Скопски легенди

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
После многу години некој хроничар ќе пишува статии за денешниве спонзоруши и спонзори, метеросексуалци и хомиќи. Ебате времето во кој живееме, барем да го фатев овој нудистичкиов период :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Скопските копиљи и фраери
После „ратот“(демек по скопски),или си копиљ на некој сремски борец
од рововите,и јуришите „ УРААА.....за Тито“- а кој потоа,ако не останал таму за своите идеали,е секако запослен како железничар,чувар или краен домет поштар за фала за партизанот.
Или си фраер,на некој исто така сремски “двогледаш“најчесто полит-ком.(кој знаева и да читаат и да пишуваат во тоа време) или „првоборец“од крајот на рато со партизанска споменица ’41 г.
Ако си од овие првите,имаш среќно детство во своето Маало,во некое приземно куќаре,(како што беа оние тогаш карши државната болница) во тесните калдрмисани скопски улици.
А ако си од оние вторите,имаш повторно некое среќно детство,но во новоизградените „бараки“-вили,над школото „Кочо Рацин“,пред кој имаше и убави дворови,но и стражарски куќарки некаде.
Првине му се радуваа ако го скубнат точакот од партизанот и свртат едно крукче под рам по Савска до црквичето и назад,во едната рака држејќи кришка леб посолена со шеќер и попрскана со вода.
Ако си од вторине,точак и не ти е толку интересно,го имаш уште од мали нозе во широкиот двор во кој место кајсии и сливи има само борови и чудо за тоа време,полн фрижидер во кујна.
Е некој од овие во тоа време имаа и право - правцато точаче,кое кога оди не го вртиш а и многу бучи и се викало мотор.
Таков мал мотор имаше и синот на „ Абаз“ - началник во Удба - Озна.
И секако со него се праел фраер по улиците на Водно.Бил дојден од Београд тогаш со голема коса-шизик-битлс,да се чалами по градов.
Пред државна болница имаше канал -речно корито по целата должина и неколку мостови за влез во болницата.
Неколку деца Маалски копиљи од оние првите,седеле на оградата на мостот и јаделе од кајсиите и праските што ги набрале од бавчите.
Тогаш од озгора ете го синот на Абаз,на моторот со косата која му летала наназад, се пуштал накај град.
Кога проаѓал пред оваа група Маалски копиљи,еден од нив со најмеката и најголема праска замавнал кон моторџијата.Праската се распрскала во косата на синот на Абаз и цела се залепила во неа.
Не разбрав што потоа станало со Маалскиве копиљи-претпоставувам
тешко ним,сигурно се собрани некое утро со старине темни „Марици“
--------------------
инаку јас припаѓам во иние првине,од еден „Сремац“- кој за тоа што бил, добил само неколку бесплатни превози,до некое место за некоја прослава на која држеле говор вторине-па некој морало и да има и за слушање и ракоплескање и веење знамиња.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
СКАНДАЛ ВО СКОПЈЕ - ГОЛИ ЖЕНИ НА МАЛА СТАНИЦА

оној голиот маж,може вода да им носи на овие голи жени
Еден интересен настан во 1943 година
За потребите на железничарите во непосредна близина на малата железничка станица беше лоцирана железничка бања-купатило.
Тоа време и (мое време) немавме домашни купатила,туку јавни бањи.
Во ова купатило освен железничките работници имаа право да се каоат и членовите на нивните семејства,така што жените се капеа претпладне а мажите попладне(после работата).Тој ден веднаш наспроти бањата два колосека еден спроти друг беа заватени со два преполни воза.
Во едниот воз беа германски војници а во другиот италијански војници.Едно време Германците почнаа да ги исмејуваат Италијаните,зошто на својте шапки носеа перја од петел.Притоа Германците беа мошне гласни и заедно со потсмевот гракаа,кукурикаа викајќи:
-„ Кукурику италијано„
Италијанците се вознемирија и почнаа и тие да ги исмеваат Германците
покажувајќи со рацете кон нив и викајќи:
-„ Куро Сталинградо„
Во тоа време Германците беа катастрофално поразени од Руската армија кај Сталинград.
Германските војници неможеа да прејдат преку тоа исмејување од жабарите како што ги викаа Италијанците. Гордите Германци излегоа од возот,но се симнаа и Италијамците,и почна голема тепачка.Се разви вистинска борба.Летаа шлемови и палта на сите страни.Офицерите од едната и другата страна направија обид да ги разделат двете завојувани страни но без резултат.Во моментот кога борбата навлезе во жестоки пресметки,дваесетина ГОЛИ ЖЕНИ излетаа од купатилото како катапулти и бегаа право кон завојуваните сојузници.И дури се измешаа помеѓу нив.Борбата наеднаш престана. Настана општа смеа. Волниците почнаа да трчаат кон уплашените потполно ГОЛИ ЖЕНИ.Тие се разбегаа на сите страни покривајќи се со што ќе најдат.Но сите не успеава да избегаат,некој беа фатени. Жените кој се бањаа ги фатило паника,кога најверојатно во купатилото пукнала некоја цевка и се створило многу пареа,а некоја пак викнала „ пожар,бегајте„,Така секоја од нив гледала само глава да спаси,но некоја и завршила во вагоните за детален преглед.
Воено време што да се прави процедурите мора да се почитуваат.
Така завршила оваа борба помеѓу војниците од двете сојузнички армии кој никако не се поднесуваа а заедно војуваа.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Како е донесен првиот трамвај во Скопје

Пишува Данило Коцевски -
Првиот трамвај во Скопје го донеле браќата Шабан-паша, познати донатори и едни од најбогатите луѓе во градот од втората половина на 19 и почетокот на 20 век. Иако досега се мислеше дека првиот трамвај бил донесен на почетокот од минатиот век, сепак, тој датум треба да се помести многу поназад. Според некои нови сознанија, првиот трамвај функционирал во градот уште во далечната 1884 година, со што Скопје се вбројува во светските градови кои многу рано го користеле трамвајот како јавен превоз. Ако се има предвид дека во Виена првиот трамвај влечен од коњи и со шпедитерски тркала бил воведен во 1864 год., тогаш станува јасно дека Скопје не заостанувало многу зад познатите градови.
Кои биле браќата Шабан-паша и како се случило тие да го донесат првиот трамвај во Скопје? Во записите се споменуваат неколкумина од браќата, и тоа: Шабан-паша, Реџеп Емин, Осман Емин, Сулејман Емин и Беќир Емин. Во тие записи се вели дека "првиот трамвај кој ги возел скопјани, уште во 1884 год., од Виена го набавил некогашниот скопски богаташ Реџеп Емин". Најстариот од нив, Шабан-паша, бил глава на фамилијата. Браќата се занимавале со мелничка индустрија, најпрвин имале воденица на просторот под Калето, кај денешна Електродистрибуција и спортскиот центар "Кале", а потоа поседувале и модерна мелница. Тука течел еден крак од реката Вардар и познатиот јаз. Браќата никогаш не го делеле меѓусебно имотот и секогаш работеле сложно како една задруга. Кога некој ќе починел, другите го продолжувале бизнисот со своите деца.
Еве ги и околностите за тоа како дошло до купување на трамвајот од Виена. Едниот од браќата, Сулејман, тешко се разболел и неговиот брат Реџеп Емин го одвел во Виена, на лекување. Таму го виделе трамвајот и Реџеп решил да го купи. Од една страна, да даде придонес за својот град, а, од друга страна, тоа била последна желба на неговиот брат, кој боледувал од неизлечива болест. Кога се појавил на улиците на Скопје, трамвајот предизвикал сензација. Еве дел од сеќавањата за тој трамвај: "Во годината 1884, на самиот ден Бајрам, Реџеп-паша го пушти во промет својот трамвај, и само за три дена заработи огромни пари. Народот како луд трчаше да се вози со трамвајот. Коњот мораше да се менува два пати дневно, бидејќи побарувачката беше голема". Но наскоро проработеле зависта и љубомората. Тогашниот претседател на Скопската општина, Решад-бег, посакал самиот тој и Општината да имаат трамвај. Сопственикот Реџеп-паша се налутил, го отпрегнал коњот и го ставил трамвајот во депото кај воденицата покрај Вардар, под Калето.
До пред војната од 1912 година, во Скопје имало повеќе трамваи во сопственост на општината. Тие, исто така, се движеле со помош на коњи, но оделе по шини. Релацијата била од Камениот мост (Таш ќуприја) до Ислахане (Идадија). Скопјани го обожувале трамвајот, им било пријатно да се возат со него. Вагонетките биле во различни бои, а внатрешноста обложена со црвен плиш. Се случувале интересни, па дури и комични ситуации. Управувачот на трамвајот или кондуктерот седел напред на платформата и често си правел муабет со минувачите што ги познавал. Запирал каде што ќе посака за да запали цигара, бидејќи немало класични постојки. А кога ќе се изморел коњот, легнувал среде патот да се одмори. Ако трамвајот бил излезен од шините, сите помагале да го вратат на колосекот. Едно време, скопјани толку многу аздисале, што побарале од општината да се отвори бифе во трамвајот за да можат да се напијат кафе или некој друг пијалак. Општината не им ја исполнила желбата.
Во 1912 год., одборниците од Скопската општина одржале таен состанок. Решиле да се укине трамвајот, бидејќи не бил модерен. Во Виена, веќе во 1903 год., биле воведени трамваи на електричен погон. Одлуката била спроведена, иако многумина подоцна зажалиле за тоа. Сепак, биле неопходни новини во сообраќајот. Се чини дека дел од старите вагонетки биле употребувани подоцна за превоз на службениците до каменоломот во Кисела Вода. Интересен е податокот дека првиот купен скопски трамвај долго време постоел во депото под Калето. Чуварот на мелницата го претворил во куќичка и го опремил со мебел. Во периодот меѓу двете војни, сe уште биле живи некои од браќата, Осман Емин и Беќир Емин, кој имал висока функција, бил бански пратеник. Шабан-паша починал во 1914 год., а неговиот син Мухамед Шабан- паша повремено се јавувал во печатот за да го одбрани споменот за него и за првиот трамвај. Ете, поминаа точно сто години откако е укинат трамвајот, а Скопје сe уште чека да биде воведен овој тип модерен превоз.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Му свириме во кафуле за да фати женска

Пишува Данило Коцевски
- Ванчо и Боби се веќе легенди на скопските улични свирки. Минувачите го потпевнуваат нивниот репертоар, некои изведби на стари хитови веќе ги довеле до совршенство. Тие музицираат на почетокот од ГТЦ, пред влезот на "Соравија" и се вклопуваат во новата слика на Скопје, на кое посебен шарм му даваат уличните музиканти. "Ние не свириме што било", горделиво велат Боби и Ванчо, "имаме точно одреден и богат репертоар. Тој репертоар обожавателите особено го сакаат. Застануваат, разгалени од музиката, слушаат и оставаат по некој денар".
Некогаш, главните свирки доаѓаа од скопските маала. Гитарата беше сe. Доволно беше во запурничавите летни ноќи да се земе гитарата в раце и веднаш да се собере весело друштво млади. Гитарата беше клучот за дружење, за додворување и за кршење женски срца. А тогаш, пред и по скопскиот земјотрес, главен фраер беше Тули, чиј имиџ на миленик на девојките беше заслужен: висок, згоден, со одличен глас, виртуоз на гитара. Па уште кога ќе запееше заедно со Мариче, тогашна скопска убавица, доживувањето беше комплетно. Тули во 1966 год. замина за Америка. Во раните шеесетти години, цело Скопје ја пееше песната "Дуби ду". Ја изведуваше квартетот во состав: Славе Попот, Тули, Круме Слепиот, еден од најдобрите тогашни вокали, и Ратко Исајловски, маџирмаалец кој живееше во куќата над слаткарницата "Пилот". Денес, со Славе Попот, кој важи за еден од најпознатите телевизиски монтажери, заедно ја потпевнуваме "Дуби ду": "Ти единствена си што залудуваш, наутро и навечер". Квартетот, пред земјотресот, одржуваше проби во просториите на "Пралипе", зад денешната зграда на Ибни-Пајко. Постоеја и игроорни, но и драмски секции во кои учествувавме, сметајќи дека веќе сме на прагот на славата на Џејмс Дин.
Низ уличките на тогашните скопски маала или на плажите одекнуваа гитарите на Симе, Ламбе, на Пере, на Лаки, братот на популарната пејачка Даниела Панчетовиќ, која во седумдесеттите години настапуваше во Офицерската бавча, во близината на денешното Летно кино во паркот. Се свиреше, главно, на журови или на игранки во населбата Пролет, во Мичурин или во Дебар маало. Тогаш, низ скопските улици, особено во центарот на градот, не беа дозволени јавни свирки и настапи на музичари. Стариот режим не го дозволуваше тоа или, едноставно, немаше традиција, иако на Запад таа практика одамна беше востановена.
Денес, уличните свирачи можат да се слушнат насекаде низ центарот на градот, и сите ќе ви се пофалат дека имаат лиценци за такви настапи. И тоа е добро. Меѓу нив има и врвни музичари. Ги има на улицата Македонија, во Градскиот трговски центар, на Плоштадот, кај поранешната Стоковна куќа или на кејот. Пред повеќе години, први мразот го пробија некои латиноамерикански етносостави, потоа пред Стоковната куќа шармантно настапуваа старите скопски рокери, а денес се изведува и класична музика. Маестрална изведба на класична музика, која привлекува многу љубопитни, можете да слушнете од составот "Форс стрингс" во ГТЦ или на Плоштадот, пред ресторанот "Пелистер".
На пеколна горештина од над 40 степени, деновиве го чекав, во Трговскиот центар, најпопуларното дуо музичари, Ванчо и Боби, на муабет. Боби, кој е веќе скопска легенда за овој вид музицирање, ми рече: "Денес сме во големо брзање. Имаме закажано свирка точно напладне. Му свириме на еден тип во едно кафуле за да фати женска. Имаме и такви интересни случаи". "Каков тип, какво кафуле?", го прашав. "Знаеш", одговара Боби, "типот долго време ја бркал женската и никако да ја фати. Ќе направи ѓезме, и со помош на нашата сентиш музика, смета дека таа, конечно, ќе падне, ќе ја освои. Мудар е фраерот, знае што прави". Сето ова ми наликува на некои романтични сцени од американските филмови, само овој пат на наш, скопски начин. Свират евергрини, музика од "Битлси", бивши ју-хитови, македонски рок. Само одбран репертоар. Го фалат уличното музицирање кај нас, но сметаат дека тоа сe уште е во зародиш. Во центарот на градот можат да се слушнат и изведбите на Миодраг Станојковиќ-Сашо, Агуш, Радослав и други, кои имаат големо претходно искуство во музицирањето, како соло-изведувачи или како членови на поголеми бендови.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
На Плоштадот имало воденица
Пишува Данило Коцевски
- Не, не станува збор за воденица како вариете или кабаре во стилот на "Мулен руж" во Париз. Не станува збор за забава туку за вистинска воденица која постоела на скопскиот Плоштад, сe до првите децении на дваесеттиот век. Постојат записи кои зборуваат за тоа на кое место таа точно се наоѓала и кому му припаѓала. Кога може Париз, зошто да не може и Скопје, кое изобилувало со воденици. Впрочем, и париското вариете е направено за да потсетува на рустикалноста на тој дел од Париз, во подножјето на Монмартр. Штета е што нашата воденица е урната, и не послужила за уметнички цели.

Но, ќе се запрашате, како е возможно такво чудо среде Скопје, како е возможно таму да постоела воденица, кога тука нема вода ниту можност да функционира еден таков објект? Не бидете многу сигурни дека такво нешто не е можно. Можно е. Да тргнеме по ред. Функционирањето на воденицата било условено и доаѓало од многу далеку. Дури од Ѓорче Петров. Ќе речете, што има врска Ѓорче Петров со центарот на Скопје и, уште повеќе, со работењето на една воденица? Сепак, постои врска, и тоа многу значајна. Според записите, Скопје некогаш било испресечено со многу јазови кои изобилувале со вода. Некои од нив служеле и за капење и разладување во летниот период. Имало најмалку четири такви јазови или канали. Ако денес запрашате некои од постарите маџирмаалци или новомаалци, тие многу добро се сеќаваат на еден од тие јазови, кој поминувал низ овој дел на Скопје и се влевал во Вардар. Другиот јаз кој поминувал низ центарот на градот и кој со неговата водна сила овозможувал да работи воденицата за која зборуваме, доаѓал од Ѓорче Петров. Неговата патека била многу интересна, и добро е да се опише, со оглед на тогашната и сегашната конфигурација на градот.
Според сеќавањата, но и писмените записи, тој јаз бил многу длабок. Доаѓајќи од Ѓорче Петров, минувал низ Тафталиџе, од десната страна на железничката пруга. Кај фабриката "Треска", јазот преминувал од левата страна на пругата, и излегувал на улицата Орце Николов, зад Пионерскиот дом "Карпош", во правец на Арапска куќа. Оттука, минувал точно низ центарот на градот, кај некогашното кино "Младина", односно на почетокот на денешната улица Орце Николов, на Плоштадот. Од воденицата продолжувал кон улицата Илинденска, која тогаш започнувала многу подолу отколку денес, и се влевал во Вардар кај Камениот мост. Подоцна, по војната, во тој дел од центарот на градот се одвиваа главните настани. Тука беа кината "Младина" и Куклениот театар, во кој имаше и кинопроекции, потоа Природонаучниот музеј, палатата "Мацура", дуќаните на мајстор Панта и Кенан, скопското корзо. Воденицата најпрвин му припаѓала на богатиот Гали-бег, кој имал многу имоти, меѓу кои и оние со харемот во Тафталиџе. Се раскажува дека Гали-бег животот го загубил при едно патување на Егејското Море, доживувајќи бродолом. Потоа воденицата ја наследил Емин-бег. Тој бил нејзин последен сопственик. Интересно е да се посочи дека познати воденици во Скопје биле и оние на Јусуф Морина во Градскиот парк, кај денешно "Езерце" и терените за тенис, и на Шабан-паша браќата, кај денешна Електродистрибуција, под Калето. Но воденици, најмалку четири, имало на реката Вардар во самиот град, и тоа во близината на денешниот Кеј. Тие работеле сe до 1896 година, кога биле урнати, а тогаш е изграден и Кејот, онаков каков што го познаваме денес. Куриозитетни се и малите воденици на Скопска Црна Гора, кои биле во цела низа, една под друга, и имале долга традиција на тој простор. Токму поради таа традиција, во седумдесеттите години особено беше популарен и посетуван мотелот -кафеана "Четири воденици". Не треба да се заборави дека воденици имало и на реката Лепенец. И таму постоеле канали кои се изделувале од реката, и течеле кон Топаана и кон градот. Тие канали се спомнуваат дури и во записите од војните на Пиколомини со Турците, околу реката Лепенец, потоа Визбегово и познатиот скопски Аквадукт.
Подоцна водениците биле претворани во современи мелници. Некои мелници биле нови, некои изградени врз темелите на старите воденици. Таква мелница била и на Беќир Емин, под Калето, кај поранешното сајмиште. Тој бил еден од членовите на семејството на Шабан-паша браќата. Тука некогаш течел голем јаз. Еве како изгледала атмосферата во скопска воденица - мелница, според еден запис направен во периодот меѓу двете војни: "Машинеријата во големата воденица која ја движи водата од Вардар силно клопотари, и гласот на стариот Беќир речиси се губи во бучавата. Во воденицата има нови и модерни постројки. Неколку десетици луѓе, побелени од брашното и занесени во работата, не нe забележаа кога влеговме. Г. Емин ни објаснува: 'Од ова брашно се прават мекици, од ова се подготвуваат разни видови леб, а ова е гриз'. Еден работник бара лепило за да ја залепи етикетата на вреќата полна со свежо брашно".
Ете, тоа беше приказната за водениците, дури и во центарот на градот, кои будат романтични чувства, но кои биле и основна животна потреба.
 
А

Антоние

Гостин
Види бе Анчо, не се дружел он со аги и бегои, али не се само архиви бе брат. Не е Данило Коцевски паднат од Марс. Еве ти пример од моја фамилија. Прабабами беше стара скопјанка, родена у Чаир. Она ги памтеше Турците како бегале 1912 од Скопје, била мала али ни распрааше како било. После двата мужа у ратои и погинале, чудо мука видела. Нејзината ќерка, баба ми, беше стара скопјанка. Исто и татко ми, а еве сеа и ја и моиве деца. Пет генерации скопјани друже. Се збрала историја и мемории.

У мојава фамилија има бајаги причи за Скопје -- и од турско, и од српско, и од бугарско, и за ДФРЈ, ФРНЈ, ИБ, Голи Отоци, па СФРЈ. Ова не се причи од архиви брат -- од луѓе у фамилија ми се. Башка има фотографии, разгледници, документи, тапии, весници, а се нашол и понекој предмет сачуван и ВХС лента.

Првите сеќавања за Скопје ми се со чичко ми и тетка ми коа искачаа на корзо, нивните журки, првите Циндапи и Че Зе, кожните јакни моторџиски. Тоа беше ја коа бев копиљ и коа се криев позад врата да ги шпиунирам. Па онда музиката на „Бис-Без“ и „Безимени“, „Република 1903“. После дојдоа игранките по гимназии а ја коа почнав у гимназија, „Леб и Сол“ свиреа у „Јосип Броз“ (у гости) и „Георги Димитров“ (на нивен терен у Тафталиџе). На гимназијата „Јосип Броз“ имаше графит со мрсна фарба: „Секоја недела Леб и Сол“. Немаше билборди, па мораше народ да се снаваѓа.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
до коа ќе ги мерите?
барем пишувајте долги, асални и интересни постови, како што впрочем знаете да пишувате.
остајте слики за нубовите ко мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom