Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Струја - евн - приватна фирма. Државни акцизи исти.
МЕПСО и ЕЛЕМ државни фирми, струјата поскапена за 80% во последните години.

бензин - поскапен по барел светски - нема контакт со државата. Државни акцизи исти.
Цената на бензинот има голем контакт со државата, пола од парите ги зема она.

парно - поврзано со нафтата - после гасификација ќе поефтини. Поскапено ради нафтата. Државни акцизи исти.
Парното никогаш нема да поефтини, државата преку даноци и таму дебело се омрсува.

прехранбени продукти - приватни фирми - државни акцизи исти, има и резерви државата затоа лебот има иста цена. Државни акцизи исти.
Лебот веќе почна да поскапува, шеќерот одамна е поскапен, цената на зејтинот е дуплирана во последните 5-6 години.

паркинг - приватни сопственици или локална самоуправа - никаде не пишува колкава треба да биде цената, а и самиот застапник си одредува колкава цена ќе биде - државата зема ист процент од него.
Секоја уличка ја узурпираа за паркинг, цените на постоечките паркинзи зголемени за околу 50%

данок на имот - ај оди провери колкав бил данок на имот во 2004 правопропорционално со најниската највисоката и средната плата и буџетот на државата со данокот сега па фрли се во вардар.
Сега проверив, пред 10 години ми бил 1500 денари, пред 6 години бил 2500, сега е 3000 денари.

радиодифузна такса се плаќа во цел свет затоа немавме сервис државен за тоа колку е подобрен и каок се подобрува има други теми а и воочливо е.
Ако јавниот сервис се подобрил тогаш јас сум Џју Џефнер.

Вода сум пропуштил - е ти си прв во државава што кажа дека водата поскапела... ај аирлија уште една глупост. После се чудиме зошто тоне државава па ради вакви ко тебе.
Водата е зголемена за 100% во Скопје во споредба од пред 10 години.

Значи дак се курчимо курчимо се до краја што би рекле србите, ти чувај го во потписот прашањето, а одговоров стави си го дома на ѕид, сакаш на хамер сакаш директно на ѕид или нешто уметнички онака инспирација да ти дава друг пат да не тропаш глупости.
Браво за овој дел. Сега трк кај пастирот и да му дадеш едно квалитетно фелацио, па слободно може да те прогласи за партиски подмладок на годината.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
БИП БИП БИП НЕПИСМЕНА РАЈА НА РАДАР!

Како мое внуче ќе враќа? 1)задолжени пари си ги враќа владата народот може да осети ако владата крене акцизи, ако поскапи данок, комуналии, напротив тоа или е исто или е смалено, а поскапувања од приватни фирми, дури и ЕВН е приватна не е потег на владата туку на фирмата,плус цел свет е во криза Грција пропадна исто сценарио ја чека Шпанија ,2) излезете од комунистички филм дека државата треба да работи за вас, не вие треба да работите за државата, ЕДИНСТВЕНО тие пари што беа за скопје 2014 дадени можеа или во инфраструктура да се вложат или во реновирање, но 3) со оглед на нашиот национален статус се прави една црвена линија која неможе да ги замени сите пари на светот.
--- надополнето: 19 август 2012 во 00:03 ---

4) Ако изгради асвалт тебе ќе ти се вратат парите? Или со новите патарини владата ќе зема уште пари. Ако се направи електрана ќе поефтине струјата? Не туку нема да увезува евн туку ќе купува од владава пак ти денар нема да видиш.
1) Задолжените пари ги враќа државата. Мислам дека овде луѓето не прават разлика помеѓу влада и држава, крајно жалосно. Да не забегувам многу, парите со кои е задолжена државата би можело да бидат искоритени за други намени (пред се проекти од инфраструктурата, без разлика дали "мека" или "тврда"), кои на било кој начин до подобруваат животот на луѓето.
П.С.
Поскапувањето од страна на ЕВН е одобрено(креирано е правилниот збор) од страна на Регулаторната комисија, онаа истата која би требало да ги штити државните интереси. Не знам зошто, ама некако не ми е за верување дека дефакто поскапување од ~ 20%(10%директно+10 % индиректно. Ова само на цената на струјата не и крајната цена на плаќање која вклучува 33% дупење во мозок и 18 % ддв) е предизвикано од загубите на ЕВН.

2)Сериозно? Да излеземе од комунистички филм? Пиши го ова до кабинетот на премиерот. Најголем вработувач е самата влада, институциите, агенциите, општините. Постојана грижа за пензионерите(не дека тоа е лоша работа, ама не соодветствува некако со реалниот свет) почнувајќи од зголемувања на пензии, ускладување на пензии, бесплатни бањски одмори, слободни денови во јавен превоз.

3)Ај објасни ми како СК 2014 го подобри нашиот национален статус. Мислам на некој му беа потребни споменици за да се чувствува како Македонец? Му порасна на некој ку*ето со тоа што се гради во нео-класичен-барокен-ранесансен стил?Тоа ли е поентата? Или пак се здобивме со појак меѓународен статус или пак позицијата во светот ни се качи за неколку ранга? Не бидете смешни ве молам.

4) Прашај ги транспортерите што значи за нив да се вози по солиден пат, а што значи да се вози по дупки и крпен автопат. Има една категорија амортизација. Лошите патишта само ја забрзуваат истата. Мислам дека ова нема потреба да се објаснува подетално.
Е сеа за електраната, можеби ќе поефтини, веројатно нема да поскапи значајно, како сега на пример. Освен директната корист за изградба на електрана би се ангажирале домашни компании и експерти од голем број области, најголем дел специјалисти и вработени во електраната би биле граѓани на РМ. Ова има snowboall effect или ако сакаш мултипликаторен ефект.

П.С.
Оти кога се зборува за инфраструктура во МК луѓето мислат само на патишта и електрани?:confused:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Дали си ти сериозен дека инфлацијата е заради проектот Скопје 2014? Ова е смешка.
Јас не реков дека е само заради Скопје 2014 само одговарав назад на твојот аргумент дека ништо не поскапело во државата.

Или да Скопје 2014,200 000 државната администрација,кримилано структурираниот пензиски фонд и корупцијата се причина за инфлацијата.

Да не мораше државата да попунува дупки во буџетите со криминално печатење на хартија и нарекувајќи го тоа "пари" немаше да има инфлација која ќе влијае на секого во Македонија.
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
МЕПСО и ЕЛЕМ државни фирми, струјата поскапена за 80% во последните години.

Цената на бензинот има голем контакт со државата, пола од парите ги зема она.
Струјата поскапела 80%?
Пола пари од бензин државата ?
Дечко излези од дискусијава ти си неписмен.

Сталкерот чим неможеш да ја разбереш точката под број три во твоето мислење нема што веќе да дискутирам. Треба на милион теми да објаснувам милион работи, ова е како некој со средно да се вметне во дискусија за нуклеарна физика, ќе праша и атом што е.

@Risto_PoP_Trajanov_VIII
Прво тука дискутираме за Скопје 2014, друго мојот аргумент не беше дека ништо не поскапело и ме мрзи пак да се навраќам и да објаснувам по стоти пат.

Барајте решенија, а не проблеми. Украл некој пари со ск2014 украл, инфлација има, има кој ја осети? Уште еднаш види еврото како стои со денарот. Во Македонија нешто се прави по долги години, државава од правен, економски и национален аспект доби стабилност, мани кај секој можеш да најдеш и овие крадат и другите краделе, до 2006 не сакаа ни да помислат светска банка и другите фондови да ни дадат вакви суми тие не се ненормални да му дадат на некој што неможе да ги врати. Од ск2014 прво колку градежни фирми профитираа а покрај градежните уште стотици други се вклучуваат. И на крај краева, ако се сметате за толку паметни вмешајте се во политика променете нешто, дајте конкретни предлози, излезете пред народ, соберете маса, со јадење гомна на форум само ќе... јадете гомна на форум и ништо друго.
 
Абе види воин на коњ и музејот на ВМРО мене не ми беа потребни за да се чувствувам како Македонец, не познавам луѓе кои биле несигурни во својот национален идентитет, па овие зданија да му го потврдат. Ама ете можеби конечно сретнав некој на форумов.
А корист од проектов на надворешен план, не верувам. Слободно разубедете ме. Со факти се разбира, на као до сега со чукање во гради и повторување на политикантските фрази.

Тоа ако некој украл треба да одовара. Тоа се и твои и мои и пари на секој граѓанин на РМ.
Македонија е релативно нестабилна од правен аспект, корупцијата во трите власти често е спомнувана во меѓународните извештаи, монетарна стабилност-да, економска дефинитивно-не и она национална стабилност е смешка, виц, приказна за мали деца.
Прочитај си го потписот и живеј според него!
 
B

Black Guard

Гостин
Сакаш да ти го кажам НАЈГОЛЕМОТО ПОСКАПУВАЊЕ ?

Годишна инфлација од 2-4% ( имаме и година со 8.3 % во 2008 ) од 2006 имаме вкупна инфлација од околу 17-18%

Ај ги молам нека се јават сите што од 2006 до денес имаат покачување на примања од 18% .

Уште поинтересно е што одиме накај Стагфлација-тоа е состојба во која имаме пад на БДП проследен со Инфлација.

И друга работа треба да им се појасни на некои кои се во тешка заблуда-во пресметките за инфлација не влеваат цените на алкохол,Цигари козметика и луксузни производи,туку пред се прехранбените основни продукти кои се поскапени(зејтин 2006 беше околу 59-65 денари,шеќеро денес е над 45 денари па дури и лебот ќе поскапува што е смешно поради природата на производот,понатаму млекото е поскапено и неговите продукти(затоа јадеме растителен срање кашкавал-претходно јадев вистински),месото.живинарски производи т.е јајца,змачи покрај прехранбените производи тука се и ценитте за домување па и градење,доградба на дом за фамилија-да не зборам дека трособен стан во Скопје е тооолку скап што со истите пари во Барселона имаш петособен стан значи цените се напумпани до немај каде.

Друг факт ова е галопирачка инфлација и да СК2014 придонесе донекаде со пуштање пари во оптек НЕПРОДУКТИВНО-иако имаме и милиони девизен излив за леарниците во странство.

Сега бројот на туристите е ирелевантен,владата си правеше проекции за 3% раст ама испаѓа дека најоптимистичка варијанта е 1%.

БИП БИП БИП НЕПИСМЕНА РАЈА НА РАДАР!

.
Како прво би те посоветувал да го поправиш речникот.

Како мое внуче ќе враќа? Да се разбудиме? Ние или ти? Данок ја плаќам и богами помал неголи некогаш кога не ни се градело во Македонија
Кога било тоа,ами сети се на хидроцентралата козјак и матка-тогашните влади не градеа споменици или да плаќаат реклами.А порано да не ги спомнувам,порцеланка,ОХИС,Југохром,ФЕНИ тоа се Гиганти-денес нема НИТУ ЕДЕН ТАКОВ а ни зборат за Странски директни инвестиции(СДИ) кои кај нас не се над 180 милиони евра а во Албанија близу милијарда(околу 700 милиони со пораст) исто е и во Бугарија и таму имаме милијарди-ова се должи на НАТО членството најмногу.

тие пари секако ги дава секој граѓанин и е должен да ги дава, безразлика дали постоело Скопје 2014 или не
Да точно а во име на граѓаните парламентот и владата кога се предложува буџет и се гласа се должни буџетот да биде развоен,да овозможи подобар квалитет на живеење т.е животен стандард и најважно парите да бидат правилно алоцирани-ако со тие 300 милиони евра го покривавме увозот на струјата немаше да има повисоки цени,но уште подобро ако се гасифицираше РЕК Неготино и се започнеше проект за нуклеарна централа се почнува со 250 милиони а најчесто и државите кои го градат реакторот даваат кредити па имајќи ја предвид енергетската криза и зголемената потреба за енергија ем ќе извезуваме+ цената на домашната енергија ќе биде конкурентна и привлечна посебно за инвеститори.

а заради проектот никој нема да враќа од свој џеб повеќе пари или помалце. Не постои начин 1000$ секој граѓанин да враќа
А поскапувањата,Горивото поскапе исто и електричната енергија а за да се произведе леб,јогурт СЕ потребна е ел.енергија а за да производот се дистрибуира до маркети продавници потребен е транспорт и гориво што значи зголемувањето на продажните цени на производите се должи најмногу на енергетскиот удар,Крајно нерационалното фрлање 300 милиони евра и сето тоа ние го плаќаме со повисоките цени а пази иако данокот е рамен со повисока цена даночната основа е уште поголема значи ем не дупат ем уште повеќе им даваме.

ти или си дете неписмено 13 години или некој со основно образование
Повторно обрни внимание на речникот.

задолжени пари си ги враќа владата
Не туку Народот не јас ма секој економист ќе ти одговори исто.

народот може да осети ако владата крене акцизи, ако поскапи данок, комуналии, напротив тоа или е исто или е смалено, а поскапувања од приватни фирми, дури и ЕВН е приватна не е потег на владата туку на фирмат
Данок не се поскапува туку имаме пораст на даночна стапка или нејзино намалување.

Околу акцизите-па ги зголемија зарем не памтиш-зголемувањето на цените на Цигарите(и пак тутунарите поебани),цигарите се непотребни и се луксуз затоа акцизата е околу 70% слично како и алкохолот и козметиката,посебно кај козметиката,најчесто амбалажата ја плаќаш и името на брендот а другото е...хемикалија.

а,плус цел свет е во криза Грција пропадна исто сценарио ја чека Шпанија , излезете од комунистички филм дека државата треба да работи за вас, не вие треба да работите за државата,
Пастирот нели велеше со контрамерките кризата не одмина, и плус веќе има подобрувања во глобалната економија,Благ пад има во кина за прв пат после неколку години раст дури до 11%.,

Не е точно,во Грција сеуште се живее подобро отколку било која балканска држава,пак има 13-та плата и низа бенефиции ти не знаеш дека над 348 милијарди евра влегоа во Грција за период од 3 години-тоа се вика Економски чадор на ЕУ,значи Грција не пропаѓа,друга важна работа е резервниот фонд(кој расте константно а дури и САД понудија милијарди за ЕУ исто и Кина) така да шпанија не е проблем.

Пријателе проблем е што кај нас секој трет е сиромашен,невработен ние имаме 30% невработеност имајќи предвид дека студентите не влегуваат во пресметката доста паметен потег на власта за да ја скрие фактичката реална невработеност со перењето мозок за ќебап факултети и сега имаме повеќе образовани отколку Шведска и Јапонија а годишно 18 000 завршуваат средно за 5 години тоа се 90 000 ако одиме со реално запишување и чат пат некој работи барем 60 000 невработени + ќе има па наместо 33% невработеност ќе имавме минимум 37-39% што би го урнало Митот во кој сеуште многумина веруваат.

ЕДИНСТВЕНО тие пари што беа за скопје 2014 дадени можеа или во инфраструктура да се вложат или во реновирање, но со оглед на нашиот национален статус се прави една црвена линија која неможе да ги замени сите пари на светот.
А што зарем бронзата ќе те направи патриот и ќе ти покаже дека си македонец??

Ќе те мотивираат шмизли,лавови и разноразни тракатанци,просјаци да бидеш ГОРД МАКЕДОНЕЦ.

НЕ-дефинитивно.

Ќе бидеш Горд кога ќе работиш,ќе имаш минимум 5-600 евра плата(просечна зборам) па ќе можеш да си дозволиш и моторно возило а ако немаш желба и не мора,но ќе имаш добра економска состојба,услови за да оформиш семејство,да си платиш образование а каматата за градење на куќа со толкава плата нема да ја осетиш-ЕТЕ тогаш ќе бидеш ГОРД МАКЕДОНЕЦ кој вреди и има за што ДА СЕ БОРИ,а денес ако некој ја нападне државава кој ќе се4 бори-ШТО ќе брани...газдата кој го експлоатира 12 часа за 8000 денари,со што да биде горде кога не може сметки да си плати,кога не може да отиде на театар....дете од гордост НЕ СЕ ЖИВЕЕ.

А и нашиот идентитет никогаш не бил загрозен како што е сега бидејќи и за време на СФРЈ не бранеа патриотизам,печатење на рацин,мисирков,Историја на Македонците(а денешната ја избришаа оти албанците сакаа така да бидат СТАРОСЕДЕЛЦИ-тоа не е наука штом политиката одлучува) за разлика од порано кога знаеше дека си Македонец ги знаеше борците,писателите денес си загрозен бидејќи се врши тешка лоботомија почнувајќи од михајлов,до некој Воин на коњ(кој е тој воин нека пишат ако имаат муда) и сега доаѓаме во ситуација да се запрашаме и расправаме дали бил Александров заедно со Михајлов за Македонија,или Бугарија понатаму дали сме ЧИСТА античка крв што е теоретски а со тоа и практично НЕВОЗМОЖНО, ниеден народ не е чист и тоа ми е јасно и јас немам проблем да бидам микс од античките племиња и новодојдените словени ама ако некој рече нешто вакво може да дојде и до конфликтна расправа(мене ми се слули со еден абдал кој ме убедуваше дека сум антички а он има БГ пасош-пази лицемерие) па на крајот испаднав предавник кога реков дека Македонија заедно со СФРЈ е земја која е коосновач на ООН и дека после победата над фашизмот,балистите и предавниците добивме право на Јазик,на слободни културни дејности,добивме друштва на Интелектуалци,на Писатели, МАНУ и.т.н ако ова ме прави предавник спореди како им било на Македонците во Егејска.

но во глобала проектот е на место.
Да и врбите како споменик и бродови,промашај е кој го уништи ДУХОТ на скопје а тоа е грев,згора на се и го направија повеќе да личи како циркус отколку метропола!!

Ако изгради асвалт тебе ќе ти се вратат парите? Или со новите патарини владата ќе зема уште пари. Ако се направи електрана ќе поефтине струјата? Не туку нема да увезува евн туку ќе купува од владава пак ти денар нема да видиш.
Ќе биде поевтина а железница со бугарија ќе ги намали транспортните трошоци за цели 50% ама наместо 70-100 милиони за Коридор 10(ако знаеш што е) кој ќе не стави и во поповолна геостратешка инфраструктурна позиција па и енергетска согласно плановите за гасификација.

Инфраструктурата т.е патиштата да, но пак ќе пофторам со оглед на националниот статус
Што со статусот,пак ќе повторам зарем ти треба бронза за да се чувствуваш како макиедонец??

Абе види воин на коњ и музејот на ВМРО мене не ми беа потребни за да се чувствувам како Македонец, не познавам луѓе кои биле несигурни во својот национален идентитет, па овие зданија да му го потврдат. Ама ете можеби конечно сретнав некој на форумов.
Прочитај погоре мене воинот ми го правдаа демек имам античка крв:facepalm:

А корист од проектов на надворешен план, не верувам. Слободно разубедете ме. Со факти се разбира, на као до сега со чукање во гради и повторување на политикантските фрази.
Јас набројав негативности сега дали ќе се согласиш е друга работа ама 6000 души не е Корист.

Тоа ако некој украл треба да одовара. Тоа се и твои и мои и пари на секој граѓанин на РМ.
Апсолутно-Криминал е крими8нал без разлика во која партија е,кој ешалон ако сме правна држава се што е спорно треба да се испита.

до 2006 не сакаа ни да помислат светска банка и другите фондови да ни дадат вакви суми тие не се ненормални да му дадат на некој што неможе да ги врати.
Како бе така,ММФ секогаш ни биле на располагање ако имало потреба во 2006-та немаше потреба а сега има "оправдана" за бронза-дај не се зафркавај.

Од ск2014 прво колку градежни фирми профитираа а покрај градежните уште стотици други се вклучуваат
Ајде бе 300 милиони,неколку за некои си уметници за кои првпат слушам и неколку смртни случаи од непочитување безбедносни процедури,профитираа сопствениците а кутрите градежни работници здравјето го оставија таму.

А што велиш за Козјак=800 милиони и плус дава струја, што велиш за Матка заедно прават милијарда-ете тооа е нешто корисно за сите.
 
baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Вицотека сте отвориле овде :icon_lol:
Потписот на Branchez; ме доведе овде, човек чита и си мава секира во глава.
Како да се самоубиеш за пола час :pos:
--- надополнето: 19 август 2012 во 09:28 ---
Ма је*еш пола час, минути се во прашање. Важно е пастирот да ни е жив и здрав:cuc:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
Струјата поскапела 80%?
Пола пари од бензин државата ?
Дечко излези од дискусијава ти си неписмен.

Сталкерот чим неможеш да ја разбереш точката под број три во твоето мислење нема што веќе да дискутирам. Треба на милион теми да објаснувам милион работи, ова е како некој со средно да се вметне во дискусија за нуклеарна физика, ќе праша и атом што е.

@Risto_PoP_Trajanov_VIII
Прво тука дискутираме за Скопје 2014, друго мојот аргумент не беше дека ништо не поскапело и ме мрзи пак да се навраќам и да објаснувам по стоти пат.

Барајте решенија, а не проблеми. Украл некој пари со ск2014 украл, инфлација има, има кој ја осети? Уште еднаш види еврото како стои со денарот. Во Македонија нешто се прави по долги години, државава од правен, економски и национален аспект доби стабилност, мани кај секој можеш да најдеш и овие крадат и другите краделе, до 2006 не сакаа ни да помислат светска банка и другите фондови да ни дадат вакви суми тие не се ненормални да му дадат на некој што неможе да ги врати. Од ск2014 прво колку градежни фирми профитираа а покрај градежните уште стотици други се вклучуваат. И на крај краева, ако се сметате за толку паметни вмешајте се во политика променете нешто, дајте конкретни предлози, излезете пред народ, соберете маса, со јадење гомна на форум само ќе... јадете гомна на форум и ништо друго.
Иди бе запали се, милијарда евра за глупости ги плеснаа. Знаеш што ќе се изградеше со тие пари? Термоцентрали на јаглен со инсталирана моќност од 1 gw која годишно произведува 9500 gw/h ~ 10.000 gw/h. Тоа ти е момак годишна потрошувачка на струја во Македонија, до душа не е толку ако се земе дека има загуби во мрежата од 2000 gw/h на годишно ниво, а уште 1000 gw/h се крадат, плус годишно 2000 gw/h се увезуваат. Така да поарно ќути си и иди сликај се на плоштад.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867

Нели 400 милиони беа, сега милијарда....
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
@Risto_PoP_Trajanov_VIII
Прво тука дискутираме за Скопје 2014, друго мојот аргумент не беше дека ништо не поскапело и ме мрзи пак да се навраќам и да објаснувам по стоти пат.

Барајте решенија, а не проблеми. Украл некој пари со ск2014 украл, инфлација има, има кој ја осети? Уште еднаш види еврото како стои со денарот. Во Македонија нешто се прави по долги години, државава од правен, економски и национален аспект доби стабилност, мани кај секој можеш да најдеш и овие крадат и другите краделе, до 2006 не сакаа ни да помислат светска банка и другите фондови да ни дадат вакви суми тие не се ненормални да му дадат на некој што неможе да ги врати. Од ск2014 прво колку градежни фирми профитираа а покрај градежните уште стотици други се вклучуваат. И на крај краева, ако се сметате за толку паметни вмешајте се во политика променете нешто, дајте конкретни предлози, излезете пред народ, соберете маса, со јадење гомна на форум само ќе... јадете гомна на форум и ништо друго.

Кажи им во партија да ви напишат нов прирачник за бранење владини политики дека има некој и во државава што се образовани па не проаѓаат глупостите.

КОЈ ЈА ОСЕТИЛ ИНФЛАЦИЈАТА ?

СИТЕ посебно средната класа која стандардно највеќе осиромувашува од инфлација.Друго име за инфлацијата ти е "Данок на сиромашните"

Еврото така стои со денарот дека денарот е фиксно поврзан со еврото.Поради истото тоа поврзување и сега скокаат цените на енергенсите зошто еврото слабее во однос на доларот.Тоа се поскапувања само поради неспособноста на државниот апарат.

ПРВО ОД СК 2014 СЕ ЗБОГАТИЈА САМО БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ НА ВМРО кој се нафатираа како луди. Гарант не ќариле работниците кој работеа летото во 4 попладне за 8-12 илјади плата.

И за крај тоа и го планирам али секако за се треба време, јас не сум его трипер па да мислам дека во моите 20сети знам се или пак треба да бидам воопшто во политика за разлика од некој други кои се моментално во собрание и власт.Се си доаѓа со време.

Секој што има амбиции да стигне до власт пред 30-40 години од напред треба да се дисквалуфикува од избори поради мегаломанија.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
БИП БИП БИП НЕПИСМЕНА РАЈА НА РАДАР!

Како мое внуче ќе враќа? Да се разбудиме? Ние или ти? Данок ја плаќам и богами помал неголи некогаш кога не ни се градело во Македонија тие пари секако ги дава секој граѓанин и е должен да ги дава, безразлика дали постоело Скопје 2014 или не а заради проектот никој нема да враќа од свој џеб повеќе пари или помалце. Не постои начин 1000$ секој граѓанин да враќа ти или си дете неписмено 13 години или некој со основно образование, задолжени пари си ги враќа владата народот може да осети ако владата крене акцизи, ако поскапи данок, комуналии, напротив тоа или е исто или е смалено, а поскапувања од приватни фирми, дури и ЕВН е приватна не е потег на владата туку на фирмата,плус цел свет е во криза Грција пропадна исто сценарио ја чека Шпанија , излезете од комунистички филм дека државата треба да работи за вас, не вие треба да работите за државата, ЕДИНСТВЕНО тие пари што беа за скопје 2014 дадени можеа или во инфраструктура да се вложат или во реновирање, но со оглед на нашиот национален статус се прави една црвена линија која неможе да ги замени сите пари на светот. Јас лично со одредени споменици не се сложувам и со нивната поставеност но во глобала проектот е на место.
--- надополнето: 19 август 2012 во 00:03 ---
После овие напишани глупости мислам дека ти си 13годишно дете, пошто како што гледаш и останатите исто размислуваат како мене, единствен си ти кој мислиш дека владата ќе враќа долгови а не народот. Како што рече Branchez изгледа не живееме во иста држава. Не ги чувам, ќе ти покажев стари сметки и за струја, вода, данок на имот сеуште не ми има дојдено нова фактура, па да се разбудиш дали има разлика или нема. Порано пријателе сме плаќале струја до кај 1000-1200ден. Денеска пријателе плаќаме струја над 3200ден. Колку % е разликата? Сите тие цени ги диригира регулаторна која е поставена од и во корист на владата. Останатото читај го од останатите членови па можеби ќе се освестиш кај си. До тогаш воодушевувај се на скопје 2014 и надевај се дека некој ДРУГ ќе враќа тоа што се расфрлаат со глупости.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
После овие напишани глупости мислам дека ти си 13годишно дете, пошто како што гледаш и останатите исто размислуваат како мене, единствен си ти кој мислиш дека владата ќе враќа долгови а не народот. Како што рече изгледа не живееме во иста држава. Не ги чувам, ќе ти покажев стари сметки и за струја, вода, данок на имот сеуште не ми има дојдено нова фактура, па да се разбудиш дали има разлика или нема. Порано пријателе сме плаќале струја до кај 1000-1200ден. Денеска пријателе плаќаме струја над 3200ден. Колку % е разликата? Сите тие цени ги диригира регулаторна која е поставена од и во корист на владата. Останатото читај го од останатите членови па можеби ќе се освестиш кај си. До тогаш воодушевувај се на скопје 2014 и надевај се дека некој ДРУГ ќе враќа тоа што се расфрлаат со глупости.
Цените пред се ги диригира сопственикот на ЕВН/ЕСМ, кој беше продаден во едно друго време. Мислиш дека регулаторна комисија има сила на барање на ЕВН да му рече НЕ МОЖЕ? Прочитај го законот.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Цените пред се ги диригира сопственикот на ЕВН/ЕСМ, кој беше продаден во едно друго време. Мислиш дека регулаторна комисија има сила на барање на ЕВН да му рече НЕ МОЖЕ? Прочитај го законот.
ЕЛЕМ ги има барано последните покачувања заедно со МЕПСО (двете се државни фирми а ЕЛЕМ само што вработи повторно уште стотина нови работници )

ЕЛЕМ И МЕПСО зимаат 70-75% од секоја сметка што ја наплатува ЕВН.Додека регулаторната комисија е чисто државна агенција.

Ај кажи ми жити се како ЕВН се криви ?

Плус кој помага ЕЛЕМ да има чист монопол на производство и продажба на струја ? Повторно државата

Единствената страна која е крива за растењето на цените на струја е ДРЖАВАТА.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom