Скопје Филм Фестивал

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
Од утре почнува новото издание на Скопје Филм Фестивал, а фестивалот ќе биде отворен со премиерата на македонскиот филм Медена Ноќ

Распоредот на фестивалот на следниов линк

http://www.skopjefilmfestival.com.mk/#!--/c18td
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Штета што нема повеќе коментари, штета што нашите форумџии некако изгледа слабо гледаа СФФ или пак ги мрзе да споделат импресии.

Морам да ја пофалам одличната програма што ни ја понудија годинава, навистина срцекршачки одбрани филмови кои допираат до длабочината на секој човек. За разлика од Синедејс каде што има многу повеќе филмови и од секаков вид, овој некако се обиде низ сите филмови да допре баш до гледачите.

Прво па најемотивно се погоде хрватскиот Takvi su pravila да ти биде уште потрагично базиран на вистинска приказна. Емир Хаџифазифбеговиќ доби награда за најдобар актер во Венеција, а како и да не добие кога неговата глума беше повеќе од перфектна. Многу ме потресе филмот, останав занемен до крајот. Дел од публиката си замина од салата со потечени очи. 4/5

Лично мене најдрагиот од изгледаните заедно со уште еден документарец, Gett: The Trial of Viviane Amsalem или израелскиот кандидат за најдобар странски филм годинава на Оскарите беше мој фаворит од играните, и добитник на 4.5/5. Многу интересно филмско дело за борбата на една жена за слобода, слобода од нејзиниот маж во општество каде што желбите на една жена не значат ништо.

What We Do in the Shadows - доста интересна австралиска црна комедија. Далеку од хорор како што се водеше во секцијата, али ете изгледа секој ’хорор филм’ беше некако посебен, ниеден ист со некој друг. Мислам дека сепак направиле одлична селекција. 3.5/5

Последниот ден од животот на филмскиот уметник Паоло Пасолини, Pasolini не ме импресионира ништо посебно, меѓутоа добар приказ на последниот живот од уметник за кој прв пат слушнав. По она што го видов, човекот очигледно одел во екстремности кај неговите филмови, а неговата хомосексуалност не го довела до добар крај. 3/5

Австрискиот хорор Goodnight Mommy беше навистина приказна за себе, многу добра кинематографија, брутална глума на двете близначиња меѓутоа одеше во крајности приказната. Искрено дали поради тоа што бев задлабочен во уметноста не ни предвидував некој крај за филмот, иако испадна нешто сосема логично и помалку клише. 3/5

Доста фалениот Timbuktu навистина беше едно парче уметност, меѓутоа многу трогателни филмови имам изгледано кога се во прашање борбата на невините луѓе во муслиманските земји па нешто приказната не ме трогна многу. Прекрасно снимено, сосема заслужена номинација за Оскар. 4/5

Кој го гледаше минатогодишниот врвен документарец The Act of Killing, задолжително да го изгледа неговото продолжение, многу подобро насловено The Look of Silence. Се чудам како не собира награди филмот, кој ем ми е подобар од Citizenfour (кој исто е одличен) ем доста посрцепателен од неговиот претходник. Многу многу врвно собран материјал за геноцидот во Индонезија. Стравично брутален документарец, реален приказ на злото во светот! A MUST! 4.5/5

И за крај многу ми е жал што не можев да го изгледам унгарскиот White God кој го чекам скоро една година. Се надевам ќе го стават во редовна проекција, иако гледам кај и да е треба да излезе добар торент.

Препорака до сите филмови што ги изгледав! И гледајте добри и квалитетни Европски филмови!
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Одлична програма во секој случај, ама немаа никаква реклама, затоа и немаа публика. Само еден билборд имаше у центар и тоа задскриен од едно дрво, па од автомобил не верувам дека некој би го видел. Без маркетинг - нема публика.

Бев на два филма - францускиот L'homme qu'on aimait trop на кој имаше 30тина души и унгарскиот Белиот бог со околу 60-тина души публика.

За францускиов не пишав ништо зашто не беше ништо посебно. Просечна француска драма што си возеше, си возеше и ојде у ендек. Од мене доби 5.5/10 или со оцените на СФФ 3/5.

Морам да посочам дека имаа ептен лош превод, зашто учам француски и имаше непреведени реченици, во преводот долу одеа зборови од српски како посла, буде.. Крајно непрофесионално, а и насловот им е погрешен. Не е Човекот кој премногу сакаше, туку Човекот кој премногу го сакаа/премногу беше сакан. Кога проверив на ИМДБ под наслови под кои е познат филмот во други земји, беше јасно од каде е грешката - и Србите го имаа грешно преведено. :tapp:

За унгарскиот кажав во рецензијата. Од мене цврста 7ца, или со оцени на СФФ 4/5. A must!

И за Медена ноќ кој иако го погледнав по фестивалот, го додавам овде бидејќи сепак беше прикажан на СФФ. Од мене е нешто ретко видено во нашата кинематографија. 5/5 A MUST такоџе.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Нек избие понапред темава, се наближува лека-полека и новото издание на СФФ, па очекувам добар фестивал. :P
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Мислам дека ќе се емитува Викторија. Еве линк од визуелниот идентитет на фестивалот, официјалните плакати и слично, и има дел од каталогот на филмот каде што пишува баш за Викторија.
 

Attachments

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
@MyloXyloto А што помина 2015-та, што правиме? :D Или ти од минатото си. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.349
Мислам дека ќе се емитува Викторија. Еве линк од визуелниот идентитет на фестивалот, официјалните плакати и слично, и има дел од каталогот на филмот каде што пишува баш за Викторија.
Да, ама ова е од лани, а лани го даваа Victoria.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Да, ама ова е од лани, а лани го даваа Victoria.
:coffee::coffee:

лошо

инаку ете зошто ми дојде чудно оти годинава сосем друг е концептот на дизајнот, ама ова било можниот дизајн ама е одбиен, избран е друг предлог, а баш ми се свиѓа ова со пикселите, пошто лани беа VHS лентите како тема.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
Јеј некој ми оживеал тема :D

..стварно бе лани ден пред отварање пуштиле програма или ја касно сум отворил?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Си каснел една недела, колку што ме држи меморија. Инаку дури вчера имаа повик за волонтери.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Го имаа објавено датумот уште пред недела-две. 22-30 април 2016. Друго не знаеме ништо. :D
Туку де нек смени модераторот името на темава, да биде општо за СФФ, ко таја за Синедејс што си е. Вака отварање тема само за 2,3 поста и два-тројца што ќе пишат не вреди.[DOUBLEPOST=1459443118][/DOUBLEPOST]Ева ја и првата новина. Ретроспектива на тајвански филмови. :icon_mrgr:
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
Како и секогаш овој дел од фестивалот ќе се одржи во Кинотека на Македонија.

22 април (петок) 20:00 ч.
ВО НАШЕ ВРЕМЕ
(Guang yin de gu shi/ In Our Time)

23 април (сабота) 20:00 ч.
КУЧИЊА-СКИТНИЦИ
(Jiao you/ Stray Dogs)

24 април (недела) 20:00 ч.
ЈАДИ, ПИЈ, МАЖИ, ЖЕНИ
(Yin shi nan nu/ Eat Drink Man Women)

25 април (понеделник) 20:00 ч.
ВОИНИ НА ВИНОЖИТОТО
(Sàidékè balái/ Seediq Bale: Warriors Of The Rainbow)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Како и секогаш овој дел од фестивалот ќе се одржи во Кинотека на Македонија.

22 април (петок) 20:00 ч.
ВО НАШЕ ВРЕМЕ
(Guang yin de gu shi/ In Our Time)

23 април (сабота) 20:00 ч.
КУЧИЊА-СКИТНИЦИ
(Jiao you/ Stray Dogs)

24 април (недела) 20:00 ч.
ЈАДИ, ПИЈ, МАЖИ, ЖЕНИ
(Yin shi nan nu/ Eat Drink Man Women)

25 април (понеделник) 20:00 ч.
ВОИНИ НА ВИНОЖИТОТО
(Sàidékè balái/ Seediq Bale: Warriors Of The Rainbow)
Ќе има ретроспектива на филмови и од друга земја, мислам, ама уште не е донесено одлука од која. :icon_mrgr:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
Наводно програмата е спремна и деновиве ќе ја објавеле. Ај баш да видиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom