Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.489
Се согласувам, баш поради времето што е секогаш пропратено со сонце во мај, сите што сме на скопскиот по 3-4 км на сликите сме со kill me now лица. И еден комшија па преклани ми вика, ви се погоди временцево, сонце, не многу топло, ми викам комши не многу топло за тебе со кафенцето во рака, во двор, иди лепи јазик на асфалтов да те видам. Поготово па по Иво Лола Рибар, усвитено, блешти, нозете ти се загреани како греалка да си им пуштил...Прво, 10км се п***н дим. Ако трчаш 6, рачунај дека можеш и 16, само имаш некоја психолошка граница и мислиш дека е неможно.
Второ, вакво време, есен, е измислено за трчање. Најавуваат дека ќе залади, ама за мене поладно време е многу подобро. На пример, рекордот на маратонот е поставен во Берлин, затоа што се трча доцна во сезоната (септември, кога е како октомври овде) и е на рамно.
Не дехидрираш заради топлина, не треба да пиеш повеќе од потребно (сеа не баш и воопшто да не пиеш) и сите процеси у организмот ти се понормални. Ветер знае да заебе работа, ама и тоа се надминува со (по потреба) марами, ракавици, капи. Памук е шит, ќе се намокри и после те лади како санта мраз, затоа синтетика носи.
Имаме погрешна предрасуда дека студено време не е добро за активности надвор. Ако се аклиматизираш постепено и облечеш убаво нема проблем никаков. Тоа шо воздухов скопски зимно време е гасовито г***о е друга неповолност.
Забораив, лапни еден магнезиум и витамин Ц (повеќе као плацебо, да си мислиш дека си земал нешто) и истегни се пола саат пред трчање.
Можете сите ајде, не се устручавајте.
П. С. Не се заебавајте со црни маици