред-село и изгради гипсан споменик на Дуче или па некоја катна гаража која има капацитет да собере 500 коли но ете отспротива има паркинг за 100 кој само за викенд е 80% полн? Како би се осеќале кога некој ќе почне да им фасадира со евтин гипс картон половина од зградата, а останатиот дел да седи така да се распаѓа? Која енергетска ефикасност ќе ја добијат?
Добро рече Тапетарот, има такви покондурени сељаци донесени тука сосила да свршаваат на оваа издркотина од „проект“ на тешки комплекси.