Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Не ми е јасно зошто се расправате толку , зошто морат потрошените пари да се вратат воопшто , државата троши средства на се и сешто па од се ли треба да има повраток , еве пример армијата купила куршуми и сега ние треба да очекуваме тие куршуми да ги оправдат парите и да ни донесат профит ? Јас Проектот Скопје 2014 не го гледам како инвестиција која треба да оствари профит , туку да им прати порака на сите оние што не оспоруваат дека ние не сме банана-држава за една употреба , туку сериозна држава која си држи до своето и има моќ да реализира нешто што ќе го науми . Верувам дека после овој проект многумина не гледаат со други очи , макар и негативно , макар и си мислат дека сме луди , ама сигурен сум дека повеќе не не гледаат со потценување , а мене повеќе ме боли некој да ме потценува отколку да мисли дека сум луд .
Taка де,ама ај докажи им на некои.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Не плачи кога не ти иде од прилог..пошто ти си по статистики и бројки еве ти..раст за една година на + 6000 не е малку за град кој порано 6000 туристи за цела година го посетувале..така да shut up and cry..cry..
Го чеша дупето, зошто во Приштињ не одат, туку во Скопје, макар и 6000 повеќе биле...
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Не ми е јасно зошто се расправате толку , зошто морат потрошените пари да се вратат воопшто , државата троши средства на се и сешто па од се ли треба да има повраток , еве пример армијата купила куршуми и сега ние треба да очекуваме тие куршуми да ги оправдат парите и да ни донесат профит ? Јас Проектот Скопје 2014 не го гледам како инвестиција која треба да оствари профит , туку да им прати порака на сите оние што не оспоруваат дека ние не сме банана-држава за една употреба , туку сериозна држава која си држи до своето и има моќ да реализира нешто што ќе го науми . Верувам дека после овој проект многумина не гледаат со други очи , макар и негативно , макар и си мислат дека сме луди , ама сигурен сум дека повеќе не не гледаат со потценување , а мене повеќе ме боли некој да ме потценува отколку да мисли дека сум луд .
Е не, се е земено на лепи очи а? Безброј пати се задолжија за тој проект, твое дете/внуче ќе треба да враќа а не да не се враќа воопшто, разбудете се еј, бог да чува, не требало да се враќа, преку 1000$ некаде пишуваше секој граѓанин е задолжен да враќа, а сето тоа ќе си го враќаме со вакви поскапувања, не се секирај. Нека продолжат со задолжување и трпање на споменици и ред други срања, и нека продолжи поскапувањево е тек тогаш ќе видиш граѓански бунт и рушење се пред себе, до тогаш гледај си и уживај си со сонот дека нема да враќаш ништо на државата. Нели гледаш дека од секаде кај што се задолжија имаат рокови за 2,3,4,5 години, а вие викате 20години требало да се исплати проектов? Кој во тоа меѓувреме ќе враќа, господ?
 
Член од
9 август 2012
Мислења
283
Поени од реакции
1.297
Скроз си ја промашил мојата поента , али нема везе .
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
И што дека? 6000 туристи по 100Е да имат оставено, тоа се 600.000 годишно. Владата фрли 300 милиони евра, за да ги вратиме ќе требаат само 500 години (и тоа да ги исклучам трошоците за одржување).
Ама тебе те боли qr, тоа од мој џеб ќе биде платено, ти и онака не работиш, нема од каде државата да ти ја земе третина од платата.
Ајде ти работиш и да речеме дека стварно од твој џеб е платено и од мој од даноци и слично, ако не беше Скопје 2014 како парите што се од твој џеб дадени тебе ќе ти се вратеа, ти тие пари секако ќе ги дадеш та бил проектот та не бил?
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863

Со изградба на нови патишта, нови електрани...
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Е не, се е земено на лепи очи а? Безброј пати се задолжија за тој проект, твое дете/внуче ќе треба да враќа а не да не се враќа воопшто, разбудете се еј, бог да чува, не требало да се враќа, преку 1000$ некаде пишуваше секој граѓанин е задолжен да враќа, а сето тоа ќе си го враќаме со вакви поскапувања, не се секирај. Нека продолжат со задолжување и трпање на споменици и ред други срања, и нека продолжи поскапувањево е тек тогаш ќе видиш граѓански бунт и рушење се пред себе, до тогаш гледај си и уживај си со сонот дека нема да враќаш ништо на државата. Нели гледаш дека од секаде кај што се задолжија имаат рокови за 2,3,4,5 години, а вие викате 20години требало да се исплати проектов? Кој во тоа меѓувреме ќе враќа, господ?
БИП БИП БИП НЕПИСМЕНА РАЈА НА РАДАР!

Како мое внуче ќе враќа? Да се разбудиме? Ние или ти? Данок ја плаќам и богами помал неголи некогаш кога не ни се градело во Македонија тие пари секако ги дава секој граѓанин и е должен да ги дава, безразлика дали постоело Скопје 2014 или не а заради проектот никој нема да враќа од свој џеб повеќе пари или помалце. Не постои начин 1000$ секој граѓанин да враќа ти или си дете неписмено 13 години или некој со основно образование, задолжени пари си ги враќа владата народот може да осети ако владата крене акцизи, ако поскапи данок, комуналии, напротив тоа или е исто или е смалено, а поскапувања од приватни фирми, дури и ЕВН е приватна не е потег на владата туку на фирмата,плус цел свет е во криза Грција пропадна исто сценарио ја чека Шпанија , излезете од комунистички филм дека државата треба да работи за вас, не вие треба да работите за државата, ЕДИНСТВЕНО тие пари што беа за скопје 2014 дадени можеа или во инфраструктура да се вложат или во реновирање, но со оглед на нашиот национален статус се прави една црвена линија која неможе да ги замени сите пари на светот. Јас лично со одредени споменици не се сложувам и со нивната поставеност но во глобала проектот е на место.
--- надополнето: 19 август 2012 во 00:03 ---
Со изградба на нови патишта, нови електрани...
Ако изгради асвалт тебе ќе ти се вратат парите? Или со новите патарини владата ќе зема уште пари. Ако се направи електрана ќе поефтине струјата? Не туку нема да увезува евн туку ќе купува од владава пак ти денар нема да видиш.
Инфраструктурата т.е патиштата да, но пак ќе пофторам со оглед на националниот статус има време и за тоа плус проектот 2014 беше почнат во време кога немаше криза во светот бројките на буџетот како растеа до кризата беа премногу добри но се случи тоа што се случи.
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
:pos: Изгледа јас и ти не живееме во истата држава.
Ајде кажи ми што е поскапено од страна на државата?
Дури и да има нешто цел свет е во криза не е сигурно тоа поради Скопје 2014.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Ајде кажи ми што е поскапено од страна на државата?
Ништо бе ништо, се' е поефтино дури и почнаа гага работи да даваат.:tapp:

ПС. Заслужи да ми одиш во потпис.
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Струја, вода, бензин, парно, прехранбени продукти, паркинг, данок на имот, радиоконтузна такса ....
Струја - евн - приватна фирма. Државни акцизи исти.
бензин - поскапен по барел светски - нема контакт со државата. Државни акцизи исти.
парно - поврзано со нафтата - после гасификација ќе поефтини. Поскапено ради нафтата. Државни акцизи исти.
прехранбени продукти - приватни фирми - државни акцизи исти, има и резерви државата затоа лебот има иста цена. Државни акцизи исти.
паркинг - приватни сопственици или локална самоуправа - никаде не пишува колкава треба да биде цената, а и самиот застапник си одредува колкава цена ќе биде - државата зема ист процент од него.
данок на имот - ај оди провери колкав бил данок на имот во 2004 правопропорционално со најниската највисоката и средната плата и буџетот на државата со данокот сега па фрли се во вардар.
радиодифузна такса се плаќа во цел свет затоа немавме сервис државен за тоа колку е подобрен и каок се подобрува има други теми а и воочливо е.
Вода сум пропуштил - е ти си прв во државава што кажа дека водата поскапела... ај аирлија уште една глупост. После се чудиме зошто тоне државава па ради вакви ко тебе.

Значи кад се курчимо курчимо се до краја што би рекле србите, ти чувај го во потписот прашањето, а одговоров стави си го дома на ѕид, сакаш на хамер сакаш директно на ѕид или нешто уметнички онака инспирација да ти дава друг пат да не тропаш глупости.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Струја - евн - приватна фирма. Поскапувањето е на барање на ЕЛЕМ и МЕПСО кој всушност и зимаат 75% од сметките што ЕВН ги наплаќа

бензин - поскапен по барел светски - нема контакт со државата. Државни акцизи исти.

100% акциза на пазарна цена за тебе е ништо ? Монополот на ОКТА кој го создаде ако не државата ?

парно - поврзано со нафтата - после гасификација ќе поефтини. Поскапено ради нафтата. Државни акцизи исти.

Повторно мопол на Топлификација создаден од државата и подпомогнат од истата со поминувањето на барањето на Топлификација исклучените да плаќаат иако тоа е против-уставно

паркинг - приватни сопственици или локална самоуправа - никаде не пишува колкава треба да биде цената а и самиот застапнит си одредува колкава цена ќе биде - државата зема ист процент од него.

Локална самоправа :pos::pos: не сме смеј те молам .Сите градоначалници кои се од владејачката коалција се секогаш гз и гаќи со власта. Патем доделувањето на паркинзите ( кои граѓаните ги купиле заедно со станот ) на Паркинзи скопје беше исто така незаконски чин.

данок на имот - ај оди провери колкав бил данок на имот во 2004
правопропорционално со најниската највисоката и средната плата и буџетот на државата со данокот сега па фрли се во вардар.

Самото постоење на даноков е противуставно али ајде да не влегувам натаму

радиодифузна такса се плаќа во цел свет затоа немавме сервис државен за тоа колку е подобрен и каок се подобрува има други теми а и воочливо е.

Да во социјалистичкиот дел од светот.Пола свет не ни има национални телевизии кои се и чиста глупост зошто служат само за перење на мозоци

Значи дак се курчимо курчимо се до краја што би рекле србите, ти чувај го во потписот прашањето, а одговоров стави си го дома на ѕид, сакаш на хамер сакаш директно на ѕид или нешто уметнички онака инспирација да ти дава друг пат да не тропаш глупости.
Сакаш да ти го кажам НАЈГОЛЕМОТО ПОСКАПУВАЊЕ ?

Годишна инфлација од 2-4% ( имаме и година со 8.3 % во 2008 ) од 2006 имаме вкупна инфлација од околу 17-18%

Ај ги молам нека се јават сите што од 2006 до денес имаат покачување на примања од 18% .
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Сакаш да ти го кажам НАЈГОЛЕМОТО ПОСКАПУВАЊЕ ?

Годишна инфлација од 2-4% ( имаме и година со 8.3 % во 2008 ) од 2006 имаме вкупна инфлација од околу 17-18%

Ај ги молам нека се јават сите што од 2006 до денес имаат покачување на примања од 18% .
Дали си ти сериозен дека инфлацијата е заради проектот Скопје 2014? Ова е смешка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom