Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
ВЛАДАТА САКА ДА ИЗГРАДИ НАЈВИСОКИ КУЛИ ВО ЕВРОПА
Три стокатници ќе израснат во Скопје
Во комплексот, кој ќе прилега на мал град, ќе има училишта, градинки, ресторани, станбени и деловни простори, паркинзи, сали, галерии и други содржини
Во центарот на Скопје ќе се градат три кули високи по 98 ката, на локацијата на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“. Ако се оствари планот на Владата, овие кули ќе бидат меѓу десетте највисоки згради на светот по бројот на катови. Владата во февруари донесе одлука за изградба на три облакодери, со образложение дека главниот град конечно мора да добие модерен изглед, а тогаш беше најавено дека објектите ќе имаат по 50 ката. Најверојатно зградите ќе бидат високи околу 400 метри, ако висината на еден кат изнесува четири метри. Во Европа нема стокатница, а до 2012 година треба да биде изградена кула со 118 ката во Москва. Нацрт-детаљниот урбанистички план во кој се зацртани маркичките за трите висококатници веќе е подготвен и утре ќе се најде на усвојување пред Советот на Општина Центар.
Претседателот на Советот на Центар, Владимир Здравев, вели дека, во урбанистичката документација, на комплексот му се дадени повеќе намени и тие ќе бидат слични како во облакодерите во развиените земји, и во нив ќе има : училишта, градинки, ресторани, станбени и деловни простори, паркинзи, сали, галерии, кина- нешто што ќе наликува на мал град.
Со планот е предвидено кулите да бидат споени меѓу себе со станбени блокови високи по 10 ката, наменети за домување. Во централниот дел на објектот ќе има подземно паркирање, а паркинзи се предвидени и меѓу кулите. Утврдена е и изградба на пешачки мост преку Вардар.
Детаљниот план, во кој локацијата за градба на комплексот се третира како една парцела, се однесува на големиот паркинг спроти хотелот „Холидеј ин“ и неговата околина, односно на просторот меѓу улиците Васил Аџиларски, Мирче Ацев, реката Вардар и булеварот Кочо Рацин.
Можноста за градење на толку високи згради во Скопје, кој лежи на трусно подрачје, ја дава новиот Правилник за просторно и урбанистичко планирање, во кој не се ограничува катноста на новите објекти. Порано не беше дозволено да се градат објекти што имаат повеќе од 16 ката.
Комисијата за урбанизам во Општина Центар вчера одржа состанок на кој го разгледуваше Нацрт-детаљниот план. Советничката од Центар, Нада Зрмановска, која е членка на Комисијата, вели дека во урбанистичката документација нема ништо спорно, но идејата за изградба на вакви објекти отвора многу дилеми.
- На прв поглед во документацијата, се' е во ред. Но за да се изгради ваков комплекс потребна е соодветна инфраструктура што понатаму ќе го опслужува. Потребни се соодветни улици и пристапи, ќе треба да се изгради подземната сообраќајница што минува под плоштадот, како и подземната улица под кејот. Нацрт-планот е првичната верзија, а понатаму, ако дојде до реализација, ќе треба да се направи посебен урбанистички проект во кој посериозно ќе треба да се разгледаат некои прашања. Дилема, на пример, е како ќе се организира противпожарната заштита во зградите што ќе бидат високи најмалку 300 метри. При пожар ќе треба да биде можно да се направи евакуација на целиот објект за најмногу половина час - вели Зрмановска, која додава дека ќе бара Агенцијата за просторно и урбанистичко планирање, која е подготвувач на Генералниот урбанистички план, писмено да и' одговори дали изградбата на овие 98-катници ќе биде во согласност со ГУП.
Според првичните замисли на Владата, облакодерите ќе ги градат странски инвеститори, за што ќе биде распишан меѓународен јавен конкурс. Конечниот изглед на зградите ќе биде познат кога ќе бидат готови главните проекти за нив.