Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со договор го одложиле поставувањето на албанските споменици
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/zhernovski-vmro-dpmne-i-dui-so-dogovor-go-odlozhile-postavuvanjeto-na-albanskite#1[DOUBLEPOST=1459181368][/DOUBLEPOST]
Бранко на почетокот на своето владение беше многу похрабар во поглед на преземање на инцијатива за разни проекти. Но се изгоре на неколку од нив, и после ЉуБчо и опозицијата тогашна низ нос му ги извадија. Пругата кон Бугарија лапна 120 наместо 80 мил.марки а ништо не се направи, се започна патот Прилеп-Велес преку Чашка и ништо не се направи повторно, тргна со загубарите да ги решава и наиде на хаос....

Но сепак најголем негов минус е што нема воља и упорност како Грујо. Бранко е најголема флегма(мрза) од сите досегашни политичари. И таа маана го однесе таму каде што е. А капацитет има можеби и најмногу од сите(за интелегенцијата да не зборувам-за колеги електричари све најбоље:ROFLMAO:)
Да, имаше капацитет за раскрчмување на државата - level Груевски.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403


Ke izdrzat li GALIITE na Koce, ajde napred VARDAR da vidime.
(inaku jas sum na mostot kaj 4 lak,ja vi masem,a vi mi ne masete)
--------------------

-
koja ubavina...zeleno Skopje
pogledaj go samo bivso DJavte korzo, ili Kenan Skver, ili bavcana na hotel Makedonija...sega e se samo nastresnici, konji i beton.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Уште еден пешачки мост ќе се гради во центарот на Скопје
http://www.build.mk/?p=49557

На 1км ќе има 8 моста.


А потоа што подалеку од Скопје 2014, толку поретко мостови.
Убаво би било некој што се матка често кај двата нови моста на кеј, да донесе фотографија како доказ колку се чкарт направени, со напукнат бедем. Немаат ни 3 години, а ете сеа ќе мора да бидат репарирани.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
ЗА 2015 ГОДИНА

Скопје пак најнеиновативен град во Европа и еден од најнеинвентивните во светот

Скопје го доби незавидното последно, 431. место на листата на најиновативни градови во Европа и Русија, во најголемата светска класификација на градови, според 162 показатели во однос на „глобалната иновациска економија“.



Главниот град на Македонија пак се најде на последното 431. место на листата од 431 град направена врз основа на анализата на институтот „Ту тинк нау“ (2thinknow), со седиште во Мелбурн, Австралија.

На глобално ниво, пак, Скопје е меѓу последните, односно најнеинвентивните градови, на 430-то од вкупно 442 места, во друштво на танзаниски Дар ес Салаам, Тегусигалпа од Хондурас, Алжир, белоруски Минск, пакистански Лахор и други.

Листата се составува врз основа на 162 податочни индикатори, а е заснована на основните фактори како што се здравјето, богатството, популацијата или географијата.


Од другите балкански градови, Белград е на 101. место, Љубљана на 154-то, Софија на 254-то, а Загреб на 237-то.

На првото место на светската листа е Лондон, а по него се Сан Франциско, Виена, Бостон и Сеул.

Според институтот, заеднички за развиените градови се подобрувањето на економските услови, стартап-претпријатијата и технолошките сектори, во кои македонскиот главен град очигледно не е успешен.

Индексите на Ту тинк нау се објавуваат секоја година со предусловите за иновации во секој град на листата, а во 2015 година на глобално ниво во индексот се наоѓаат 500 града.

Според индексот, градовите со повеќе иновации имаат повисоко економско производство и се најдобрите дестинации за инвестирање во комерцијални производи, услуги или социјални иновации без одреден индустриски фокус.

Сите индекси се достапни на сајтот Иновејшн ситис.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Каква врска имаат стартапите и entrepeneurship со Скопје 2014? Берик ги измешал лончињата, иновативноста во овој контекст нема врска со архитектурата од проектов.

Сепак статијата заслужува еден огромен лајк. Се што е порвзано со Македонија и Скопје и содржи зборови како ДНО, МИЗЕРИЈА, СИРОМАШТИЈА, ПОСЛЕДНО МЕСТО треба да биде масовно шерувано па можеби овој глуп, неписмен и затуцан народ (се разбира со исклучок на неколкумина активни на Кајгана, Фејсбук и Твитер) ќе се освести.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Скопје 2014 според опозицијата достигна 630 милиони евра.

Колку за споредба, трамвајот ќе чинеше 243 милиони евра, а ќе изградеа 24км шини, со 22 трамвајски возила како и депоа.

Панорамското тркало кое врти во круг ќе не кошта 15,5 милиони евра.

Скопје пред 100 години имал трамвај, сега нема, а градот од тогаш до сега е зголемен неколку пати. (над 500.000 жители има со адреса на живеење, и над 50.000 што студираат, работат итн)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Проектот Скопје 2014 не е накалемен, нити е вон духот на градот. Напротив, гипсаниот барок иде барабар уз проектираниот лајфстајл на многу Скопјани. Шо би рекол Лазар Узунов: "Пун град сиротињи кои се маскирале у богаташи." Така и архитектурата: гипсана кичоина шо се понаша као алабастер. Тотална хармонија меѓу архитектурата и околината.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И овде ќе пишам, жално е што се случува со градов.
Оноа „градот убав пак ќе никне“ отиде у мајчину, погрд никогаш не бил градов, дури и разрушен у '63та пак бил подобар него ова сеа.
Премногу се затвори плоштадот. Баш денес поминував натаму и се осеќаш како у дупка да си, од секаде е заградено. Дури и она што го поддржував од проектов испадна евфино и неквалитетно направено.
Да останеше на основниот проект океј ќе беше, ама ова денес не е ништо налик на основниот проект. Градов изглеа евтино ко курва пред МТВ...

Капак на се е она ебано панорамско тркало. На Вардар има брана направено за да може да се гради тоа смрдливо панорамско тркало шо нема никаква корист за градот. Покрај тоа што има многу мостови на многу мало растојание, и растојанието меѓу панорамсково тркало и бродот е минимално или бар мене така ми се виде денес.
Толку бунтување, толку критика дека не чини панорамското тркало, ама џабе е бе, овие ич курот не ги боли за тоа, си градат и ич не им чуе. Затоа и сакам да се смени власта, зошто оваа изгуби контакт со реалноста, заборави дека треба да работат за интересот и потребите на граѓаните, а не да им биде ова симс.
Сеа и шпанските скали коа ќе ги изградат, мх мх мх.
А па црквата на улица Македонија е посебна приказна...

Лошото е што градов ќе остане ваков никаков до крајот на неговото постоење. Кој и да дојде утре на власт сигурно нема да земе чекичот и да иде да руши ова шо се градело.
Едноставно, срам и жал ми е веќе што живеам во Скопје...
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Ги приметивте ли новите фасади, каква мувла ги има фатено, некои за само 1 година лом се направиле.

Е ова е инвестиција, патот Чаир-Бутел-Радишани



http://www.build.mk/?p=49597


Нас не заебаа со барокот и луксузот, а улиците не коштаат многу.

Булевар Србија со должина од 3,6км, кошташе 3,5 милиони евра ... ама во него имаше и атмосверска канализација, 190 столбови за осветлување, велосипедска патека, зеленило, сигнализација, тротоари итн.

Значи за 15,5 милиони евра за панорамско трклао ќе се изградеше 16км булевар низ Скопје и колку толку ќе се намалеше сообраќајната гужва.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom