Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

banne1

попај
Член од
24 април 2012
Мислења
139
Поени од реакции
68
кога стига ваучерот од визер?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.964
Дечки, ЧЕСТИТКИ на сите прво. Скопскиот маратон за мене е една од најдобрите и веројатно најпозитивната организација што се појавила во јебениов град па и држава. Скопскиот маратон е почеток за многу други организации и маратони што се појавија по другиве градови, не да изигравам локал патриота туку нагласувам зошто е многу битна појава оваа трка во нашево живеалиште.

Инаку на Филип мкд муабетот е на место и најреалниот. Стварно нема подобро од тоа да уживаш во трката место да се мачиш. Е сега зависи колку си глупав, ако си ко мене ќе се мачиш иако знаеш дека целта нема да ја постигнеш.
Годинава го трчав вториот маратон, претходната година истрчав за 4 саати и 10 минути, годинава 6 минути поспоро. Целта беше да отидам под 4 саати, мада нереална зашто стварно немав тренинзи, со 10 трчања ко и претходна година отидов на тркава. Причина моја лична за недоволно тренинзи е воздухот што е гомно до март месец, а втората што во март заврнаа тешки снегови двапати, а третата е што ми се појави една минорна повреда во март што ме држеше 3 недели во аут, после среќа добар бев. Мое лично мислење е дека за добра подготовка за маратон каде имаш зацртано време, 3 месеци е МИНИМУМ период за спремање, јас би рекол дека 16 недели се како што треба, но ако сакаш на кеј а немаш време за Водно и слично, многу тешко е ова остварливо на добар воздух.

Претходната година малце побаксузни моменти имав, зашто ми се јавија повеќе пати помали повреди. Е сега, претходната година на денот на трката, првиот круг беше топол и со сонце, али вториот беше идеален, смрачено цело време и тек при крај зароси малце дожд, освежи и помогна за полесно завршување на тркава. Годинава човече
ме потепа сонцево, 4 и кусур саати под сонце цело време, кога завршив со трката после 20 минути се смрачи и заврна дожд, мада овој дожд беше претерано силен, што не верувам дека помогна на некој од тркачиве што ги затекна.
Него муабетот, мислам дека пројдов многу потешко од претходнава година. Годинава при 36ти километар си викав готов сум, не трчам веќе никад маратон :D Сеуште не знам додуше, претходната година исто кажав после трка дека толку веќе 42 не, ама ќе видиме, болката е речиси пројдена :D

Истрчав малце послабо од прошла година, речиси исто бев спремен, ама не ми е ич криво зашто времето годинава беше пеколно, со оглед на околностите, се осеќам океј дека сум истрчал.
Во поглед на уживањето што го спомна Филип, после 25-от не уживав, после 32-от почнав да се мачам, после 36-от се пцуев себеси, после тоа реков дека веќе никад маратон, ама мислам дека ова последново ќе го побијам :) Со пријателов што имавме цел да турнеме 4 саати заедно трчавме до 30-от, кога сфативме дека тоа е веројатно неможно он лагано паметно ми кажа, брат јас ќе си терам лаганица ништо од нашата цел, ќе си поодам, ако сакаш ајде ќе кулираме, што од негова страна беше паметно. Јас па имам некои принципи безвезни и нејќев да одам на маратон, сум пријавил трка, ќе трчам, тоа е, исходот кој ќе биде тој.

Тоа е генерално. Полумаратон 21 е тешка дисциплина која бара спремање, ама 42 стварно бара посвета и нема заебанции, психа попушта тело и остало, така да идеме попаметно сите наредна година да турнеме лични рекорди и да уживаме повеќе. Да не ми беше теретаната прва љубов, полесно ќе идеа тркиве :)

Инаку, не сум проверил, али нема бре логика gun time да се гледа а не chip time. Ме боли стап, јас за мене само chip time пратам, па 3 минути после gun time тргнав :)

И за крај, пакетиве тотална бедотија годинава, во мојот пакет имаше само бројка, безопасни и маицата. Ни магнезиум ни муда. Претходна година имаше две тубички ice power, два магнезиума и една vitargo мислам се викаа елеткролити, една таква ќесичка од 70 грама. За пофалба е маицата која годинава е веројатно најдобра до сега по материјал, бројките погодени, претходна година XL ми стоеше како M, бојата пристојна, запазиле на wizz air ама не е јебено розева ко онојпат. Медалот ми се допаѓа, претходниот правоаголен медал ми беше тапа.
 
Последно уредено:
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Прв полумаратон официјален (истрчав еден на велигден додека се спремав), 2 часа 17мин. (при крајот на моменти одев повремено одприлика 300-400метри се на се)

Се спремав скоро 4 месеци, месец дена пред маратонот ги баталив и цигарите (после 12 години пушење) :aplauz:

PBs
5K 29:13
10K 59:45
Half Marathon 2:15:19

Ако може искрено мислење од поискусните тука, дали е лудо да се спремам за Маратон следната година?
Или можеби е подобро да си трчкам по опуштено (во однос на Маратон тренинг) и да гледам догодина повторно на полумаратон да го подобрам времето?
Уживав во полумаратонот годинава и сакам да истрчам повеќе, но ми изгледа како огромен чекор да не речам застрашувачки :)
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433

Терај полумаратони барем додека спуштиш под два саата у спротивно ќе се влечиш 6 саата на стаза за маратон :D

У Кавадарци имаме на 09.06 ноќен полумаратон еве ти шанса за личен рекорд :D

https://www.facebook.com/events/184316429001433/?ti=cl
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Туку, во државава навистина се зголемил драстично исфрустрираниот народ што нема речиси ништо постигнато во животов. Мислам на овие што дрдаат дека се замарало со маратон на ФБ и на овие со коли во луѓе што влагаа .
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Терај полумаратони барем додека спуштиш под два саата у спротивно ќе се влечиш 6 саата на стаза за маратон :D

У Кавадарци имаме на 09.06 ноќен полумаратон еве ти шанса за личен рекорд :D

https://www.facebook.com/events/184316429001433/?ti=cl
Се пријавив :)
Не видов информации за подигање на бројчето, да не имаш дополнителни информации или каде би можел да прочитам?
Претпоставувам дека ќе има станица за вода, но не видов никаде во описот.

Поздрав и Фала за советот
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
Се пријавив :)
Не видов информации за подигање на бројчето, да не имаш дополнителни информации или каде би можел да прочитам?
Претпоставувам дека ќе има станица за вода, но не видов никаде во описот.

Поздрав и Фала за советот
Ќе има секако вода, банани, лимони. :D

Бројчето на денот на трката ќе го даваме. Ја сум еден од организаторите заедно со уште 10тина од клубот од Кавадарци.
На настанот на фб се објавуваме постепено и за награди и за се
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.964
Прв полумаратон официјален (истрчав еден на велигден додека се спремав), 2 часа 17мин. (при крајот на моменти одев повремено одприлика 300-400метри се на се)

Се спремав скоро 4 месеци, месец дена пред маратонот ги баталив и цигарите (после 12 години пушење) :aplauz:

PBs
5K 29:13
10K 59:45
Half Marathon 2:15:19

Ако може искрено мислење од поискусните тука, дали е лудо да се спремам за Маратон следната година?
Или можеби е подобро да си трчкам по опуштено (во однос на Маратон тренинг) и да гледам догодина повторно на полумаратон да го подобрам времето?
Уживав во полумаратонот годинава и сакам да истрчам повеќе, но ми изгледа како огромен чекор да не речам застрашувачки :)
Не е лудо ич, имаш време повеќе од доволно. Ама зависи што ти е целта, дали сакаш на време да си подобар или не. Јас би испукал уште некој полумаратон на твое место, како Feisty што ти кажа, да спуштиш под 2 саати бар. Али имаш време и тоа да го подобриш и за нареден Скопски да се спремиш за маратон. Едина пречка е канцер воздухот во зимските денови, за асално спремање. Честитки за првиот 21км (y)

Инаку мислам дека ќе трчам во Кавадарци за 21км нареден месец.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
@Anon рече да те поздравиме :D

Неам ништо против Пола. Напротив, си ја пратев на времето.
Имав против спамот од Скопски маратон и префиксот вклучен во секој пост за Пола.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Не е лудо ич, имаш време повеќе од доволно. Ама зависи што ти е целта, дали сакаш на време да си подобар или не. Јас би испукал уште некој полумаратон на твое место, како Feisty што ти кажа, да спуштиш под 2 саати бар. Али имаш време и тоа да го подобриш и за нареден Скопски да се спремиш за маратон. Едина пречка е канцер воздухот во зимските денови, за асално спремање. Честитки за првиот 21км (y)

Инаку мислам дека ќе трчам во Кавадарци за 21км нареден месец.
Фала ви за советите, летово ќе ми биде цел да го подобрам времето за полумаратон да биде близу или под 2 часа, ако успеам ќе се спремам за маратон ако не :) полу.
Се гледаме во Кавадарци (y)
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
https://www.facebook.com/events/166591850563926/?ti=cl
До 13ти е мислам пријавување, кој се осеќа спремен за 21км со 1100метри искачување бујрум :D

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1762471437108691&id=880571818631995
А ги пуштија пријавите и за Крали Марко Треилс во Септември. Годинава нема 110км
Само 16, 34(лани беше 31) и 67(лани беше 65).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom