Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Само за трчање патиките им се намалени или имаат некој попуст на цела роба?
30% цел асортиман, ама има и други работи со големи реални попусти 60% 70% на одредени продукти. Досега сум видел милион фејк попусти, ама за ова бев и видов и кажувам дека се реални попустиве и вреди да се посети. Јас си купив 2 пара патики за трчање :)
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.816
Поени од реакции
10.957

Петок-сабота-недела важи ова попустиве или само за денес беше?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Намалени се постарите Најк модели за трчање за едно 30-50%
Не ми се дава пари за Најк и не ми прават мерак, сакам Brooks да земам.

Нека ги исчистат залихите од пред две години, а на тие продавници што се` уште им се по 100 евра нека им седат во магацин.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
@Forza Milan!!! Па добро попустов е повеќе за некои аматери во трчање што бараат најевтина варијанта да се подноват или пак за некои апла почетници. Реално 2000 е преефтина цена за патика па колку и да е стара, ако на истите не им се трча може да си ја носат за шетање и слично, пак им е исплатливо. А и моделите не се толку стари, само еден модел пред најновиот, односно станува збор за модели кои излегоа кон крајот на 2016 кај нас. Мислам подобро е вака да ги “исчистат“ залихите они и народот за 2к да може да си купи патика за трчање, отколку да ги има од сите патики најнови модели со цени над 100 евра.
П.с. Се е индивидуално верувај, зависи многу од одот, т.е. од начинот на трчање и газењето. Знам луѓе едни Најк им се предобри, друг модел Најк не се многу задоволни (брзо им се истрошуваат, не им е удобно газењето во споредба со некоја хх патика), се е тоа индивидуално. Мене пример Пегасус Најк 33 ми се како во рајот да трчам и после 2000 поминати км, што просто и мене не ми се верува дека гледам максимум до кај 1000км се користела после се деформирала. Патиката кога ја облеков мислев во пена ми е ногата, просто не постои за мене подобро нешто, а пробав после тоа и Асикс трчав и со нив, ама ништо не ми е толку меко и убаво ко што ми беше таа Пегасус.
П.с. 2: Еве и јас што се подновив (Lunarglide 8, Structure 20). Па ако се барем пола удобни од Пегасус 33 на коњ сум (y)

29496087_1369417546537803_7672776959100715008_n.jpg 29497058_1369417493204475_536731544606212096_n.jpg
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Гужви денес упм, паркинг едвај се наоѓаше, а на каса чекав преку 10минути.
Се подновив со Nike Downshifter 6 за 2300 денари, на прв поглед изгледаат комотни, како ќе се покажат со квалитет и при трчање ќе видиме :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нема веза нов/стар модел за трчање, да можам Asics Gel Cumulus 18 уште пет пара ќе купам. Која патика ти легнала, таа, сите се со различно стапало, мада денес генерално гледано нема лоши патики за трчање.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.816
Поени од реакции
10.957
Нема веза нов/стар модел за трчање, да можам Asics Gel Cumulus 18 уште пет пара ќе купам. Која патика ти легнала, таа, сите се со различно стапало, мада денес генерално гледано нема лоши патики за трчање.
Во d-sport ги имаш на 40%, 5300 денари. Мада може поевтино си ги земала и тогаш :) Јас ги меркам GT-2000 на 50% 4300 денари :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во d-sport ги имаш на 40%, 5300 денари. Мада може поевтино си ги земала и тогаш :) Јас ги меркам GT-2000 на 50% 4300 денари :)
Нц, 100€ ги земав од Барселона пред година и нешто а почетна цена им била 140€. Начекав нешто ден на Каталонија блa бла нешто таков празник беше и намалени беа :D
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
Таман колку шо ми беше планот, него муабетот ми е за Nike lunarglide 8 патиките. Катастрофа, уште на загревање осетив нелагодност, ко да ми трпне ногата, па болка од прстите до средината на стапалото.

Цела недела ги трчав, не е тоа дека се нови, али не повеќе од 7-8км и сеа после 17км одвај завршив со темпо 5:50/6;10 едно 10 луѓе ме поминаа последните 2км.

Дефинитивно ако одам у Белград пак со пегасус33 ќе издржат уште 2-3 маратони.

Инаку организираме ноќна трка у Кавадарци(5, 10 и 21км) на 9ти јуни, денес разговаравме со тој шо праи медали и пехари и тој шо мери со чипови од tagtiming. Деновиве ќе се пушти онлајн пријавување на smartrace.club.

Screenshot_2018-03-31-12-11-14-1.png
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Исто и јас истрчав денес Трчаме кон Целта полумаратон, прв за мене во животот. За жал без никакви тренинзи дека пред 2 недели почнав да трчам после 3 месеци пауза, сакав да истрчам под 1:30, ама морав да се задоволам со 1:31:22. Ко за прв полумаратон не е лошо, следниот што ќе го трчам (нема да е Скопски) ќе се спремам подобро, дотогаш ќе си останам на 5ки 10ки и помали должини. :D

И многу е мачно вака кружно да трчаш полумаратони, психата те убива, особено покрај кеј каде што е монотона глетка цело време, со многу малку подржувачи. Чаре му е само ако трчаш со некој, вака ако трчаш сам, ептен мачно да ти било :)

@Feisty жал ми е Lunarglide 8 што не ти се погодиле и јас денес трчав со нив, добри ми беа. За разлика од Structure 20 патиките кои ми прават позади плускавци и многу им е испакнато тоа металното што го имаат позади кај петата некои патики, на двете нозе плускавци... Дефинитивно Пегасус 33 незаменливи ми се
 
Последно уредено:

Здосадува трчање во круг, единствено поради тоа и беше лоша тркана Skopje Run 10km.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Здосадува трчање во круг, единствено поради тоа и беше лоша тркана Skopje Run 10km.
Трчав и на таа, ама ај пак некако дека и 10км а и повеќе учесници, гужва околу тебе ќе се најдеше некој, па не се осеќаше толку досадата. Ама ова 21км ептен психички те пореметува. Е сега има и полошо знам има трки маратон да се трча во парк 40 круга да вртат, е тоа свака им част :D
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Година дена може со мали прекини за одмор, празници и еден оперативен зафат што го имав изминатиот месец си одам на пливање пред работа, што значи не сум улежана до немај каде. Трчав изминатите две недели по 5км да не претерувам и во понеделникот истрчав 15, значи немав никакви маки да ми е тешко, да не можам само овие два дена левото колено ептен ме боли и тоа не цело, мал дел, тука на ивицата. Па прашањето ми е, дали болкава е јавена од преголем замор одеднаш или се имам повредено? Намали денес болката, уште ептен мал дел осеќам дека боли, што ми дава надеж дека претерав :D
 
Можно е да е fatigue што би рекле странциве или вајда на нашки замор. Мислам дека е до тоа и најпаметно нешто е да не трчаш додека не прекине скроз, јас моите помали повреди така ги надминувам, ете може е замор а не повреди не сум сигурен. И најбитно, мачкање со ice power бар три пати на ден, мачкаш со нешто? Ако не мачкаш, трк до аптека земај od ice powerov, до сега поефикасно нешто за зглобови и премор не сум користел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom