Надоврзување кон градски дешавки.
Еден убав сончев ден минатата недела, си ја паркирам колата у една уличка (планирав да се задржам многу кратко). Онака расположена си искачам и стаам клуч да заклучам кола, коа бочно ми нарипуе намрштена женска фаца- т.е се продеруе од спротивнит двор-а појава шта да ти причам тричетврт трењерица, цицка до струк со длабоко деколте и подрасната плаво офарбана минивал фЛизура (понатаму ЖФ):
ЖФ: -Тука живееш?
ЈА: ??? ...Да...?
(онака збунета, пошо ја доживеав ко да ми фрли вода у лице)
ЖФ: -Па шо ми паркираш пред врата, шо не си паркираш пред твоја зграда?
(А ја со колата паркирана спроти нејзиниот двор, пред напуштена куќа)
ЈА:
(додека сеуште покушавам да се совземам од WTF ситуацијава)- А како е ова ваша врата, кога куќата ти е на спротивната страна?
ЖФ: -Тоа е мое место, ја си паркирам тука, мора да се тргнеш или...
ЈА: ...или ШТО?
ЖФ: -Ке ти исечам гуми, ке ти ја изрезбам колата!!!
(И баш се дере ко луда, цел комшилук да слушне...)
ЈА:-Добро бе снајка, прај шо сакаш и (потивко) и' викам-имам претчувство дека ќе метеш скршено прозорско стакло денес...
Ова е скратеница, пошо расправата траеше едно десетина минути.
Поентата е дека ми го сјеба цел ден. Ваква "градска" крава ми је отелотворење на (скоро) све што мрзам во "градов"-простотија, вулгарност и безобразие, тенденција за заплашување и омаловажување, неспособност нормално да се изрази и во најобични ситуации...башка и она македонското-мое си е се што сум си замислил дека е мое, без разлика што неам доказ за посед (ако децата ко ќе ми дојдат на гости у сабота паркираат тука, тогаш аутоматски местото си станува мое преку цела недела).
Бај д веј, радо ќе се тргнев ако ми пријдеше со фино и само ми кажеше дека она го користи местото или ќе и објаснев дека многу кратко сум во нејзиниов крај.
Али што да се прави
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:11 ---