Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Монотоно е и јас се согласувам. Во Љубљана низ мали улички проаѓаш и никој ништо не вика, тука се бунат саат и пол Илинденска што е затворена. Почни да пишуваш казни така за секоја будала што ќе исвири или ќе се улета, ем буџетот полн, ем целта кај учесниците исполнета. И тие биле племе на почетокот ама со казни/ќотек, се научиле на однесување.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.432
48 минути
Не брзав, следев пејсерот шо беше на 50 минути при крај забрзав.

Уште Солун ноќен полумаратон во сабота вечер и Љубљана 42км за 3 недели, па пауза до март и маратонот во Барселона(ако нема некои нереди дотогаш :D
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
49:33, со тоа што на последните 500 метри повратив од незнам која причина и сигурно изгубив минута, плус повредено колено :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
49:33, со тоа што на последните 500 метри повратив од незнам која причина и сигурно изгубив минута, плус повредено колено :)
Поради истава причина јас одам пред да пијам вода и потоа неколку метри. Одма ми иде на повраќање ако пијам вода среде трчање. Ти се вратило нешто, може останало несварено од вчера што си јадел, ништо страшно ако е епизодно.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.432
Инаку денес е поставен нов државен рекорд во маратон кај жените
Адријана Поп Арсова истрча 3:07:27 во Загреб

Деби маратон крунисан со државен рекорд, девојкава сите можни трки ги доби годинава од 3000метри до маратон.

Исто и Дарио Ивановски кај мажите
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Поради истава причина јас одам пред да пијам вода и потоа неколку метри. Одма ми иде на повраќање ако пијам вода среде трчање. Ти се вратило нешто, може останало несварено од вчера што си јадел, ништо страшно ако е епизодно.
Мене па престана да ме боли тоа нешто што наликува на сајд стич откако се напив вода, а првпат пијам уз трчање... и кога ќе му кажам на псајсајд дека не е се така лесно со неговите куркуми и врагови, не разбира.
Адријана Поп Арсова истрча 3:07:27 во Загреб
WTF, мислам, не сакам да потценувам, немам ни право пошо сум екстремен нуб у трчање, но најдобрата македонка до сега немала подобро време од 3 саати и 7 минути за маратон?
Jesus...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мене па престана да ме боли тоа нешто што наликува на сајд стич откако се напив вода, а првпат пијам уз трчање... и кога ќе му кажам на псајсајд дека не е се така лесно со неговите куркуми и врагови, не разбира.

WTF, мислам, не сакам да потценувам, немам ни право пошо сум екстремен нуб у трчање, но најдобрата македонка до сега немала подобро време од 3 саати и 7 минути за маратон?
Jesus...
Кај секој е различно, не можеш без впда ама јас ич не можам среде трчање. Па и уз пливање кога ти даваат од кајчето во пластична чашка, увек сум застанувала во вертикална да се напијам и тек после ќе продужам. Другите се вртат грбно, си пијат и после пак на стомак, гајле немаат :D
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Поради истава причина јас одам пред да пијам вода и потоа неколку метри. Одма ми иде на повраќање ако пијам вода среде трчање. Ти се вратило нешто, може останало несварено од вчера што си јадел, ништо страшно ако е епизодно.
Претпоставувам дека е од вода, после пиење ми се деси тоа што се деси
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Инаку денес е поставен нов државен рекорд во маратон кај жените
Адријана Поп Арсова истрча 3:07:27 во Загреб

Деби маратон крунисан со државен рекорд, девојкава сите можни трки ги доби годинава од 3000метри до маратон.

Исто и Дарио Ивановски кај мажите
Дарио мислам дека сака да фати норма за ЛОИ. Весна опаѓа со перформансот или се најде new girl in town?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Почитувам пред се што е на воена академија и е фит, настрана што го сфатил сериозно ова. Исто и TheGeneral од форумов, не е активен сега, Жан се вика, што трча за армијата на тие нивните олимписки игри и има добри резултати.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.432
Мене па престана да ме боли тоа нешто што наликува на сајд стич откако се напив вода, а првпат пијам уз трчање... и кога ќе му кажам на псајсајд дека не е се така лесно со неговите куркуми и врагови, не разбира.

WTF, мислам, не сакам да потценувам, немам ни право пошо сум екстремен нуб у трчање, но најдобрата македонка до сега немала подобро време од 3 саати и 7 минути за маратон?
Jesus...
Назад сме ептен, една србинка шо има коа бев у Крушевац леташе на полумаратон 1:13, скоро маратон истрчала 2:37, a беше и на светско годинава.
Кај нас маж нема истрчано такво време у последниве 15-20 години, од рекордот на Трпе Мартиновски шо е 2;25 мислам

Дарио мислам дека сака да фати норма за ЛОИ. Весна опаѓа со перформансот или се најде new girl in town?
Не трчаше до сеа девојкава маратони инаку ќе ја победеше последниве две години и на Скопски. Помлада е 3-4 години ваљда и напредува у секоја трка.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Тој рекорд на Трпе нема шанси да биде достигнат од сегашниве тркачи на маратони кај нас, нема ни приближно време до тоа. А од младава категорија, секако Дарио има најголеми шанси ако вака продолжи, но тоа за десетина години, сега не му требаат маратони нека се пази од повреди на млади години, не трча ништо над 21км. Значи рекордот останува уште десетина години минимум. Во женска категорија ептен слаба конкуренција има во Македонија, во Белград една србинка имаше 33-34 време, а 6 беа под време од 40 на 10км. Тука мислам барем од сегашниве никоја нема време под 40 на 10км, не знам како е рекордот. Е сега дали има услови атлетиката во Македонија да развива врвни спортисти тоа е веќе друг муабет, знаеме со што располагаме тука на поле услови во атлетика, нема што да се споредуваме со други земји
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Почитувам пред се што е на воена академија и е фит, настрана што го сфатил сериозно ова. Исто и TheGeneral од форумов, не е активен сега, Жан се вика, што трча за армијата на тие нивните олимписки игри и има добри резултати.
Ептен е посветен што е за поштовање, алкохол не пие, контролирана исхрана, тренинг секој ден (140 километри неделно), исто така тренерот му е искусен атлетичар, плус му има обезбедено спонзори со што може да се посвети само на тренинг и да се растерети од други ствари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom