До негде се согласувам со тебе Мајло, ама па и од ноември (Синедејс) каде ги даваат сите позначајни филмови во годината до април (кога се одржува СФФ) освен Берлинале, друг позначаен фестивал и немаше, а и слабо излегуваат добри филмови во тој период од годината. А и годинава програмата на Берлинале не ме бендиса нешто.
Освен овој на Танович што можеле да го земат од таму, друго слабо. Дури ни победникот не ми се гледа. За разлика од Синедејс кога имаш Берлинале, Кан, Венеција и доста други фестивалчиња, па можеш одлична програма да направиш.
Плус фестивалчево е со помал буџет и за тие пари ја мислам добри филмови имаат донесено.
Годинава криво ми е што нема да можам да ги погледнам бугарскиот Семејни реликвии, Неонски бик и кратките македонски и шпански филмчиња.
Во план ми се Сен Амур, Синот на Шаул, Мажи и кокошки, Лазар, Керол, Да се биде 17-годишен.
Али најќејф ми е за Лазар.