Скопски копиљи и фраери

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
или мојте доживувања од детството...После ратот(демек по скопски) или си копиљ на
некој сремски борец од рововите, и јуришите „ УРААА…..за Тито“- а кој потоа, ако не останал таму за своите идеали, е секако запослен како железничар, чувар или краен домет поштар за фала за партизанот.

Или си фраер, на некој исто така сремски “двогледаш“ најчесто полит-ком.или командир, (кој знаева и да читаат и да пишуваат во тоа време) или „првоборец“ од крајот на рато со партизанска споменица ’41 г.

Ако си од овие првите, имаш среќно детство во своето Маало, во некое приземно куќаре, (како што беа оние тогаш карши државната болница) во тесните калдрмисани скопски улици. Тоа сеќно детство подразбираше фаќање топки позади гол кога играат оние скопски фраери, или купување цигари исто така на нив,и тоа на парче, и пред да ги земеш парите сам си ја местиш-наведнуваш главата пред дотичниот кој ти удара една чвргамза потоа да се чешаш на тоа место три дена,а исто те чекла и кога ќе му ги донесеш цигарите за Фала се разбира, и она најважното кога играат Фанта тие фраери на сред мало,од сите четири страни има од оние како мене скопски копиљи кој чуваат стража и се знае а приметиш на видик Марица или макар фичо плаве боје веднаш свирнуваш со свирчето од вардарови врби.

А ако си од оние вторите, имаш повторно некое среќно детство, но во новоизградените „бараки“-вили, над школото „Кочо Рацин“, пред кој имаше и убави дворови, но и стражарски куќарки некаде.

Првине му се радуваа ако го скубнат точакот од партизанот и свртат едно крукче под рам по Савска до црквичето и назад, во едната рака држејќи кришка леб посолена со шеќер и попрскана со вода.

Ако си од вторине, точак и не ти е толку интересно, го имаш уште од мали нозе во широкиот двор во кој место кајсии и сливи има само борови и чудо за тоа време, полн фрижидер во кујна.

Е некој од овие во тоа време имаа и право – правцато точаче, кое кога оди не го вртиш а и многу бучи и се викало мотор.

Таков мал мотор имаше и синот на „ Абаз“ – началник во Удба – Озна.

И секако со него се праел фраер по улиците на Водно. Бил дојден од Београд тогаш со голема коса-шизик-битлс, да се чалами по градов.

Пред државна болница имаше канал – речно корито по целата должина и неколку мостови за влез во болницата.

Неколку деца Маалски копиљи од оние првите, седеле на оградата на мостот и јаделе од кајсиите и праските што ги набрале од бавчите.

Тогаш од озгора ете го синот на Абаз, на моторот со косата која му летала наназад, се пуштал накај град.

Кога проаѓал пред оваа група Маалски копиљи, еден од нив со најмеката и најголема праска замавнал кон моторџијата. Праската се распрскала во косата на синот на Абаз и цела се залепила во неа.

Не разбрав што потоа станало со Маалскиве копиљи – претпоставувам тешко ним, сигурно се собрани некое утро со старине темни „Марици“.

——————–

Инаку јас припаѓам во иние првине, од еден „Сремац“- кој за тоа што бил, добил само неколку бесплатни превози до некое место за некоја прослава на која држеле говор вторине – па некој морало и да има и за слушање и ракоплескање и веење знамиња.

( за жал со ова пишуване значи жив сум што нема да им се допадне на некој млади господини -членови овде, многу пообразовани од мене)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Сигурен си дека си син, а не татко на "сремац"?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom