Скопје - Косово - Албанија - Будва

Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Форумџии, гледам нема ваква тема ни у близина па ај викам да си прашам.

Дали некој у скоро време има идено низ Албанија, па и низ Косово.

Планираме една кола да одиме на Нова Година во Будва, арно ама нели сега муабети има колку сакаш - па незнам колку ти е сигурно со кола да минуваш низ Косово (на кратко) па потоа долж Албанија да излезеш на море, кај што ти е граница со Црна Гора?

Исто така, дали тој пат е подобар за возење, од шо тој шо е низ планината шо излегува кај Подгорица?

Ајде ми треба некој упатен, нека помага :)
 
M

Moon Child

Гостин
Нема врска дека не е сигурно да се оди со кола, јас имам минето 100 пати од таму до Црна Гора по секоја можна рута, дури и по онаа долгата преку граничен премин Кула.
Најубаво ти е преку Косово, а и најбрзо, после само горе да излезеш кај Скадар и ете ти ја границата со ЦГ.
 
M

Moon Child

Гостин
Косово го гледате ко Сирија или Ирак ебаго.
1999год одамна беше..... проверете тоа календарот.
Не е прв пат вакви коментари, имаше и во други теми за ова. Незнам зошто би било опасно, транзит си поминуваш и готово, нема некој да те каменува, боже сачувај. Ај да застанува негде успат во Косово, ок, ама вака не гледам зошто би било проблем. Косово попреку го минеш за два саата, ама ете...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не е опасно воопшто, дури би рекол Косово делува позивилизирано и од Албанија, подобри патишта има. Напорен е патот само многу, особено во Албанија откако ќе заврши автопатот, накај црногорска граница и во Ц.Гора од граница до Уљцин, како во 18 век ебиветер планинска пустелија.
 
M

Moon Child

Гостин
Не е опасно воопшто, дури би рекол Косово делува позивилизирано и од Албанија, подобри патишта има. Напорен е патот само многу, особено во Албанија откако ќе заврши автопатот, накај црногорска граница и во Ц.Гора од граница до Уљцин, како во 18 век ебиветер планинска пустелија.
Немора да влегува во Улцињ воопшто, пичи само по тој грозниот пат низ планината, за саат време отприлика си во Бар.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Немора да влегува во Улцињ воопшто, пичи само по тој грозниот пат низ планината, за саат време отприлика си во Бар.
И двата ги имама извозено, не знам кој е полош, на овој планинскиот две коли едвај се разминуваат ако ти се погоди автобус од другата страна треба у нечиј двор да влезеш, ама и другиов не е пораен у тој поглед, плус кривини еден куп.
 
M

Moon Child

Гостин
И двата ги имама извозено, не знам кој е полош, на овој планинскиот две коли едвај се разминуваат ако ти се погоди автобус од другата страна треба у нечиј двор да влезеш, ама и другиов не е пораен у тој поглед, плус кривини еден куп.
Мислам оти убедливо најлош е оној преку Косово на граничен премин Кула. Еднаш патував од таму со Руле турс, кога фати тој патот таму Беране Рожаје и планината Проклетие никад краја, ни селце негде да видиш, ни ламба ни бутур, уште па и среде зимо се погоди да биде, замрзнато се, тоа шумата од елки ти се чини у секој момент врколаци ќе почнат да излегуваат и зомбиња од некаде. А и тој пат пред Беране и Рожаје кога ќе тргнеш од Подгорица тунелите се избушени во карпа како низ пештери да минеш. Доживљај.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Абе не е за стереотип работава, ја на одмор кога идев еден зема со камен фрли накај автобусот :D
 
T

templar55

Гостин
Абе не е за стереотип работава, ја на одмор кога идев еден зема со камен фрли накај автобусот :D
Можеби се исплашил, не видел автобус. Јас кога поминував со хеликоптер преку Косово ме гаѓаа со стрели.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Еве гледам, повеќето сте го возеле патот. Така да коментарите се добри. Сум бил јас, само со комбе 2013 ама темник беше така да не ми текнува ни шо ни како. Памтам дека имаше автопат нов низ Албанија и тоа топ, е сега после доле ка Шкодер имаше некој заебанции, канта пат.. ама без проблем се оди? Одприлика со кола, нормална вожња колку се стига Скопје - Будва?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Сум ги возел или сум се возел скоро во сите варијанти.
Старата опција преку Митровица не функционира, затоа што се преминува на српски премин, а немаш печат дека си влегол на српска територија.
Преку Јажинце, па се качуваш Брезовица на Шара и идеш накај Призрен - живописно, ама непотребно долго и зимски период може да биде зезнато.
Преку Урошевац, па Приштина - Пеќ, треба да ја качуваш Кула на 1300 надморска, па после Рожаје, Беране и клисурана Тара-Лим-Морача - пак ќе кажам за некого интересно и живописно, ама и лизгаво, опасно и многу долго. 8 саати, а може и плус и тоа со фул концентрација.
Најбрзата опција е Урошевац (неизбежно) па возиш накај местото Штимље и до него Дуље и се врзуваш на автопатот Приштина-Тирана. Освен делов во Косово кој може да е хаотичен и личи на улицана на пластичарите, другото е стварно релативно лесно. Малку потесен пат е од Скадар до Будва, ама сепак е двосмерен регионален и делот на црногорската страна скоро е реновиран. Сум бил неколку пати до Црна Гора и Хрватска преку оваа рута. Не им се лепи многу од позади на локалците во Албанија пошо и од автопат се исклучуваат нагло без жмигавец. Воопшто не се пристапува од Подгорица, туку Улцињ, па Бар итн. - таканаречена Јадранска магистрала.
Во период кога не се одмори и туристичка сезона мислам дека се стига релативно брзо.
 
S

silmarillion

Гостин
Сегде си е ок. У Албанија само дај екстра внимание на бензинска ако застануваш за кафе и бензин околу колата да не ти се шуња некој. Не дека ќе ти украде нешто, него бетер може да ти стави па да се чудиш на граница.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom